Download PDFdownload

РАСПРАВА ЗА ВИСТИНСКАТА ПОБОЖНОСТ КОН ПРЕСВЕТАТА ДЕВИЦА МАРИЈА

 

 

 

Воведен збор

 

            Уште во времето кога ја вршеше кар-диналската должност во Полска, при една посета на светилиштето Јасна Гора во 1968 година, Папата Јован Павле II, им го дове-ри, на една група верници, следново: „Од таа книга (Расправата) научив што значи вистинската побожност кон Мајката Божја“.

            „Расправата“ е најважното дело на св. Људевит Грињон Монтфортски, напишано 1712 година. Како што вели самиот: „Го зе-дов перото в раце за да  го ставам на хар-тија тоа што со успех го поучував јавно и приватно во своите мисии во текот на многу години“ (ПП 110).

            Според пророчките зборови на самиот светец, ракописот беше сокриен поради француската револуција „во темнината на еден ковчег“ (ПП 114), и потоа заборавен и повторно откриен 1842 г.; а првото издание излезе 1843 година. Оттогаш стана еден од класиците на маријанската духовност, кој-што доживеа повеќе од тристотини издани-ја, на триесеттина јазици.

            Првиот хрватски превод го уреди над-бискупот д-р Јосиф Штадлер 1894 година. Во воведот надбискупот вели: „Читај ги често овие вистини, особено на празници-те на Марија, и немој да мислиш дека ќе ти станат здодевни. Верувај ми, дека што повеќе ќе ги читаш, ќе ти постанат по-драги. Нема лесно да ја оставиш од раце оваа мала книшка“.

            Најновото хрватско издание на „Рас-правата“ излезе по повод на 300 годишни-ната од основањето на заедницата на Миси-онерите Монфортанци (1705-2005) и по по-вод на одбележувањето на 30 години од нивното присуство во Хрватска.

            Овој прв превод на „Расправата“ од Монтфорт, на македонски јазик е плод на екуменската соработка помеѓу Католичката Црква во Хрватска и нашата Црква, духов-но пријателство и соработка кои траат по-веќе децении.

            Eкуменизмот (од грчкиот збор икуме-не, што значи обработена земја, свет, все-лена), е духовно движење во поновата исто-рија на Црквата, кое се стреми кон разбира-ње, љубов и зближување на разделените браќа-христијани. Тоа е порив на Светиот Дух кој сака да го обнови и да го зајакне из-ворниот лик на Црквата. Добрите плодови на екуменизмот се забележуваат денес во подобрените односи помеѓу црквите. Посе-бно тоа се забележува на релацијата помеѓу Католичката и Православната Црква. По илјада години, овие две половини на Хри-стовата Црква кои што се изградени на апо-столските темели, се препознаваат една со друга како две гранки на исто стебло, пре-красно расцутени со различни цветови.

            При преведувањето се трудевме да не се оддалечиме од изворниот израз на авто-рот кој го карактеризира барокниот стил типичен за неговото време, којшто може да изгледа малку необичен за нашето денешно разбирање и изразување. Притоа, нашата главна цел беше верно да ја пренесеме сил-ната светлина и величина кои Монфорт ни ги открива во прекрасниот лик на Пресвета-та Девица Марија, Мајката на нашиот Го-спод Исус Христос, и нејзината улога во де-лото на спасението.

            Овој превод на „Расправата“ нека би-де мал обид да се засади едно младо духов-но стебленце на екуменизмот во нашата средина. Да $ ја довериме грижата за него-виот живот и раст на најдобарата, најсовр-шената и најмоќната Мајка – Пресветата Девица, нашата посредничка и дарителка на сите Божји добрини и дарови. Се молиме и се надеваме дека оваа мала, но прекрасна, книга ќе донесе многу топлина, радост и надеж во срцата на нашите верници.

            Им благодариме на сите оние кои по-могнаа во подготовката на овој превод, а посебно на о. Стефан Кушан и о. Јосиф Опат, католички свештеници од Охрид.

Преведувачот

 

Чистата Божја љубов нека владее во нашите срца“   (Монтфорт)

 

 

Вовед

 

Марија во Божјиот план на спасението и во животот на Црквата

 

Побожноста кон Марија е потребна

 

1. Исус Христос дојде во светов преку Пре-светата Девица; исто така, преку Неа треба и да царува во светот.

2. Марија живееше  сосема скромен живот; затоа Светиот Дух и Црквата ја нарекуваат Алма Матер – Мајка скромна и таинстве-на Нејзината понизност беше толку длабо-ка, што ништо на земјата не ја привлекува-ше посилно и потрајно, од тоа да се скрие од самата себе и од секое создание, и  да му биде позната само на Бога.

3. Бог ги слушаше нејзините молитви со кои го молеше да ја сокрие, осиромаши и смири, и Тој со задоволство ја сокри од по-гледот на скоро секое човечко створение во нејзиното зачнување, во нeјзиниот живот, во нејзините тајни, во нејзиното воскресе-ние и вознесение. Дури ни нејзините роди-тели не ја познаваа; и ангелите често се прашуваа меѓу себе: Која е таа? Зашто Се-вишниот ја криеше; или ако им откриеше некоја нејзина одлика, сепак неизмерно по-веќе од тоа им криеше.

4. Бог-Отецот не сакаше Таа да направи какво било чудо во текот на својот живот, барем не такво кое би го восхитило светот, иако $ имаше дадено моќ да прави чудеса. Бог-Синот сакаше Таа скоро дури и да не ја

отвори својата уста, иако веќе $ ја имаше соопштено својата мудрост. Светиот Дух сакаше неговите апостоли и евангелисти да кажат за неа сосема малку, и тоа само толку колку што беше потребно за запознавањето на Исуса Христа, иако Таа беше негова вер-на свршеница.

5. Марија е прекрасно ремек-дело на Се-вишниот, којшто за себе го задржа знаење-то за неа и сопственоста врз неа. Марија е прекрасна Мајка на Синот, којшто добро-волно ја смири и ја сокри во нејзиниот жи-вот, да одговара на нејзината смиреност, давајќи $ го називот жена (Јн. 2,4; 19,26) како на некоја туѓинка, иако во своето срце ја ценеше и љубеше повеќе од сите ангели и луѓе. Марија е верна Свршеница на Све-тиот Дух и запечатен извор (спор. Песн. 4,12) каде што може да влезе само тој. Ма-рија е светилиште и почивалиште на Пре-светото Тројство каде што Бог се наоѓа на попрекрасен и побожествен начин, отколку на кое било друго место во вселената, без исклучување на неговото живеалиште над херувимите и серафимите; ниту пак му е дозволено на некое створение колку и да е чисто, да влезе таму без голема привиле-гија.

6. Изјавувам со светците божествената Ма-рија е земниот рај на новиот Адам, кај што Тој се овоплоти преку Светиот Дух, за тука да направи нечуени чудеса. Таа е великиот и прекрасен Божји свет кај што има неис-кажливи убавини и богатства. Таа е Вели-чество на Севишниот кај што Тој го сокри, како во свое крило, својот единороден Син и со него сè што има најодлично и најдра-гоцено. О! О! Колку ли овој семоќен Бог направи велики и таинствени работи во ова прекрасно створение, така што и Таа сама-та, во својата длабока смиреност, беше при-нудена да изјави: Сесилниот ми направи го-леми дела (Лк. 1,49).

7. Светците искажаа чудесни работи за овој свет Божји град; никогаш не беа поречити и позадоволни, како што самите признаваат, отколку кога зборуваа за Марија. Сè уште воскликнуваат дека не може со поглед да се дофати височината на нејзините заслуги кои Таа ги воздигна сè до божествениот престол, дека не може да се измери широ-чината на нејзината љубов која Таа ја рас-пространи подалеку од земјата; дека не мо-же да се замисли величината на нејзината моќ, која ја има дури и над Бога; и најпо-сле, дека не може да се достигне дното на длабочината на нејзината смиреност и сите нејзини добродетели и заслуги, на таа ви-стинска бездна. О несфатлива височино! О неискажлива широчино! О неизмерна вели-чино! О недостижна бездно!

8. Секој ден, од едниот до другиот крај на земјата, во највисоката височина на небеса-та, во најдлабоката длабочина на бездната, сè ја навестува, сè ја објавува прекрасната Марија. Деветте ангелски хорови, луѓето од секој пол, возраст, позиција, вера, добрите и лошите, дури и самите ѓаволи, секој, мора доброволно или присилно, да ја признае ви-стината и да ја нарече Блажена.

            Сите ангели на небото, според зборо-вите на св. Бонавентура, постојано $ вос-кликнуваат: „Света, света, света Маријо, Богородице и Девицо“, упатувајќи $ го се-кој ден милиони и милиони пати ангелски-от поздрав: Здраво Маријо, паѓајќи пред неа и молејќи од неа милост, да ги почести со некоја своја заповед. Самиот св. Михаил, како што вели св. Августин – иако главен на сиот небески двор, најревносно $ укажу-ва секоја чест и на тоа ги поттикнува и дру-гите, секогаш подготвено очекувајќи ја таа чест на нејзин знак да направи некоја услу-га на некој од нејзините слуги.

9. Полна е сета земја со нејзината слава, (спор. Ис. 6,3) особено меѓу христијаните, кај што многу царства, покраини, бискупии и градови ја земаат за своја покровителка и заштитничка. Многу катедрали со нејзино-то име му се посветени на Бога. Нема црква која нема олтар во нејзина чест; нема пре-дел ни покраина во кои нема некоја од неј-зините чудотворни слики пред кои луѓето оздравуваат од сите видови зло и добиваат секакво добро. А колку братства и конгре-гации се востановени во нејзина чест! Кол-ку ли има редови под нејзиното име и неј-зината заштита! Колку ли собраќа и сестри има во многуте братства, колку монаси и монахињи во многуте редови кои ја објаву-ваат нејзината пофалба и го навестуваат нејзиното милосрдие! Нема ни едно дете кое не ја фали поздравувајќи ја: Здраво Ма-ријо; нема воопшто грешник којшто, колку било да стврднал, нема во себе си некоја искра на верба во Неа; дури нема ни ѓавол во пеколот којшто со страв не ја почитува.

 

Марија сè уште не е доволно позната

 

10. Затоа навистина треба да речеме со светците; За Марија никогаш не е доста. Марија сè уште не е доволно фалена, возви-шувана, честена, љубена и служена. Таа за-служува многу повеќе да ја фалиме, почи-туваме, љубиме и да $ служиме.

11. Затоа треба со Светиот Дух да речеме: Сета слава на Царевата ќерка е однатре: како сета надворешна слава, која натпрева-рувајќи се $ ја искажуваат Небото и земја-та, да е ништо спрема онаа слава која Го-спод $ ја доделува во нејзината внатреш-ност, а која ситните створенија не ја позна-ваат, зашто не можат да проникнат во тај-ната над тајните на Царот.

12. Затоа треба да воскликнеме со Апосто-лот: Окото не ги видело, увото не ги чуло, човечкото срце не ги почувствувало (1 Кор. 2,9) убавините, величините и одликите на Марија, на тоа чудо во редот на милоста, карактерот и славата. Ако сакате да ја сфа-тите Мајката, вели некој светец, сфатете го Синот, зашто Таа е достојна Мајка Божја; овде нека замолкне секој јазик.

13. Моето срце ми го диктираше сето ова, еве, го напишав, со посебна радост, да по-кажам како божествената Марија беше не-позната до сега, и како тоа е една од причините зашто Исус Христос не е познат онака како што би требало. Значи, ако по-знавањето на Исуса Христа и неговото цар-ство има време на светот, а сигурно има, тоа сигурно ќе се случи како нужна после-дица на познавањето и царувањето на Пре-светата Дева Марија, која првпат го донесе на светот Исуса Христа и преку која Тој и вторпат ќе се прослави.

 

Прв дел

 

 

МАРИЈА ВО ИСТОРИЈАТА НА СПАСЕНИЕТО

 

 18 празна

 Глава I

 

БОГ САКАШЕ СВОИТЕ НАЈГОЛЕМИ ДЕЛА ДА ГИ ЗАПОЧНЕ И ДА ГИ ДОВРШИ ПРЕКУ ПРЕСВЕТАТА ДЕВИЦА

 

14. Признавам, со сета Црква, дека Марија е обично создание, кое произлезе од раката на Севишниот и во споредба со неговото неизмерно Величество, таа е помала од ато-мите; или, подобро, Таа не е ништо, зашто Тој самиот е Оној којшто е (Исх. 3,14); следствено на тоа, овој велик Господ, секо-гаш независен и достатен самиот на себе си, воопшто немаше ни најмала потреба од Пресветата Дева, ниту има потреба, за да може да ја извршува својата волја и да ја посведочува својата слава. Нему му е доста да посака, и сè ќе биде.

15. Меѓутоа, го велам и ова: земајќи пред-вид како стојат работите, откако Бог ја соз-даде Пресветата Девица, Тој преку неа са-каше да ги започне и да ги доврши своите најголеми дела, па можеме слободно да ве-руваме дека Тој нема да ја промени својата постапка низ сите векови, зашто Тој е Бог, и ни најмалку не ги менува своите мисли ниту своето однесување (спор. Евр. 1,12).

 

Марија во тајната на Овоплотувањето на Исуса Христа

 

16. Бог-Отецот го даде својот Единец само преку Марија. И покрај сите воздишки на патријарсите, и покрај сите молитви на про-роците и светците на Стариот завет, во те-кот на четири илјади години, да го добијат тоа богатство, единствено Марија го заслу-жи и најде милост пред Бога со своите го-решти молитви и високи добродетели. Би-дејќи светот беше недостоен, вели св. Авгу-стин, да го прими Синот Божји директно од рацете на Отецот, Тој $ го даде на Мари-ја, за светот да го прими од неа. Синот Бож-ји се овоплоти за нашето спасение, но во Марија и преку Марија. Бог-Светиот Дух го обликува Исуса Христа, но дури откако ја побара нејзината согласност преку еден од своите први службеници на својот двор.

 

Во тајните на Откупувањето

 

17. Бог-Отецот $ ја додели на Марија своја-та плодност, колку што самото создание бе-ше способно за тоа, давајќи $ моќ да го ро-ди Неговиот Син и сите делови на неговото таинствено Тело.

18. Бог-Синот слезе во нејзиното девичко крило, како нов Адам во својот земен рај, тука да се насладува и таинствено да ги из-ведува чудесата на милоста. Бог којшто по-стана човек, го сметаше за своја слобода своето затворање во крилото на Марија; својата сила ја покажа кога дозволи да го носи оваа девојка. Сметаше дека е негова слава и слава на Отецот да го сокрие својот сјај на секое создание на оваа земја и да $ го открие само на Марија. Ја прослави сво-јата независност и своето величество зави-сејќи од оваа љубезна Девица во своето зачнување, во своето раѓање, во своето при-кажание во храмот, во својот скриен живот во текот на триесет години, сè до својата смрт на која сакаше да присуствува и Таа, за заедно со неа да ја принесе едната и иста жртва и со нејзина согласност да се жртву-ва на Вечниот Отец, како некогаш Исак со Аврамовата согласност на Божјата волја (спор. Пост. 22,2). Токму Таа го доеше, бра-неше, издржуваше, одгојуваше и го жртву-ваше за нас.

О прекрасна и нечуена зависност на самиот Бог, којашто Светиот Дух не може-ше да ја премолчи во Евангелието, за така да ни ја покаже нејзината вредност и неиз-мерна слава, иако нас ни ги сокри скоро си-те прекрасни дела кои оваа Отелотворена Мудрост ги направи во својот затскриен живот, Исус Христос му оддаде повеќе слава на својот Отец, со подложноста на својата Мајка во текот на триесет години, отколку да го обратеше сиот свет правејќи најголеми чудеса. О! Колку повеќе го сла-виме Бога, кога, за да му угодиме, се подло-жуваме на Марија според примерот на Ису-са Христа - нашиот единствен пример.

19. Ако повнимателно го погледнеме оста-натиот живот на Исуса Христа, ќе видиме дека Тој сакаше да ги започне своите чуде-са преку Марија. Тој го посвети свети Јован Крстител во крилото на неговата Мајка све-та Елисавета на зборот на Марија; штом Марија проговори, Јован се посвети (спор. Лк. 2,51); и тоа е неговото прво и најголемо чудо на милоста. На свадбата во Кана Тој ја претвори водата во вино по нејзината по-низна молба (спор. Јн. 2,1-12); тоа е негово-то прво чудо врз природата. Тој ги започна и ги продолжи своите чудеса преку Марија, и ќе продолжи да ги прави преку Марија сè до крајот на вековите.

20. Светиот Дух е неплоден во Бога, т.е. Тој не создава ниедна друга божествена лич-ност, но постана плоден преку Марија која ја зеде за Свршеница. Преку неа, во неа и од неа го создаде своето ремек-дело, Бого-Човекот, и секој ден создава и ќе создава сè до крајот на светот предодреденци и члено-ви на таинственото тело на таа божествена Глава. Затоа, колку повеќе ја наоѓа Марија, својата драга и неразделна Свршеница во некоја душа, толку поделотворен и помоќен е во таа душа да го создаде Исуса Христа, а таа душа во Исуса Христа.

21. Тоа не значи дека Пресветата Дева му дава плодност на Светиот Дух, како Тој да ја нема, зашто како што Бог има плодност или способност да создава, како што има и Отецот и Синот, иако таа особина не ја спроведува во дело, бидејќи не создава ни-една друга божествена личност. Туку сака-ме да кажеме дека Светиот Дух својата плодност ја остварува преку Пресветата Де-ва, со која се служи, зашто сака, иако безус-ловно не му е потребна, и во неа и преку неа го создава Исуса Христа и неговите членови. О тајни на милоста, непознати и на најучените и најдуховните меѓу христи-јаните!


Глава II

 

МАРИЈА ВО ТАЈНАТА НА ЦРКВАТА И ПОСВЕТУВАЊЕТО НА ДУШИТЕ

 

22. Онака како што трите божествени лич-ности на Пресветото Тројство се однесуваа при Овоплотувањето и при првото доаѓање на Исуса Христа, така се однесуваат секо-гаш, на невидлив начин, во светата Црква, и така ќе се однесуваат сè до крајот на ве-ковите, при последното доаѓање на Исуса Христа.

 

Соработничка Божја

 

23. Бог-Отецот направи слив на сите води и го нарече море; тој направи слив на сите милости, и го нарече Марија. Овој голем Бог има пребогата ризница или склад кај што затворил сè што има убаво, сјајно, рет-ко и драгоцено, сè дури и својот сопствен Син. Таа неизмерна ризница е Марија, која светците ја нарекуваат ризница Господова; и со нејзиното обилие луѓето се богатат.

24. Бог-Синот $ додели на својата мајка сè што стекна во својот живот, своите неиз-мерни заслуги и своите чудесни добро-детели, и ја направи благајница на сè што Отецот му даде во наследство. Само преку неа ги применува своите заслуги на своите членови, ги украсува со своите добродетели и им ги дели своите милости, таа е негови-от таинствен жлеб и водовод, кај што Тој обилно и на благ начин ја спроведува вода-та на своето милосрдие.

25. Бог-Светиот Дух $ ги додели на Марија, својата верна Свршеница, своите неискаж-ливи дарови и Неа ја одбра за делителка на сè  што има. Затоа Таа ги дели сите негови дарови и милости на кого сака, колку сака и кога сака, и ниеден дар не им се дава на лу-ѓето ако не помине преку нејзините девст-вени раце. Тоа е волјата на Бога којшто са-каше да имаме сè преку Марија; зашто така требаше Севишниот да ја возвиши и про-слави таа која осиромаши, се понизи  и се криеше со својата длабока смиреност до дното на ништожноста на својот живот. Ете тоа се чувствата на Црквата и на светите Отци.

26. Кога би им го зборувал на современите мудреци,сè ова што едноставно го кажу-вам, поопширно би докажал од Светото пи-смо и светите Отци со наводи на латински, а би донесол и многу силни причини, кои секој би можел да ги најде во книгата Тро-струката круна на Пресвета Дева од п.о. Поире кај што тој ги развил надолго и на-широко.

Но, бидејќи јас им зборувам на сиромашни-те и едноставните, на оние кои имаат добра волја и имаат поголема вера отколку што имаат повеќето учени луѓе и кои поради тоа веруваат попростодушно и со поголема за-слуга, така што ми е доволно едноставно да им ја објаснам вистината, без да се губам во латинските наводи кои тие не ги разбираат, иако според пригодата донесувам по некој, но секако не одам многу по нив. Да продол-жиме.

 

Мајчинската улога на Марија

 

27. Бидејќи милоста ја усовршува природа-та, а славата ја возвишува милоста, сигурно е дека нашиот Господ воедно и Син на Ма-рија и на Небото, како што беше на земјата,  доследно ја сочува својата подложност и послушност на најсовршеното дете спрема најдобрата од сите мајки. Но, да внимаваме таа зависност да не ја сфатиме како некое понижување и несовршеност на Исус Хри-стос. Зашто Марија е неизмерно пониска од својот Син, којшто е Бог, така што не му наредува како што земната мајка му наре-дува на своето дете, кое е пониско од неа. Бидејќи Марија е целосно преобразена од Бога со милоста и славата, која сите светци во неа ги обратува, Таа ниту прашува, ниту сака, ниту прави нешто што би било спро-тивно на вечната и непроменлива Божја волја.

Навистина, читаме во делата на св. Бернард, Бернардин, Бонавентура итн. дека сè на Небото и на земјата е подложено на Пресветата Дева, дури и самиот Бог; но тие

со тоа сакаат само да изразат колкава е вла-ста која Бог сакаше да $ ја додели на Ма-рија, и изгледа како Таа да има иста моќ каква што има Бог, и дека нејзините молит-ви и прозби се толку силни кај Бога што Неговото Величество секогаш ги смета ка-ко наредба, и Бог никогаш не се противи на молбите на својата драга Мајка, зашто Таа е секогаш понизна и усогласена со неговата волја. Ако можеше Мојсеј со силата на сво-јата молитва да го сопре Божјиот гнев над Израелците толку успешно што овој преви-шен и неизмерно милостив Господ не мо-жеше да му се спротивстави, туку го праша Мојсеја да му дозволи да го истури својот гнев и да го казни тој бунтовен народ (спор. Исх. 32, 10-14), тогаш колку повисок поим би требало да имаме за молитвата на пониз-ната Марија, достојната Мајка Божја, чија молитва кај неговото Величество е манија, споредено со молитвите и посредувањата на сите ангели и светци на Небото и на зем-јата!

28. Маријаимзаповеда и на ангелите и на блажените на Небото. Како награда за неј-зината длабока смиреност, Бог $  даде моќ и служба со светци да ги пополни испразне-тите престоли, од кои поради гордоста, беа отфрлени ангелите-отпадници. Волја е на Севишниот, којшто ги возвишува смирени-те, Небото, земјата  и пеколот, доброволно или со сила, да се покоруваат на смирената Марија, која ја постави како врховна Госпо-дарка на Небото и земјата, војвотка на сво-јата војска, благајничка на неговото богат-ство, делителка на неговите милости, тво-рителка на неговите големи чудеса, обнови-телка на човечкиот род, посредница на лу-ѓето, уништувач на Божјите непријатели и верна содружничка на своите величини и своите прослави.

 

Знак на вистинската вера

 

29. Бог-Отецот сакаше преку Марија да има деца сè до крајот на светот, и $ рече: Насе-ли се во Јакова (Сир. 24,8) т.е. насели се и престојувај во моите деца и предодредени-те, чија праслика е Јаков, а не во ѓаволските деца и отфрлените, чија праслика е Исав.

30. Како што во природното и телесно раѓа-ње постојат татко и мајка, така и во натпри-родното и духовното постои Татко, а тоа е Бог и мајка, а тоа е Марија. Сите вистински деца Божји го имаат Бога за Татко и Марија за мајка, а оние коишто ја немаат Марија за мајка: еретиците, расколниците итн., кои ја мразат или со презир или рамнодушност гледаат на Девицата, го немаат Бога за От-ец, колку и да се фалат дека го имаат. Би-дејќи ако ја имаа би ја љубеле и би $ ука-жувале чест, како што секое вистинско и добро дете природно ја љуби и $ одава чест на својата мајка, која му го дала животот.

Најпостојан и најсигурен знак по кој ќе ги разликуваме еретиците, луѓето кои-што шират лажна наука, отфрлените од ед-на страна, од предодредените од другата страна, е тоа што еретикот и отфрлениот ја презираат Пресветата Девица или се ладни спрема неа, и настојуваат со своите зборови и примери да го намалат почитувањето и љубовта спрема неа. Тие тоа го прават јав-но или тајно, понекогаш под убави изгово-ри. О! Бог-Отецот не $ рече на Марија да се настани во нив, бидејќи се Исавци.

 

Мајка на христијаните

 

31. Бог-Синот сака себе си да се обликува и, на некој начин, постојано се обликува во своите членови преку својата драга Мајка, и $ вели: Влези во наследството на Израе-лот (Сир. 24,9). Како со тоа да $ вели: Бог, мојот Отец, ми ги даде во наследство сите народи на земјата, сите добри и лоши луѓе, предодредените и отфрлените. Едните ќе ги водам со златна палка, а другите со желез-на. На едните ќе им бидам татко и брани-тел, на другите праведен осветник, а на си-те судија. Но, за тебе, мила моја Мајко, твое наследство и поседување ќе бидат са-мо предодредените, чијашто праслика е Из-раелот; како добра мајка ти ќе ги родиш, ќе ги храниш и ќе ги воспиташ; а како нивна владетелка ќе ги водиш, со нив ќе управу-ваш и ќе ги браниш.

32. Човекот и човек е роден во неа (Пс. 86,5) вели Светиот Дух. Некои Отци овие зборови ги толкуваат како: дека првиот чо-век, којшто се роди од Марија, е Човекот-Бог, Исус Христос; а вториот дека е само човек, посинок на Бога и на Марија. Ако Исус Христос, Главата на луѓето, се роди од Марија, тогаш и предодредените, кои се членови на таа Глава, нужно мора да се ро-дат од неа. Никогаш една мајка не донесу-ва на свет глава без членови, ниту членови без глава, зашто тоа би било чудовиште по природа; еднакви во редот на милоста, Главата и членовите ги раѓа една  иста мај-ка. Ако некој од мистичното тело Христо-во, којшто е предодреден, би се родил од друга мајка, а не од Марија, која ја роди Главата, всушност тој не е предодреден од Исуса Христа, туку е чудовиште во редот на милоста.

33. Покрај тоа, бидејќи Исус е плод на Ма-рија сега како и секогаш, како што тоа за него го повторуваат Небото и земјата илјад-ници и илјадници пати секој ден: И благо-словен е плодот на твојата утроба, Исус, сигурно е дека Исус Христос е плод и дело на Марија, како за секој човек којшто го по-седува, така и за сите луѓе воопшто. Затоа, ако некој верник го обликувал Исуса во своето срце, тој може слободно да каже: Голема благодарност на Марија! Оној ко-гошто јас го поседувам е нејзино дело и неј-зин плод, без неа јас не би го имал. Со пого-лемо правона Марија можат да $ се припи-шат зборовите кои што св. Павле си ги при-пишуваше на себе си: Деца мои, кои пов-торно со болки ве раѓам сè додека Христос не се обликува во вас (Гал. 4,19). Јас ги ра-ѓам, вели Марија, децата Божји секој ден, сè  додека Исус, мојот Син не се обликува во нив во полнотата на својата возраст.

            Свети Августин се надмина самиот себеси и сè што реков јас, кога рече дека сите предодредени, за да може да одговара-ат на сликата на Синот Божји, додека се во светот, се скриени во крилото на Пресвета-та Девица каде што оваа добра Мајка ги чу-ва, ги храни, ги издржува и ги одгојува, до-дека по нивната смрт не ги породи за слава-та, а тоа и е нивниот вистински роденден, како што Црквата ја нарекува смртта на праведниците. Тајни на милоста, непозна-ти на отфрлените, а малку познати на пред-одредените.

 

Соработничка на Светиот Дух

 

34. Бог-Светиот Дух сака во неа и преку неа да си обликува избраници, и $ вели: Во моите избраници пуштај корења (Си. 24, 13). Пуштај моја миленице и Свршенице, корења на сите добродетели во моите из-браници, да се множат сè повеќе. Толку  се насладив во тебе кога, живеејќи на земјата, ги извршуваше највозвишените добродете-ли што и сега сакам да те најдам на земјата, без да мораш да го оставиш Небото. Затоа обновувај се во моите избраници, за во нив со уживање да ги гледам корените на твоја-та непобедлива вера, твојата длабока сми-реност, твоето општо умртвување, твоите возвишени молитви, твојата огнена љубов, твојата постојана надеж и сите твои добро-детели. Ти си мојата Свршеница секогаш исто верна, исто чиста и исто плодна како што беше некогаш. Твојата вера нека ми да-рува верници, твојата чистота нека ми дава девици, твојата плодност нека ми дава из-браници кои се мои храмови.

35. Кога Марија ќе се вкорени во некоја ду-ша, таа тука произведува чудеса на милос-та, како што може само Таа, зашто само Таа е плодна Девица, која ниту имала ниту кога било ќе има слични на себе во чистотата и плодноста. Марија со Светиот Дух го про-изведе најголемото дело кое ниту некогаш било ниту ќе биде: Бого-Човекот; и Таа, до-следно, ќе произведе најголеми работи и во последните времиња. Неа $ е одредено соз-давањето и одгојувањето на големите свет-ци кои ќе се појават при крајот на светот, зашто само оваа извонредна и чудесна Де-вица може во заедница со Светиот Дух да произведува посебни и извонредни работи.

36. Кога Светиот Дух, нејзиниот Свршеник, ќе ја најде Марија во некоја душа, тој лета таму и влегува со сета своја полнота, и $ се дава на таа душа толку повеќе колку што повеќе таа душа $ дава простор на неговата Свршеница. Една од најглавните причини зошто сега Светиот Дух не прави големи чудеса во душите е таа, што во нив не наоѓа доволно соединување со неговата верна не-разделива Свршеница, зашто Светиот Дух, таа битна љубов на Отецот и Синот, откако ја сврши Марија да го произведе Исуса Христа, Главата на избраниците, и Него во избраниците, оттогаш повеќе не се разделу-ваше од неа, зашто таа секогаш му остана верна и плодна.

 

Побожноста кон Пресветата Девица е потребна

 

37. Од кажаното, јасно следи овој заклучок: Прво дека Марија од Бога примила голема власт во душите на избраниците. Нависти-на, Таа не би можела да се настани во нив како што тоа Бог-Отецот го заповеда, ниту да ги обликува, да ги отхрани ниту да ги роди за вечниот живот како нивна мајка; ниту да ги има како свое наследство, ниту да ги обликува во Исуса Христа ниту Хри-ста во нив, ниту да пушти корења на своите добродетели во нивното срце, ниту ќе беше неразделна другарка на Светиот Дух во си-те негови дела на милоста; велам Таа не би можела ништо од сето тоа да направи, кога не би имала власт и господство во нивните души преку посебната привилегија на Се-вишниот којшто, откако $ даде власт над неговиот единствен и природен Син, $ да-де, исто така, и власт над своите посинети деца, и тоа не само во поглед на телото ту-ку и во поглед на душата.

38. Марија е Царица на Небото и на Земјата преку милоста, како што и Христос е Цар по природа и преку правото на победникот. Но, како што царството на Исуса Христа посебно е во срцата, т.е. во човековата внатрешност, според зборовите: Царство-то Божјо е во вас (Лк. 17,21), исто така, царството на Пресветата Девица главно е во човековата внатрешност, т.е. во човеко-вата душа, и токму во душите Марија со својот Син прима поголема слава отколку во сите видливи созданија. Затоа заедно со светците можеме да ја наречеме Царица на срцата.

39. Второ, треба да заклучиме: Ако Пресве-тата Девица му е неопходна на Бога со т.н. условна неопходност, условена со Неговата волја, колку тогаш е попотребна на луѓето за да можат да ја постигнат својата послед-на цел. Затоа не смее да се меша побожнос-та кон Пресветата Девица со побожностите кон другите светци, како дека побожноста кон Марија не ни е понеопходна, или како да ја надминува нашата должност.

40. Учениот и побожен Суарез, исусовец, умниот и богољубив Јустус Липсиус, лу-вајнскиот доктор, и мнoгу други, ги изрази-ја чувствата на Отците, на пример на св. Августин, св. Ефрем, ѓаконот од Едеса, св. Кирил Ерусалимски, св. Герман Цариград-ски, св. Јован Дамаскин, св. Анселм, св. Бернард, св. Бернардин, кога рекоа и непо-битно докажаа дека побожноста кон Пре-светата Девица е неопходна за спасението; дека очигледен знак дека некој е отфрлен е, ако нема почитување ниту љубов кон неа, што го изјави и самиот Еколампадиј и не-кои други еретици, и дека спротивно на тоа, сигурен знак дека некој е предодреден е ко-га  целосно и вистински  $ е оддаден и кон неа побожен.

41. Тоа го докажуваат сликите и зборовите на Стариот и Новиот завет, истото го по-тврдуваат изреките и примерите на светци-те, тоа нè учи и ни го покажува разумот и искуството. Моќта на вистината го приси-лува дури и ѓаволот и неговите слуги, и без да сакаат, тоа да го признаат. Собрав голе-ма збирка цитати од светите Отци и Учи-тели, за да ја докажам таа вистина. Да не бидам долг, донесувам само една изрека: Побожноста кон Тебе, о Пресвета Дево – пишува св. Јован Дамаскин – е како спасоносно оружје кое Бог им го дава на оние коишто сакаат да се спасат.

42. Би можел овде да пренесам многу на-стани кои го докажуваат спомнатото тврде-ње; на пример оној настан што го спомнува летописот на св. Фрањо кога светецот во за-нес видел голема скала која допирала до не-бото, а на врвот на скалата ја видел Пресве-тата Девица. И му било откриено дека по тие скали треба да се искачува оној којшто сака да стигне на Небото.

            Или, оној настан забележан во лето-писот на св. Доминик, кога петнаесет илја-ди ѓаволи ја имале запоседнато душата на некој несреќен еретик, близу до Карасон, каде што св. Доминик држел проповед за бројаницата. Тие ѓаволи, морале по наредба на Пресветата Девица, на нивна голема сра-мота, да признаат повеќе големи и утешни вистини во поглед на побожноста кон Пре-светата Девица. Тие тоа го изразиле со тол-кава сила и бистрина, што не е можно кога некој го чита тој веродостоен извештај, да не заплаче од веселие, ако има барем искра на побожност кон Пресветата Девица.

 

Марија им е уште попотребна на оние кои се повикани на посебна совршеност

 

43. Ако побожноста кон Пресветата Девица им е потребна на сите луѓе едноставно за да се спасат, таа им е уште попотребна на он-ие коишто се повикани на посебна соврше-ност; и не верувам дека некоја личност мо-же да постигне внатрешно соединување со нашиот Спасител и совршена верност на Светиот Дух без најтесно единство со Пре-светата Девица и без голема зависност од нејзината помош.

44. Само Марија најде милост кај Бога (сп-ор. Лк. 1,38) без помош на кое било созда-ние. Сите коишто после неа нашле милост при Бога ја нашле само преку неа, дури и сите кои понатаму ќе се родат, единствено преку неа ќе најдат милост.

            Таа веќе беше полна со милост кога ја поздрави Архангелот Гаврил (спореди: Лк. 1,28), а Светиот Дух повторно преобилно ја исполни со милост кога ја покри со својата неискажлива сенка. Таквата двојна полнота Таа ја умножуваше од ден на ден, од час во час што достигна неизмерен и несфатлив степен на милоста. Затоа Севишниот ја на-прави единствена благајница на своето бо-гатство и единствена делителка на своите милости, за Таа да облагороди, одгои, и о-богати кого сака, да го донесе на тесниот небески пат, да го воведе низ тесната врата на животот, да го помине низ сите препре-ки и да му даде престол, жезол и царска круна. Исус е насекаде и секогаш плод и Син на Марија, а Марија е секогаш и насе-каде вистинското стебло кое го донесува тој плод на животот и вистинската мајка која го раѓа.

45. Само на Марија Бог $ ги предаде клуче-вите на пивницата на божествената љубов и $ даде моќ да оди по највозвишените и нај-тајните патеки на совршеноста, и на нив да ги доведува и другите. Единствено Марија пушта влегување во земниот рај на бедните деца на неверната Ева, за таму пријатно да се шетаат со Бога; таму да се скријат од своите непријатели; таму прекрасно да се хранат со плодот од дрвото на животот, не плашејќи се повеќе од смрт од стеблото на познанието на доброто и злото и тука со долги голтки да пијат од небеската вода од тоа убаво врело кое тука обилно извира; или подобро, бидејќи Таа самата е тој не-бески рај, таа девичанска и благословена земја, од кај што беа истерани грешните Адам и  Ева, самата дава пристап на оние кои сака да ги направи свети.

46. Твојата наклонетост ја бараат прва-ците на народот, да се послужам со изра-зите на Светиот Дух, според толкувањето на св. Бернард – и тие ќе ја бараат низ вековитеа особено на крајот на светот. Тоа значи дека најголемите светци и души-те најбогати со милост и добродетели нају-порно ќе $ се молат на Пресветата Девица и постојано ќе ја имаат пред себе како совр-шен пример да ја последуваат, и како своја силна помошничка која ќе им помага.

47. Тоа, реков, ќе се случи особено на кра-јот на светот, и тоа скоро, зашто Севишни-от сака заедно со својата света Мајка да об-ликува големи светци, кои ќе ги надвишат повеќето други светци, како што либански-те кедри со својата висина ги надвишуваат малите грмушки, како што тоа $ беше обја-вено на една света душа, чиј живот го за-пиша монс. Де Ренти.

48. Бог ќе ги одбере овие големи души, полни со милост и ревност, да се спротив-стават на неговите непријатели, кои ќе бе-снеат од сите страни. Тие ќе бидат особено побожни кон Пресветата Девица, која ќе ги расветли со својата светлина, ќе ги храни со своето млеко, ќе ги води со својот дух, ќе ги поткрепува со својата десница и ќе ги чува со својата заштита, така што тие Ма-риини почитувачи со една рака ќе се борат, а со другата ќе ѕидаат. Со една рака ќе се борат, обараат, ќе ги сотираат еретиците и нивните ереси, расколниците и нивните расколи, идолопоклониците и нивните идо-ли и грешниците со нивните безбоштва; а со другата рака ќе го ѕидаат храмот на ви-стинскиот Соломон и таинствениот Божји град, т.е. Пресветата Девица, која светите Отци ја нарекуваат Соломонов Храм и Божји град. Тие ќе го поттикнуваат сиот свет, со зборови и пример, на вистинска по-божност кон Марија. Со тоа ќе стекнат многу непријатели, но и многу победи и слава, слава којашто само на Бога му при-паѓа. Ова Бог му го објави на свети Винко Ферерски, големиот апостол на својот век, како што тој самиот доброволно го забеле-жал во своите дела.

            Изгледа дека тоа го прорекнал Свети-от Дух во псалмот 58 кај што вели; Нека се знае дека Бог управува над Јаков и до кра-иштата на земјата. Навраќаат секоја ве-чер, завиваат како кучиња, и одат околу градот (Пс. 58,14). Тоа е градот којшто лу-ѓето ќе го најдат на крајот на светот, каде што ќе се обратат и кај што ќе ја згаснат гладта за правда, што ќе ги нападне, тоа е Пресветата Девица, која Светиот Дух ја на-рекува Божји град и Божја тврдина (Пс. 87,3).


Глава III

 

ПОБОЖНОСТА КОН МАРИЈА Е ПОТРЕБНА ОСОБЕНО ВО ПОСЛЕДНИТЕ ВРЕМИЊА

 

Марија и последните времиња

 

49. Преку Марија започна спасението на светот, преку Марија тоа треба и да се до-врши. Марија скоро и не се покажа при пр-вото доаѓање на Исуса Христа, за луѓето, кои тогаш беа слабо поучени за личноста на нејзиниот Син, да не се оддалечат од висти-ната занесувајќи се премногу сетилно и не-просветлено со Пресветата Девица. Тоа според приликите и би се случило ако беше позната, поради прекрасната милина со која Севишниот ја беше украсил и нејзината надворешност. Дека тоа е вистина нè уверу-ва едно  писмо од Дионисиј Аеропагит. Тој тука вели дека, кога би ја видел, сигур-но би сметал дека таа е некое божество, по-ради нејзината таинствена милина и неспо-редлива убавина, ако спротивно на тоа не го учела верата, во која бил добро утврден.

            Но, при второто доаѓање на Исуса Христа, Марија треба да биде позната и от-криена преку Светиот Дух, за преку неа да ги приведе луѓето на сознавање, љубов и на служба на Исуса Христа, зашто сега не по-стојат причините кои го водеа Светиот Дух да ја сокрие својата Свршеница во текот на нејзиниот живот и само малку да ја објави и тоа откако е навестено во Евангелието.

50. Бог, значи, сака да ја објави и да ја пока-же Марија, ремек-делото на своите раце, во овие последни времиња.

1. Затоа што Таа во овој свет се сокри и смири подолу од прашината, со својата дла-бока смиреност, постигнувајќи од Бога и од неговите апостоли и евангелисти да не ја разгласуваат.

2. Бидејќи таа е ремек-дело на Божјите ра-це, на земјата преку милоста и на Небото преку славата, Бог сака луѓето на земјата да го фалат и да го слават токму поради тоа ремек-дело.

3. Бидејќи Таа е зора која му претходи и ни го открива Сонцето на правдата - Исуса Христа, треба да ја запознаеме и откриеме, за да можеме на тој начин да го запознаеме и откриеме Христа.

4. Бидејќи Таа е пат по којшто Исус Хри-стос првпат дојде кај нас, Таа ќе биде тоа и кога Тој ќе дојде вторпат, иако на поинаков начин.

5. Бидејќи Таа е сигурно средство и  рамен и чист пат, по кој стигнуваме при Исуса Христа и совршено го наоѓаме, треба преку неа да го најдат оние свети души кои треба да сјаат во светоста. Кој ќе ја најде Марија ќе го најде животот (спор. Изр. 8,35), т.е. Исуса Христа којшто е пат, вистина и жи-вот (Јн. 14,6). Но, Марија не може да ја нај-де некој којшто не ја бара; а не може да ја бара некој којшто не ја познава, зашто ни-кој не бара и не сака непознат предмет. Зна-чи, треба Марија да биде попозната од кога било, за така да се познава и слави Пресве-тото Тројство.

6. Марија треба да засјае во овие последни времиња, повеќе од кога било со своето ми-лосрдие, со својата моќ и со својата милост; со своето милосрдие, за назад да ги доведе и љубезно да ги прими бедните грешници и залутаните, кои ќе се обратат и ќе се вратат во Црквата; со својата моќ против неприја-телите, идолопоклониците, расколниците, иноверците, Евреите и тврдите безбожни-ци кои страшно ќе се бунтуваат, настојувај-ќи со своите ветувања и закани да ги заве-дат сите оние кои ќе им се спротиват; и нај-после, Таа треба да засјае со својата ми-лост, да ги охрабри и поткрепи сите јунач-ки војници и верни слуги на Исуса Христа, кои ќе се борат за неговите интереси.

7. Најпосле, Марија треба да биде страшна за ѓаволот и неговите ортаци како војска подготвена за борба, особено во овие по-следни времиња, зашто ѓаволот добро знае дека има малку време, многу помалку од кога било порано, да ги упропасти душите, па затоа секој ден ги удвојува своите напо-ри и своите навалувања. Тој навистина, бр-зо ќе подигне крвави прогонства и ќе поста-вува страшни заседи на верните слуги и ви-стинските деца на Марија, коишто тој поте-шко ги совладува отколку другите луѓе.

 

Марија и последната борба

 

51. Главно, на тие последни и страшни ѓа-волски прогонства, кои ќе растат секој ден сè до царството на антихристот, треба да се примени она прво и прочуено пророштво и проклетство кое Бог го изрече во земниот рај против змијата. Сега е згоден момент тоа да се протолкува овде за слава на Пре-светата Девица, за спас на нејзините деца, а за срамота на ѓаволот. „Ставам неприја-телство помеѓу тебе и жената, и меѓу ро-дот твој и породот нејзин. Тој ќе ти ја смачкува главата, а ти ќе го каснуваш во петата“  (Пост. 3,19).

52. Бог започна само едно, но непомирливо непријателство кое ќе трае до крајот и ќе биде сè пожестоко: непријателство помеѓу Марија, својата достојна Мајка, и Луцифер, помеѓу децата и слугите на Пресветата Де-вица, од една страна, и синовите и калфите на Луцифер, од другата. Според тоа, најлу-тата непријателка, која Бог ја подигна про-тив ѓаволот е Марија, неговата света Мајка. Бог, дури уште во рајот земјин, иако тогаш беше само во неговата замисла, $ даде так-ва омраза кон тој проклет Божји неприја-тел, таква умешност да ја открие злобата на таа стара змија и таква сила да го победи, да го згмечи и да го сотре тој горд безбо-жец, што тој се плаши од неа, повеќе од си-те ангели и луѓе, дури, во некоја смисла, повеќе и од самиот Бог.

            Тоа не значи дека светиот гнев, омра-зата и моќта на Бога против сотоната не се неизмерно поголеми од гневот, омразата и моќта на Пресветата Девица, бидејќи совр-шеностите на Марија се ограничени; но Со-тоната се плаши од неа повеќе од две при-чини. Прво, бидејќи е горд, и неизмерно по-веќе трпи, затоа што го победува и казнува малата и смирена службеничка Господова, и нејзината смиреност го понижува повеќе отколку Божјата семоќ. Второ, бидејќи Бог $ даде на Марија голема моќ против ѓаво-лот што опседнатите често мораа усно и против својата волја да признаат дека пове-ќе се плашат од една нејзина воздишка за некоја душа отколку од молитвите на сите светци, и само од една нејзина закана про-тив нив отколку од сите други маки.

53. Тоа што Луцифер го изгуби со гордоста, Марија го доби со смиреноста. Тоа што Ева го уништи и го изгуби со непослушноста, Марија го спаси со послушноста.

            Ева, слушајќи ја змијата, со себе ги упропасти сите свои деца и ги подјарми под власта на змијата, а Марија, покажувајќи се совршено верна на Бога, ги спаси со себе сите свои деца и слуги и ги посвети на Бож-јото Величество.

54. Бог започна не само едно непријателст-во туку непријателства, не само помеѓу Ма-рија и сотоната, туку и помеѓу потомството на Пресветата Девица и потомството на со-тоната; со други зборови, Бог започна не-пријателство, несклоност и тајна омраза по-меѓу вистинските деца и слуги на Пресвета-та Девица од една страна, и децата и слуги-те на ѓаволот од друга страна. Децата на Велиал, робовите на Сотоната, љубителите на светот (сето тоа е исто) секогаш, досега ги прогонуваа и отсега ќе ги прогонуваат повеќе од кога било оние кои припаѓаат на Пресветата Девица, како што некогаш Каин го прогонуваше својот брат Авел (Спор. Пост. 4,8), и Исав својот брат Јаков, кои се праслики на отфрлените и предодредените. Но, смирената Марија секогаш ќе извојува победа над тој горделивец, и тоа толку голема што ќе му ја столчи главата, тоа се-диште на неговата гордост; Таа секогаш ќе ги открива пеколните сплетки, ќе му ги за-плеткува ѓаволските основи и до крајот на светот ќе ги заштитува своите верни слуги од неговите сурови шепи.

Но моќта на Марија над сите ѓаволи ќе светне особено во последните времиња, кога Сотоната ќе става заседи на нејзината петица, т.е. на нејзините понизни робови и нејзините сиромашни деца, кои Таа ќе ги подигне да војуваат против него. Тие ќе би-дат малечки и сиромашни во очите на све-тот, ниски пред сите како петицата; секој ќе ги гази и гмечи како што е случај со пети-цата споредена со другите делови на тело-то. Но, затоа ќе бидат богати со Божји ми-лости, кои Марија ќе им ги дели обилно; ќе бидат големи и возвишени во светоста пред Бога и ќе надвишат секое создание со своја-та пламена ревност. Божјата помош ќе ги крепи толку силно што со својата петица – со својата смиреност – во заедништво со Марија ќе ја сотрат главата на ѓаволот, а на Исуса ќе му донесат славна победа.

 

Марија и апостолите во последните времиња

 

55. Да, Бог сака неговата света Мајка сега да биде позната, сакана и честена повеќе од кога било. А тоа, без сомнение ќе се случи ако предодредените, со милоста и просвет-лувањето од Светиот Дух, сфатат како тре-ба да се извршува внатрешната и совршена побожност, која подоцна ќе им ја открие. Тогаш јасно ќе ја гледаат, колку што тоа го дозволува верата, оваа прекрасна Ѕвезда на морето, и под нејзино водство ќе стигнат во сигурното пристаниште, и покрај сите бури и гусари. Ќе ја запознаат величината на ов-аа Владетелка и целосно ќе се посветат на нејзината служба како нејзини подредени и робови на љубовта.

Тогаш ќе ги вкусат нејзините сладо-сти и нејзината мајчинска добрина и нежно ќе ја љубат како нејзини мили деца. Тогаш ќе го запознаат нејзиното милосрдие, со кое таа е полна, и потребата од нејзината по-мош, и ќе притекнуваат при неа во сите прилики како при своја драга бранителка и посредница кај Исуса Христа. Тогаш ќе со-гледаат дека Таа е најсигурното, најлесно-то, најкраткото и најсовршеното средство со кое можеме да дојдеме при Исуса Хри-ста, и ќе $ се предадат со душа и тело, без ограничување, за на тој начин да бидат Христови.

56. Но, какви ќе бидат овие слуги, робови и деца на Марија. Ќе биде тоа жив оган, слу-ги Господови, кои ќе пламтат со огнот на божествената љубов. Ќе бидат тоа остри стрели во раката на силниот (Пс. 127,4), во силната рака на Марија, со кои ќе стрела на своите непријатели. Тоа ќе бидат синови Левиеви, сосема очистени (Спор. Мал. 3,3) во огнот на големи неволји и сосема приле-пени до Господа (спор. 1. Кор. 6,17). Тие ќе го носат златото на љубовта во срцето, тем-јанот на молитвата во духот и смирната на умртвувањето во телото, и насекаде ќе го истураат миомирисот на Исуса Христа за сиромасите и малечките, додека тоа ќе биде како смртен мирис за големците, богаташи-те и светските горделивци.

57. Тоа ќе бидат громовни облаци кои ќе летаат низ воздухот каде што ќе ги потера дахот на Светиот Дух; за ништо нема да се приврзуваат, ниту на нешто ќе се чудат, ни-ту за нешто ќе се грижат, туку ќе го леат дождот на Божјите зборови и вечниот жи-вот; ќе грмат против гревот, ќе се уриваат врз светот, ќе удираат на ѓаволот и негови-те помошници и, ќе ги прободат на живот или смрт, сите оние на кои ќе ги испрати Севишниот.

58. Тоа ќе бидат вистинските апостоли на последните времиња, на кои Господ ќе им даде речитост и моќ да прават чудеса и ќе го одземаат славниот плен од неговите не-пријатели. Ќе спијат без злато и сребро и, што е поважно, без тегобна грижа сред дру-гите свештеници, црковните луѓе и клири-ци, intermedios cleros; а сепак ќе имаат сре-брени крилја како гулаб да полетаат, со чи-ста намера за славата Божја и за спасението на душите, таму каде што ќе ги повика Бог, и затоа во местата каде што ќе проповедаат ќе остават зад себе само злато на љубовта, која е исполнување на сиот закон.

59. Најпосле, знаеме дека тоа ќе бидат ви-стинските Христови ученици, кои ќе го по-следуваат неговото сиромаштво, пониз-ност, презир на светот, и љубовта; ќе поу-чуваат на тесниот пат во чиста вистина, според Евангелието, а не според начелата на светот, а притоа нема да се вознемирува-ат, ниту ќе го гледаат некого в лице, ниту ќе поштедуваат, слушаат или ќе се плашат од кој било смртник, колку и да е тој мо-ќен. Во своите усти ќе го имаат двосекиот меч на Божјата реч; на плеќите ќе го носат крвавото знаме на Крстот, распетието во десната рака, а бројаницата во левата; све-тите имиња на Исус и Марија во своите ср-ца, а чедноста и умртвеноста Христова во своето однесување.

Ете, такви ќе бидат тие велики луѓе кои ќе дојдат, кои Марија ќе ги подигне, по заповед на Севишниот, да го прошират не-говото царство над царствата на безбожни-ците, идолопоклониците и иноверците. Но, кога ќе биде тоа и како?... Само Бог го знае тоа; наше е да се молиме, воздивнуваме и во молчење чекајќи да чекаме (спор. Пс. 40,2).      

 

 

Втор дел

 

 

Почитувањето на Марија во Црквата

 

Стр. 54 прзна

Глава i

 

ОСНОВНИТЕ ТЕОЛОШКИ ВИСТИНИ ЗА ПОБОЖНОСТА КОН ПРЕСВЕТАТА ДЕВИЦА

60. Досега нешто кажав за потребата од по-божноста кон Пресветата Девица, а сега са-кам да кажам во што се состои таа побож-ност. Тоа ќе го направам со Божја помош, откако ќе изнесам неколку основни висти-ни кои ќе ја осветлат таа голема побож-ност која сакам да ја објавам.

 

Исус Христос е крајната цел на побожноста кон Пресветата Девица

 

61. ПРВАТА ВИСТИНА– Исус Христос,нашиот Спасител, вистинскиот Бог и ви-стинскиот човек, треба да биде врвната цел на сите наши побожности, инаку тие би би-ле погрешни и лажни. Исус Христос е alfa и omega (Откр. 1,8) почетокот и крајот на си-те ствари (спор. Откр. 21,16). Ние се труди-ме, како што вели Апостолот, единствено за тоа секој човек да го направиме совршен во Исуса Христа (спор. Еф. 4,13), зашто единствено во него престојува сета полно-та на Божеството (Кол. 2,9) и сите други полноти на милоста, добродетелите и совр-шеностите; зашто единствено во него бевме благословени со секој духовен благослов (Еф. 1,3); зашто тој е нашиот единствен учител којшто треба нас да нè учи, нашиот единствен Господар од кого треба да зави-симе, нашата единствена Глава со која мо-раме да бидеме соединети, наш единствен пример на кој треба да се огледаме, нашиот единствен лекар кој нас ќе нè излечи, наши-от единствен пастир кој нас ќе нè храни, на-шиот единствен пат кој треба да нè води, наша единствена вистина во која мораме да веруваме, наш единствен живот кој треба нас да нè оживува, и во сите созданија наше единствено сè кое треба да ни е доволно.

Ниедно друго име под небото не ни е дадено, со кое би можеле да се спасиме (спор. Дел. 4,12), освен името Исусово. Бог не ни поставил друг темел за нашето спасе-ние, нашата совршеност и нашата слава ту-ку само Исус Христос. Секоја зграда која не е поставена на тој аголен камен е втеме-лена на подвижен песок, и сигурно, ќе се сруши порано или подоцна. Секој верник којшто не е соединет со Исуса, како лозово-то гранче со лозата, ќе отпадне, ќе се исуши и нема да биде за ништо друго освен да се фрли во оган (спор. Јн. 15,6). Ако сме во Исуса Христа и Христос во нас, не треба да се плашиме од осудување (спор. Рим. 15,6).

Ни ангелите од Небото, ни луѓето на земјата, ни ѓаволите од пеколот ниту кое било створение не ќе може да ни наштети, зашто не ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Исуса Христа (спор. Рим. 8,39). Преку Исуса, со Исуса и во Исуса мо-жеме сè: да ја повратиме сета чест и слава на Отецот во заедницата со Светиот Дух, и самите да постанеме совршени и така за на-шиот ближен да бидеме миомирис на веч-ниот живот.

62. Значи, ако практицираме сериозна по-божност  кон Пресветата Девица, тоа е ед-инствено за да ја унапредиме побожноста кон Исуса Христа; тоа е единствено за да изнесеме лесно и сигурно средство како да го најдеме Исуса Христа. Кога побожноста кон Пресветата Девица би ги оддалечувала луѓето од Исуса Христа, би требало да ја отфрлиме како ѓаволска измама. Но, оваа побожност не само што не ги оддалечува луѓето од Исуса Христа, туку ни е уште по-потребна за да можеме совршено да го про-најдеме, нежно да го љубиме и верно да му служиме, како што тоа веќе го покажав и за што уште ќе зборуваме и малку подоцна.

63. Сега, за момент, се обраќам кон Тебе, мил мој Исусе, љубезно да се пожалам на Твоето божествено Величество за тоа што повеќето христијани, дури и оние најмуд-рите, не ја познаваат нужната врска која по-стои помеѓу Тебе и твојата света Мајка. Ти, Господи, си секогаш со Марија, а Марија секогаш е со Тебе; инаку би престанала да биде тоа што е; Таа со милоста е толку пре-образена во Тебе што повеќе не живее Таа, не е повеќе Таа. Ти самиот, мој Исусе, жи-вееш и царуваш во неа, посовршено откол-ку во сите ангели и блажени.

О, кога луѓето би ја знаеле славата и љубовта која ја примаш во ова прекрасно создание, сосема поинаку би мислеле за Те-бе и за Марија. Таа е толку тесно поврзана со Тебе, што полесно би можела да се раз-дели светлината од сонцето, топлината од огнот; ќе речам и повеќе: полесно од Тебе можат да се одделат сите ангели и светци, отколку божествената Марија, зашто Таа Те љуби потопло и Те слави посовршено отколку сите други созданија заедно.

64. Според тоа, мој љубен Учителу, не е ли чудно и жалосно да се види колкаво е не-знаењето и темнината кај луѓето овде на земјава во поглед на твојата света Мајка? Не зборувам толку за идолопоклониците и паганите кои, не познавајќи Те Тебе, ни нај-малку не се грижат да ја запознаат; не збо-рувам ни за еретиците и расколниците, кои не настојуваат да се побожни кон твојата света Мајка, бидејќи се одделиле од Тебе и од твојата света Црква; туку зборувам за христијанските католици, дури и за некои католички учители, кои се повикани други-те да ги поучуваат во вистините, а самите не те познаваат Тебе ни твојата Мајка освен само мисловно, суво, неплодно и ладно.

             Тие господа само ретко зборуваат за твојата света Мајка и за побожноста која сме должни да ја имаме кон неа бидејќи се плашат, како што тие велат, луѓето да не ја

злоупотребат, и со тоа Тебе да не ти се на-несе навреда кога премногу би се оддавала чест на твојата света Мајка. Ако тие видат или чујат некој почитувач на Пресветата Девица како за побожноста кон оваа добра Мајка зборува нежно, силно и уверливо, ка-ко за сигурно средство без прелага, како за скратен пат без погибел, како за неизвалкан пат без несовршеност и како за чудесна тај-на Тебе да те најдеме и совршено да те воз-љубиме, тогаш тие се креваат против него и со илјада разни причини докажуваат дека не треба така да се зборува за Пресветата Девица, дека има многу злоупотреби во таа побожност и дека треба брзо да се отстра-нат и дека треба подобро да се зборува за Тебе отколку да го наговараме светот на побожност кон Пресветата Девица, којашто светот и онака доволно ја љуби. Понекогаш ќе ги чуете дури и нив како зборуваат за побожноста кон твојата Пресвета Мајка, но не за да ја шират и унапредуваат, туку да ги отстранат од неа божемните злоупотреби. Покрај сето тоа,  тие господа се без богољу-бивост и нежна побожност кон Тебе, бидеј-ќи такви се кон Марија, и сметаат дека бро-јаницата и шкапуларот, се побожности кои им доликуваат на жените и незнајковците, и без кои може да се постигне спасение. Но, ако ним им падне в раце некој почиту-вач на Пресветата Девица којшто ја моли својата бројаница или обавува некоја друга побожност во нејзина чест, веднаш му ја менуваат душата и срцето; наместо броја-ницата ќе му советуваат да измоли седум псалми; наместо на побожност кон Пресве-тата Девица ќе го поттикнуваат на побожн-ост кон Исуса Христа.

О мој сакан Исусе, дали се тие луѓе од твојот дух? Ти се допаѓа ли тоа што така работаат?  Дали Тебе Ти е угодно кога не настојуваме со сите сили да $ угодиме на твојата Мајка, плашејќи се дека можеби тоа не ти е Тебе мило? Зарем побожноста кон Твојата света Мајка е пречка за побожноста кон Тебе? Зарем таа си ја припишува на се-бе честа која $ се искажува?  Зарем таа се одделила од Тебе? Зарем Таа е туѓинка која со Тебе нема никаква врска? Зарем Тебе Ти е одвратно кога сакаме да $ се допаднеме? Дали се одделуваме или се оддалечуваме од твојата љубов, кога се предаваме на Марија и кога Неа ја љубиме?

65. Меѓутоа, мој сакан Учителу, со страшно слепило ја казнуваш гордоста на тие мудре-ци! И да е вистина сè што реков, ни тогаш повеќето од тие мудреци повеќе не би го оддалечувале светот од побожноста кон твојата Пресвета Мајка, ниту полошо би го оладувале почитувањето кон неа во души-те. Сочувај ме Господи, сочувај ме да не мислам и да не правам како нив, туку доде-ли ми делче од чувството на благодарност, ценење, почитување и љубов кои ти ги им-аш кон својата света Мајка, за што повеќе да те љубам и славам колку што од побли-ску Те последувам.

66. Бидејќи досега ништо не реков во чест на твојата света Мајка, додели ми милост достојно да ја фалам: Направи достојно да ја фалам твојата Мајка, и покрај сите неј-зини непријатели, кои се и твои, и да им до-викнам гласно со светците: Никој нека не се надева дека ќе добие милосрдие од Бога, ако ја навредува неговата света Мајка.

67. А, за да постигнам од твоето милосрдие вистинска побожност спрема твојата света Мајка и со неа да ја инспирирам сета земја, дај ми пламена љубов кон Тебе и прими ја со таа цел топлата молитва која што ти ја упатувам со свети Августин и со твоите искрени пријатели:

Ти си Христос, мојот свет отец, мо-јот милостив Бог, мојот велик цар, мојот добар пастир, мојот единствен учител, мојот предобар помошник, мојот прекра-сен миленик, мојот жив леб, мојот вечен свештеник, мојот водач во татковината, мојата вистинска светлина, мојата света сласт, мојот пат којшто ме управува, мо-јата прејасна мудрост, мојата чиста про-стодушност, мојот сладок мир, мојата се-вкупна сигурност, моето убаво наследст-во, моето вечно спасение...

Христе Исусе, љубезен Боже, зошто љубев, зошто низ целиот свој живот поса-кував што било друго освен Тебе, Исуса, својот Бог? Каде бев кога не мислев на Те-бе? О вие, сите желби на моето срце, ба-рем отсега распламтете и горете за Го-спода Исуса. Летнете, доста задоцнивте, побрзајте по целта кон која одите. Свој-ствено барајте го оној кого го барате. Ис-усе, проклет да е оној којшто Тебе не Те љуби; (спор. 1. Кор. 16,22) да се исполни со горчина оној којшто Тебе не Те љуби. О, сладок Исусе, нека Те љуби, во Тебе нека ужива, по Тебе нека се занесува секоја до-бра душа, посветена на твојата пофалба. Боже на моето срце и мое наследство. Ис-усе Христе, моето срце нека умре за себе, и Ти биди мој живот! Во мене нека се раз-гори живиот пламен на твојата љубов и нека се разгори во совршен оган! Нека пла-мти секогаш на жртвеникот на моето ср-це! Нека ја запали сета моја внатрешност и нека пламти до дното на мојата душа. На денот на мојот крај да дојдам при Те-бе, завршен од твојата љубов... Амин.

Сакав да ја пренесам на латински оваа прекрасна молитва на свети Августин, за луѓето кои го знаат тој јазик, да ја изговара-ат секој ден, молејќи ја од Бога Исусовата љубов која ја бараме преку Пресветата Ма-рија.

 

Ние им припаѓаме на Исуса и Марија како робови

 

68. ВТОРА ВИСТИНА – Од нашиот однос кон Исуса можеме да заклучиме дека ние не сме свои, како што вели Апостолот, туку целосно Исусови, како негови членови и негови робови, кои тој ги купи неизмерно скапо, со цената на својата крв. Пред крш- тавањето му припаѓавме на ѓаволот како негови робови; но со крштавањето поста-навме вистински робови на Исуса Христа, и повеќе не смееме да живееме, да работиме и умираме туку само да му донесеме род на овој Бого-Човек, да го славиме во своето тело и да го направиме цар на својата душа, зашто ние сме негова имовина, негов стек-нат народ и негово наследство (спор. Рим. 7,14). 

Од истата причина Светиот Дух нè споредува со стебла посадени покрај водата на милоста (спор. Пс. 1,3), на полето на Црквата, кои треба да донесат плодови во свое време; со лозови гранчиња чија лоза е Исус Христос, а кои треба да родат избрано грозје; со стадо, чиј пастир е Исус Христос, а кое треба да се умножи и да дава млеко; со родна земја, која Бог ја обработува, во која семето се множи и раѓа триесеткратно, шеесеткратно, стократно. Исус Христос ја проколна неродната смоква и го осуди не-корисниот слуга којшто не го искористи својот талент. Сето ова докажува дека Исус сака од нас бедните да добие некаков плод од нашите добри дела, зашто тие добри де-ла му припаѓаат само нему: Создадени за добри дела во Исуса Христа (спор. Еф. 2,10).

Тие зборови на Светиот Дух покажу-ваат дека Исус Христос е единствениот по-четок и дека има само една цел на сите на-ши добри дела и дека треба да му служиме не само како наемници туку како рабови на љубовта. Да го објаснам ова.

69. На земјата постојат два начини на кои некој може да му припаѓа на друг или да за-виси од неговата власт: едноставна служба и робување; според тоа ги имаме и насло-вите: слуга и роб. Во обичната служба меѓу христијаните еден се обврзува да му служи на друг за некое време, за договорена плата или за некоја награда. Во ропството чове-кот е целосно зависен од друг во текот на целиот негов живот, и мора да му служи на својот господар без да очекува плата или награда како да е некое од неговите домаш-ни животни над кое тој има право на него-виот живот.

70. Ропството е тривидно: природно, при-силно и доброволно. На првиот начин сите созданија се робови Божји: Јахвина е земја-та и сè на неа (Пс. 24,1); на вториот: ѓаво-лите и осудените; на третиот: праведниците и светците. Доброволното ропство е најсо-вршено и најславно за Бога којшто го гледа срцето, го испитува срцето и се нарекува Бог на срцата или љубезната волја, и нави-стина со тоа доброволно робување се при-клонуваме кон Бога и кон неговата служба повеќе од што било на светот, дури и кога природата не би нè обврзувала на тоа.

71. Целосната разлика помеѓу слугата и ро-бот е:

1. Слугата не му дава на својот господар сè што е, сè што има и сè што може да добие преку друг и сам по себе; но робот се пре-дава на својот господар целосно, со сè што има и што може да добие, без каков било  исклучок.

2. Слугата бара плата за својата служба од господарот; а робот не може ништо да бара, дури и ако работи постојано, вешто и на-порно.

3. Слугата може да го остави својот госпо-дар кога сака, или барем кога ќе истече ро-кот на неговата служба; но робот нема пра-во да го остави својот господар кога ќе му текне.

4. Господарот нема право над животот и смртта на својот слуга, и ако би го убил ка-ко товарно добиточе, би направил непра-ведно убиство; а господарот, според зако-ните на ропството, има право над животот и смртта на робот, и може да го продаде на кого сака или да го убие – условно кажано – како својот коњ.

5. Најпосле, слугата стои во службата на својот господар за извесно време, а робот засекогаш.

72. Ништо не го доведува човекот во толка-ва сопственост на друг колку ропството; ис-то, во христијанскиот живот нема ништо што би нè направило поцелосна своина на Исуса Христа и неговата пресвета Мајка колку доброволното ропство, според при-мерот на самиот Исус Христос, којшто по-ради љубовта за нас зеде лик на роб (спор. Фил. 2,7), и светата Девица која се нарече службеничка и робинка Господова (спор. Лк. 1,38). Апостолот со гордост се нарекува servus Christi (спор. Рим. 1,1; Гал. 1,10). И христијаните во Светото  писмо повеќепати се наречени servi Christi (спор. 1 Кор. 7,22); а зборот servus, како што точно забележал еден голем човек, некогаш значел роб, заш-то сè уште не постоеле слуги во денешна смисла, бидејќи на господарите им служеа само робови или слободни: затоа Катихизи-сот на Светиот Тридентски Собор, за да го отстрани од нас секој сомнеж дека сме ро-бови на Исуса Христа, се изрази со јасен израз, нарекувајќи нè mancipia Christi - Христови робови.

73. Јас велам дека мораме да му припаѓаме на Исуса Христа и да му служиме не само како слуги наемници, туку како добровол-ни робови, кои од голема љубов се даруваат и се посветуваат на неговата служба во својство на робови, поради самата чест што нему му припаѓаат.

Пред крштавањето бевме робови на ѓаволот, крштавањето нè направи Исусови робови: според тоа христијаните се нужно или робови на ѓаволот или робови Исусови.

74. Тоа што го кажувам за Христа апсолут-но, тоа го кажувам за Пресветата Девица релативно, зашто Исус Христос Неа ја из-бра како неразделна придружничка на сво-јот живот, својата смрт, својата слава и сво-јата моќ на небото и на земјата, и со својата милост $ ги даде сите права и привилегии на своето Величество кои Тој ги има по својата природа: Сè што на Бога му оди по природа, тоа на Марија $ оди по милоста, велат светците; така што тие двајцата, според нивните зборови, ги имаат истите поданици, слуги и робови, бидејќи имаат иста волја и иста моќ.

75. Значи, можеме според мислењето на светците и многу други големи луѓе, да се нарекуваме и да се направиме робови на љубовта на Пресветата Девица, за така да бидеме посовршени робови на Исуса Хри-ста. Пресветата Девица е средство со кое нашиот Господ се послужи да дојде при нас; Таа е, исто така, средство со кое треба ние да се послужиме за да дојдеме при не-го, зашто Таа не е како другите созданија, кои ако им се придружиме, повеќе би нè од-далечувале од Бога отколку што би нè при-ближувале кон него; спротивно на тоа, нај-големата тежба на Марија е нас да нè сое-дини со Исуса, својот Син, а најголемата тежба на Синот е да дојдеме при него преку неговата света Мајка. Дури, на тој начин ние му укажуваме чест и му угодуваме, ка-ко што некој би му укажал чест на царот и би му угодил, кога сакајќи да стане, на по-совршен начин,  поданик и роб на царот, би се прогласил за роб на царицата. Ете, така велат Светите Отци, а по нив св. Бонавен-тура, дека Пресветата Девица е патот по кој ќе дојдеме при нашиот Господ: Патот по кој доаѓаме при Христа е приближувањето кон неа.

76. Освен тоа, Пресветата Девица е царица и Владетелка на небото и земјата, како што веќе спомнав: Ете, на Божјата власт сè  $ е подложно, дури и самата Девица; а на власта на Девицата сè $ е подложно, дури и самиот Бог, велат св. Анселмо, св. Бер-нард, св. Бернардин и св. Бонавентура. Та зарем нејзе не $ се поданици и робови сите созданија? Не е ли логично кога има толку присилни робови, да ги има и оние од љу-бов, кои со мила волја ја избираат за своја врховна Господарка како нејзини робови? Што, зарем луѓето и ѓаволите ќе имаат свои доброволни робови, а Марија ќе ги нема? Секој цар смета дека е негова чест ако ца-рицата, неговата придружничка, има робо-ви и власт над нивните животи и нивната смрт, зашто честа и власта на царевите во-едно е и чест и власт на царицата; зарем то-гаш можеме да помислиме дека нашиот Го-спод не би бил задоволен, ако и неговата Пресвета Мајка има свои робови, која Тој како најдобар Син, којшто некогаш посто-ел, неа ја направи соделителка на сета своја власт? Зарем Исус помалку ја почитува и ја љуби својата Мајка отколку Асвер Естира и Соломон Витсавеа (спор. Ест. 5,6 и 1 Цар. 2,19)?

77. Туку,каде ме води моето перо? Зошто толку се задржува докажувајќи толку јасна работа? Ако некој не сака да се нарекува роб на Пресветата Девица, тогаш нека не се нарекува! Само тој нека биде и нека се на-рекува роб на Исуса Христа! На тој начин ќе биде роб и на Пресветата Девица, зашто Исус е плод и слава на Марија. А токму тоа совршено го правиме во побожноста за која ќе зборувам подоцна.

 

Треба да се испразниме од секое зло што е во нас и да се облечеме во новиот човек, Исус Христос

 

78. ТРЕТА ВИСТИНА – Нашите најдобри дела редовно ги валка и ги расипува опако-то дно на нашата душа. Кога некој ќе влее чиста и бистра вода во сад што смрди, или вино во бочва, која однатре ја расипало друго вино, кое пред тоа било во неа, тогаш бистрата вода и здравото вино се расипува-ат, бидејќи лесно го впиваат непријатниот мирис. Исто така, кога Бог ќе ги стави сво-ите милости и небеските роси или доброто вино на својата љубов во садот на нашата душа, расипана од источниот и личниот грев, тогаш неговите дарови редовно ги расипува и валка опакиот квасец и опакиот талог, којшто гревот го оставил во нас; то-гаш со таквиот дах дишат нашите дела, ду-ри и оние кои потекнуваат од највозвише-ните добродетели. Значи, за да ја постигне-ме совршеноста која се стекнува само во соединувањето со Исуса Христа, треба да се испразниме од тоа што е зло во нас: ина-ку нашиот Господ којшто е неизмерно чист и којшто неизмерно ја мрази секоја и најма-ла дамка на душата, ќе нè отфрли од своите очи и нема да се соедини со нас.

79. Зада се испразниме од самите себе, нај-првин треба, со светлото на Светиот Дух, добро да го запознаеме своето опако дно, својата неспособност за какво било добро потребно за спасението, својата слабост во сите работи, својата трајна неспособност, својата недостојност за ниедна милост и својата голема злоба.

Гревот на нашиот прв отец сите нас целосно нè расипа, нè скисели, нè наду и нè згорчи, како што квасецот го крева и го  потквасува сето тесто во кое ќе се стави. Личните гревови кои ги направивме, било да се смртни или лесни, колку било да се опростени, ја зголемиле нашата лакома желба, нашата слабост, нашата непостоја-ност и расипаност, и оставиле лоши остато-ци во нашата душа. Нашите тела се толку расипани, што Светиот Дух (спор. Пс. 51,7 и Рим. 6,6) ги нарекува грешни тела, подло-жни се на илјадници и илјадници болести, секој ден се расипуваат и во нив зачнуваат само шуга, црви и гнилеж. Нашата душа, соединета со телото, стана толку телесна што се нарекува тело: Секое тело на земја-та се изопачи (Пост. 6,12).

Нашето наследство е само гордост и заслепеност на духот, закоравеност на срце-то, слабост и непостојаност во душата, стр-аст, бунт на страстите и болести во телото. По природа ние сме погорди од пауните, прилепени за земјата повеќе од влекачите, погадни сме од јарците, позавидливи од змиите, полакоми од свињите, полути од тигрите, помрзливи од желките, послаби од трската и понепостојани од ветроказот. Не-маме ништо свое во себе освен само ништа-вило и грев, и не заслужуваме ништо друго освен Божјиот гнев и вечниот пекол (спор. Еф. 2,3).

80. Прво, треба ли тогаш да се чудиме кога нашиот Господ му вели на оној којшто сака него да го следи дека треба да се одрекне од себе си и да се мрази самиот себе си; де-ка оној што го љуби својот живот ќе го из-губи, а дека ќе го спаси оној којшто го мра-зи (спор. Мт. 6,24). Оваа неизмерна муд-рост, која не ги дава своите заповеди без причина, наредува да се мразиме самите се-бе, бидејќи сме силно достојни за омраза. Ништо не е толку достојно за љубовта како што е Бог, а ништо толку достојно за омра-за како што сме ние самите.

81. Второ, за да се испразниме од самите себе си, ни треба, исто така, да се умртвиме самите себе си, т.е. ни треба да се одрекне-ме од дејствувањата на нашите духовни си-ли и нашите телесни сетила. Мораме да гледаме како да не гледаме, да слушаме ка-ко ништо да не слушаме, да се служиме со стварите на овој свет како со нив и да не се служиме (спор. 1 Кор. 7,31). Тоа, св. Павле го нарекува секојдневно умирање: Од ден на ден умирам (1 Кор. 15,31). Ако пченично-то зрно не падне на земјата и не умре, ос-танува само (Јн. 12,24), и не дава добар плод.

Ако не се умртвиме самите себе и ако нас најсветите побожности не нè водат во таа потребна и плодна смрт, нема да доне-семе вреден плод. Нашите побожности ќе станат некорисни, и сите наши праведни дела би ги извалкало (спор. Изр. 1,3) наше-то себељубие и нашата сопствена волја. Во тој случај на Бога би му биле одвратни и нашите најголеми жртви и нашите најдобри дела кои би можеле да ги направиме, а на својата смрт ќе се најдеме со празни раце во поглед на добродетелите и заслугите, и не би имале искра на чиста љубов, која се доделува само на душите коишто умреле за самите себеси и чијшто живот е скриен со Христа во Бога (спор. Кол. 3,3).

82. Трето. Од сите побожности кон Пресве-тата Девица треба да ја одбереме онаа која најмногу нè наведува на ова умирање на са-мите себе, бидејќи таа е најдобра и најпо-светена. Да, не смееме да мислиме дека зла-то е сè што сјае, ниту дека е мед сè што е благо, ниту дека е најпосветено тоа што е лесно и што го прават најголемиот број лу-ѓе. Како што има природни тајни со чија помош можеме да направиме некои приро-дни дејствија за кратко време, со мал тро-шок и лесно, исто така, има и тајни во ре-дот на милоста, со чија помош можеме да извршиме натприродни дела за кратко вре-ме, лесно и угодно: да се испразниме од са-мите себе, да се исполниме со Бога и да по-станеме совршени. Вежбата која имам на-мера да ја објавам е една од тие тајни на милоста, која не ја познаваат голем број  христијани, која ја познаваат само мал број богољупци, а уште помалку се оние кои ја извршуваат и на кои таа им донесува сласт. Но, пред да почнам да ја објавувам таа веж-ба, еве ја четвртата вистина која произлегу-ва од третата.

 

Марија со својата мајчинска улога ја олеснува личната средба со Христа

 

83. ЧЕТВРТА ВИСТИНА – Посовршено е да не му се приближуваме на Бога сами, без посредник, зашто тоа е посмирено. Нашето дно како што покажав, е многу расипано ако се потпреме само на своите сопствени напори, на својата умешност и подготовка да дојдеме при Бога и да му угодиме; по-стојано сите наши добри дела ќе се валкаат или ќе имаат мала вредност пред Бога, и не-ма да го трогнат да се соедини со нас и да нè услиши.

            Зашто Бог, навистина, не без причина ни даде посредник. Тој ја виде нашата не-достојност и неспособност, и му беше жал, и ни даде пристап при своето милосрдие, ни даде можни посредници пред своето Ве-личество. Затоа, ако ги занемариме посред-ниците и директно се приближиме кон Божјата светлост без никаква препорака, би значело дека немаме смиреност, дека нема-ме почит кон Бога, кој е толку возвишен и свет. Оној што така работи, помалку го це-ни Царот над царевите, отколку земниот цар и кнез, на кои не би сакале да им се приближиме без некој пријател којшто би зборувал за нас.

84. Со откупувањето нашиот Спасител по-стана наш бранител и наш посредник при Бога-Отецот; преку него ние би требало да се молиме со сета славна и воинствена Црк-ва. Преку него имаме пристап до божестве-ното величество, и никогаш поинаку не смееме да пристапиме пред него освен пот-прени на Исусовите заслуги и облечени во нив, како што малиот Јаков стапи пред сво-јот татко Исак облечен во јарешка кожа, да го прими татковиот благослов (спор. Пост. 27; 1 Јн. 2,1).

85. Зарем навистина не ни треба посредник и кај самиот Посредник? Дали нашата чи-стота навистина е доволно голема за да мо-жеме да се соединиме со него директно и сами по себе? Не е ли тој Бог, еднаков на својот Отец во сè, и следствено и светец над светците, еднакво достоен за почитува-ње како и неговиот Отец? Ако поради неиз-мерната љубов кон нас постана наш гарант и наш посредник пред Бога, својот Отец, да го ублажи и да му плати за сè што ние му бевме должни, зарем затоа имаме помалку почитување и страв пред неговото величе-ство и неговата светост?

Да речеме, значи, отворено, со свети Бернард, дека нас ни треба посредник пред самиот Посредник и дека божествената Ма-рија е најкадарна да ја исполни таа љубезна служба. Како што Исус дојде при нас преку неа, така и ние со нејзина помош треба да дојдеме при Исуса. Ако се плашиме директ-но да одиме при Исуса Христа, Бога, било поради неговата неизмерна величина, било поради нашата нискост, било поради наши-те гревови, тогаш ние без страв jа молиме Марија, својата Мајка за помош и заземање. Таа е добра, Таа е нежна, Таа нема во себе ништо строго или одбивно, ништо превисо-ко или преблескаво; гледајќи ја ние ја гле-даме нашата чиста природа.        

Таа не е сонце кое би можело да нè за-слепи, нас слабите луѓе, со своите силни зраци; туку е убава и пријатна како месечи-ната која прима светлина од сонцето и ја подесува според нашиот слаб очен вид. Толку е љубезна што не го одбива никој кој ја моли за заземање, колкав било грешник да е тој, зашто, како што велат светците, никогаш не се слушнало, откако постанал светот, дека некој прибегнал при Пресвета-та Девица доверливо и истрајно, и дека таа го одбила. Толку е моќна, што нејзините молитви никогаш не биле отфрлени. Довол-но е да се покаже пред својот Син и да се помоли; Тој веднаш услишува, Тој веднаш прима. Тој не може никогаш да им одолее на љубезните молби на својата премила Мајка, сеќавајќи се секогаш на нејзиното крило кое го носело и градите коишто го доеле.

86. Сè што спомнав е извадено од делата на св. Бернард и св. Бонавентура. Според нив, ние можеме да се искачиме до Бога преку три скалички, првата, и за нас најблиска и најзгодна за нашите сили е Марија; втората е Исус Христос, а третата е Бог-Отецот. За да дојдеме до Исуса, треба да дојдеме при Марија, бидејќи таа е нашата посредница со своето заземање. За да дојдеме при веч-ниот Отец, треба да дојдеме при Исуса, зашто тој е наш посредник преку откупува-њето. На тој ред совршено се  придржуваме

во побожноста за која ќе зборувам подоцна.

 

Богатството на милоста го носиме во глинени садови

 

87. ПЕТТА ВИСТИНА. – Многу ни е тешко, поради нашата слабост и кршливост, да ја сочуваме во нас милоста и богатството кои сме ги примиле од Бога. Бидејќи го носиме тоа богатство, кое вреди повеќе и од небото и од земјата, во кршливи садови (2. Кор. 4,7), во распадливо тело и во слаба, непостојана душа којашто секоја ситница ја оборува и поништува.

88. Зашто ѓаволите, тие вешти крадци, сакаат со ненадеен напад да нè поробат и ограбат. Ден и ноќ тие демнат погоден момент за таа работа. Постојано облетуваат околу нас за да нè проголтаат (спор. 1. Пт. 5,8), и за еден миг, со еден грев, да ни ги одземат сите милости и дарови коишто сме ги добиле во текот на повеќе години. Нивната злоба, нивното искуство, нивните заседи и нивниот број би требало да ни влеат голем страв в коски од толку големата несреќа, кога знаеме дека некои личности, исполнети со поголема милост, побогати со добродетели, поутврдени во искуството и поголеми во светоста, биле изненадени и несреќно поробени и ограбе-ни.

О, колку либански кедри и ѕвезди од небото се видени како паѓаат и ја губат сво-јата висина и сиот свој сјај во еден миг! Од каде е таа чудна промена? Не е, навистина, поради недостиг на милоста, зашто таа ни-когаш не недостасува, туку од недостиг на смиреноста. Тие личности си се сметале по-јаки и поспособни отколку што се; се сме-тале себе си дека се кадри да го сочуваат своето богатство; верувале во себе си и се потпирале на себе си. Ја сметале својата ку-ќа доволно сигурна и своите ковчези доста цврсти, да можат да го сочуваат драгоцено-то богатство на милоста. Поради тоа нечув-ствително потпирање на своите сили (иако им се чинело дека се потпираат само на Божјата милост), праведниот Господ дозво-ли да бидат ограбени, препуштајќи ги сами-те на себе. О! Ако ја имаа запознаено пре-красната побожност, која ќе ја прикажам подоцна, тие би го довериле своето богат-ство на силната и верна Девица, а Таа би им го сочувала како своја сопственост.

89. Тешко е да се истрае во состојбата на милоста поради чудната расипаност на све-тот. Денешниот свет е толку расипан, што неговата кал или барем неговата прашина, ги валка истите монашки срца; така што  претставува еден вид чудо ако некој остане постојан среде оваа силна  вода, а да не го занесе; среде ова бурно море, а да не го потонат брановите или да не го ограбат гусарите и разбојниците; покрај овој зага-ден воздух, а да не се зарази. Девицата, ко-јашто е единствено верна и на која змијата никогаш ништо не $ може, само Таа го пра-ви тоа чудо над сите оние кои $ служат колку што можат подобро.

82 празна

Глава ii

 

ЛАЖНИ ПОЧИТУВАЧИ И ЛАЖНИ ПОБОЖНОСТИ КОН ПРЕСВЕТАТА ДЕВИЦА

 

90. Претпоставувајќи ги петте спомнати те-мелни вистини, ако би требало некогаш, то-гаш сега, да направиме избор на вистинска-та побожност кон Пресветата Девица: за-што денес, повеќе од кога било има лажни побожности кон неа, кои лесно можат да се прифатат како вистински. Ѓаволот, како па-ричен фалсификатор и вешт и искусен лаж-го, веќе измамил и упропастил многу души со лажна побожност кон Пресветата Девица и секогаш се служи со своето ѓаволско ис-куство да упропасти уште многу други, за-бавувајќи ги и успивајќи ги во гревот под изговор на некоја слабо измолена молитва и некоја надворешна побожност со која ги инспирира. Како што фалсификаторот на пари редовно фалсификува само злато и сребро, а сосема ретко други пари, бидејќи тоа не му се исплатува, така и опакиот дух не ги фалсификува толку другите побожно-сти отколку оние кои се однесуваат на Ису-са и Марија, имено побожноста спрема Светата Причесна и спрема Пресветата Де-вица, зашто тие се спрема другите побож-ности како што е златото и среброто меѓу другите пари.

91. Од голема важност е да ги запознаеме, на прво место, лажните побожности спрема

Пресветата Девица, да ги избегнуваме, а вистинската да ја прегрнеме; потоа која од многуте разни побожни вежби на вистин-ската побожност спрема светата Девица е најсовршена, и $ е најмила, со која најмно-гу го славиме Бога, а себе си најлесно се посветуваме, таа да ја избереме.

92. Јас наоѓам седум видови лажни почиту-вачи и лажни побожности спрема Пресвета-та Девица. Тоа се: 1. Почитувачи-критича-ри; 2. Плашливи почитувачи; 3. Надвореш-ни почитувачи; 4. Амбициозни почитувачи; 5. Непостојани почитувачи и 7. Себични почитувачи.

 

1. Почитувачи-критичари

 

93. Почитувачите-критичари редовно се горди и мудреци, силни и вообразени духо-ви, кои во дното на својата душа имаат из-весна побожност кон Пресветата Девица, но кои ги разгледуваат скоро сите побожни вежби кон неа, бидејќи не им се по ќефот, а коишто едноставните луѓе ги извршуваат свето и простодушно во чест на оваа добра Мајка. Тие ги доведуваат во сомнеж сите чудеса и настани кои ги донесуваат веродо-стојните сведоци, или се извадени од мона-шките летописи, а го потврдуваат милоср-дието и моќта на Пресветата Девица. Одвратно им е да го гледаат едноставниот и смирен народ како клечи и  му се моли на Бога пред олтарот или пред сликата на Пре-светата Девица, а понекогаш и на аголот на улицата; дури и ги обвинуваат за идолопо-клонство, како тие да се поклонуваат на др-во или камен. 

Велат дека тие, од своја страна, ни најмалку не ги  ценат тие надворешни по-божности и дека не се толку глупави да ве-руваат во многуте приказни и приказнички кои се пренесуваат за Пресветата Девица. Кога некој ќе им ги покаже прекрасните по-фалби со кои светите Отци ја опсипуваат Пресветата Девица, тие одговараат дека или светите Отци зборувале претерано како говорници, или нивните зборови се толку-ваат погрешно. – Треба многу да се чуваме од тој вид на лажни побожници и световни горделивци, бидејќи нанесуваат неизмерна штета на побожноста спрема Пресветата Девица и бидејќи успеваат да го оддалечат народот од таа побожност, а сè под изговор дека од неа ги отстрануваат злоупотребите.

 

2. Плашливите почитувачи

 

94. Плашливите почитувачи се оние кои-што се плашат дека ќе го посрамат Синот со тоа што $ укажуваат чест на Мајката; со возвишувањето на Марија да не го понижат Исуса. Тие не можат да поднесат да $ се оддаваат на Пресветата Девица достојни пофалби, кои $ ги оддаваа светите Отци. Со тешка мака поднесуваат кога повеќе луѓе клечат пред олтарот на Марија отколку пред пресветата Причесна, како тие две по-божности да не можат да се соединат и де-ка оние кои се молат на Пресветата Девица како да не се молат на Исуса Христа преку неа! Тие не дозволуваат да се зборува за неа многу често, ниту некој толку често да $ се обраќа.

Еве неколку нивни обични слогани: Зошто толку бројаници, толку братства и толку надворешна побожност во чест на Богородица? Во тоа има многу незнаење! Тоа ќе ја изложи на подбив нашата вера. Подобро зборувајте ни за Христовите почи-тувачи (често го спомнуваат Исуса, но – па-тем речено – кога го спомнуваат неговото име не ја симнуваат капата): треба при Ису-са да прибегнуваме; тој е наш единствен посредник. Тој треба да биде проповедан: тоа е сериозна побожност. Ова што тие го зборуваат во некоја смисла е и вистинито. Но, бидејќи тие изреки ги применуваат за да ја попречат вистинската побожност спрема Пресветата Девица, нивното збору-вање е погибелна работа, дури тоа е лукава ѓаволска замка, која се сокрива за божем поголемо добро. Зашто никогаш подобро не го почитуваме Исуса Христа отколку ко-га колку што е можно повеќе ја почитуваме Пресветата Девица, зашто неа ја честиме само затоа што посовршено го честиме Исуса Христа и бидејќи нејзе $ се обраќаме како на пат којшто нас нè води кон нашата цел – која е Исус Христос.

95. Светата Црква со Светиот Дух првин ја благословува Марија, а потоа Исуса Хри-ста: Благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба, Исус. Смислата на овие зборови не е дека Пресветата Девица е поголема или еднаква на Синот, бидејќи тоа би било неподносли-во кривоверие, туку тоа значи: за што посо-вршено да го благословуваме Исуса, треба претходно да ја благословуваме Марија. Да речеме, значи, со сите вистински почитува-чи на Марија, против нејзините плашливи почитувачи: О Маријо, ти си благословена меѓу жените, и благословен е плодот на твојата утроба, Исус.

 

3. Надворешни почитувачи

 

96. Надворешни почитувачи се личностите кои ја ставаат сета своја побожност кон Пресветата Девица во надворешните дела. Бидејќи немаат внатрешен дух, им годи са-мо надворешноста на побожноста. Тие ја измолуваат силата на бројаницата, но набр-зина; слушаат многу свети литургии, но без внимание; одат во процесии, но без никаква побожност; влегуваат во сите братства, но нема да го поправат својот живот, ниту да се спротивстават на своите страсти, ниту ќе ги последуваат благодетелите на оваа Пре-света Девица. Ним, во побожноста им се допаѓа само нејзината чувствена страна, а не им е мила нејзината реалност. Затоа ако не чувствуваат сетилна пријатност во свои-те вежби, мислат дека повеќе ништо не пра-ват, се збунуваат и целосно ги напуштаат или ги извршуваат кога ќе им текне.

Светот е полн со такви надворешни побожници. Тие се најстроги критичари на личностите предадени на молитвата, лично-сти кои, секако, не ја презираат надвореш-ната скромност, таа постојана придружнич-ка на вистинската побожност, но најмногу се трудат околу внатрешноста, зашто неа ја сметаат како побитна.

 

4. Амбициозни почитувачи    

 

97. Амбициозните почитувачи се грешници кои се препуштиле на своите страсти, под убавото име христијани и Господови почи-тувачи, прикриваат или гордост, или лако-мост, или нечистотија, или пијанство, или гнев, или пцост, или клеветење, или непра-вда, итн.; кои мирно спијат во своите лоши навики, и не се трудат многу за своето по-правување, со изговор дека се побожни кон Девицата; кои вообразуваат дека Бог ќе им прости, дека нема да умрат без исповед и дека нема да бидат осудени, бидејќи ја молат својата бројаница, постат во сабота, се во братството на св. Бројаница или Шкапуларот или во конгрегациите на Марија, или бидејќи носат облека или синџирче на Пресветата Девица, итн.

            Ако некој им рече дека тоа е ѓаволска измама и погибелна амбициозност кадра да ги упропасти, тие не сакаат да веруваат во тоа. Тие одговараат дека Бог е милостив, не нè создал за да нè осуди; нема човек којшто не греши; дека тие нема да умрат без исповед; доволно е при смртта убаво да се каже: згрешив; покрај тоа побожни се кон Пресветата Девица; носат и шкапулар; примерно секој ден и без суета молат седум Оченаши и седум Здраво Маријо во чест на Богородица; понекогаш ја измолуваат и бројаницата и часословот на Марија, постат итн.

            А, како потврда за тоа што го зборува-ат и за да се заслепат уште  повеќе, повто-руваат некои настани коишто ги слушнале и ги читале во книгите, било да се вистин-ски или лажни – не е важно. Спрема тие на-стани, некои личности сакале некои молит-ви во чест на Пресветата Девица, или извр-шувале некоја побожна вежба, па откако умреле во смртен грев и без исповед, или биле воскреснати да се исповедаат, или со чудо душата им останала во телото сè доде-ка не се исповедале, или на смртниот час поради милосрдното заземање на Богороди-ца добиле од Бога совршено покајание и простување на своите гревови и така се спа-силе. Затоа и тие се надеваат дека на тој на-чин ќе ја добијат истата милост.

98. Меѓутоа, ништо во христијанскиот жи-вот не заслужува поголема осуда од таа ѓа-волска амбициозност. Може ли да се рече дека некој навистина ја љуби Пресветата Девица и $ укажува чест, додека со своите гревови го ранува, прободува, го распнува на крст и го нагрдува без какво било мило-срдие Исуса Христа, нејзиниот Син? Ако Марија смета дека за неа е закон милосрдно да го спасува тој вид на луѓе, тогаш Таа би го одбрала гревот и би го помагала распну-вањето и навредувањето на својот Син; но кој би се осмелил и да помисли на тоа.

99. Јас велам дека побожноста кон Пресве-тата Девица е најсвета и најсериозна по по-божноста кон нашиот Господ и Пресветата Причесна, и затоа да се употребува на тој начин значи да се направи најгрозното све-тогрдие, најголемото и најнепростивото по светогрдието на недостојната причесна.

Признавам дека не е неопходно нужно, ако сакаме да бидеме вистински почитувачи на Богородица, да сме толку свети и да не пад-неме во ниеден грев, иако тоа е пожелно, но – внимавајте добро што велам – ни треба барем: Прво, да имаме цврсто решение дека ќе го избегнуваме барем секој смртен грев, кој ја навредува Мајката ништо помалку от-колку Синот; второ, да се трудиме да не на-правиме никаков грев; трето, да се запише-ме во братството, да молиме света бројани-цаили други молитви, да постиме во сабо-та, итн.

100. Тие добри дела се исклучително кори-сни за обратување и на најотврднатиот гре-шник; и ако мојот читател е таков, дури и ако со едната нога е над бездната, му сове-тувам да ги прави, но, секако, со намера, преку заземање на Пресветата Девица да добие од Бога милост на совршено покаја-ние и простување на гревовите, и да ги со-влада сите свои лоши навики, а никако да не ги прави за мирно да остане во состојба-та на гревот, и покрај сета грижа на сове-ста, спротивно на примерите на Исус Хри-стос и светците и покрај начелата на све-тото Евангелие.

 

5. Непостојани почитувачи

 

101. Непостојани почитувачи се оние кои одвреме-навреме, според расположението, се побожни кон Пресветата Девица; сега се топли, а потоа се млаки; еднаш се подготве-ни да преземат сè во нејзина служба, а мал-ку подоцна повеќе не се тие истите. Првин ќе се посветат на сите побожности кон Ма-рија и ќе се запишат во нејзините братства, а потоа повеќе не ги извршуваат правилата на тие братства.

            Се менуваат како месечината, и со право Марија ги става под нозете, заедно со неа, зашто се превртливи и недостојни да се вбројат во слугите на оваа верна Девица, во којашто верноста и постојаноста се како вродени. Наместо да се претрупуваат со толку молитви и побожни вежби, подобро би им било да одберат помалку и да ги из-вршуваат со љубов и верно, и тоа против светот, ѓаволот и телото.

 

6. Лицемерните почитувачи

 

102. Постои и друг вид на лажни почитува-чи на Марија. Тоа се лицемерните почиту-вачи, кои ги кријат своите гревови и лоши навики, за луѓето да ги сметаат тоа што не се.

 

7. Себични почитувачи

 

103. Постојат и себични почитувачи, кои прибегнуваат при Пресветата Девица само за добијат некое судење, да избегнат некоја погибел, да оздрават од болест или поради некои други слични потреби. Без тоа тие би заборавиле на Неа. И едните и другите се лажни почитувачи, кои ни малку не им се допаѓаат ни на Бога ни на неговата Мајка.

104. Значи, добро да се чуваме да не сме во бројот на почитувачите-критичари, кои ни-што не веруваат и сè критизираат; во плаш-ливите почитувачи кои се плашат дека пре-големата побожност кон Пресветата Девица би им пречела во почитувањето на Исуса Христа; во надворешните почитувачи кои ја ставаат сета своја побожност во надворе-шни вежби; во амбициозните почитувачи, кои под изговор на својата лажна побож-ност спрема Богородица гнијат во своите гревови; на непостојаните почитувачи кои лесно ги менуваат своите побожни вежби или сосема ги напуштаат во време и на нај-мали напасти; лицемерните почитувачи, кои се запишуваат  во братствата на Бого-родица и носат Богородична облека, за лу-ѓето да  мислат дека се добри; и најпосле на себичните почитувачи, кои прибегнуваат при Пресветата Девица само за да се осло-бодат од телесните зла или да постигнат времени добра.


Глава III

 

ЗНАЦИТЕ НА ВИСТИНСКАТА ПОБОЖНОСТ КОН ПРЕСВЕТАТА ДЕВИЦА

 

105. Откако ги разоткривме и осудивме лажните побожности кон Пресветата Деви-ца, сега треба, со малку зборови да  обја-сниме вистинската која што е: 1. внатреш-на, 2. нежна, 3. света, 4. постојана, 5. несе-бична.

 

1. Внатрешна побожност

 

106. Пред сè, вистинската побожност кон Пресветата Девица е внатрешна, т.е., таа произлегува од душата и срцето и потекну-ва од цената со која ја цениме Пресветата Девица, од возвишеното сфаќање на нејзи-ната величина и од нашата љубов кон неа.

 

2. Нежна побожност

 

107. Второ, таа е нежна, т.е. таа е полна со доверба во Пресветата Девица, како што и детето е полно со доверба во својата добра мајка. Таквата побожност нè наведува да прибегнуваме при неа во сите наши потре-би, телесни и душевни, со голема едностав-ност, доверба и нежност; нејзе да $ се мо-лиме како на своја добра Мајка во секое време, на секое место и во сè, во нашите сомнежи - за да ни ги разреши; во нашите застранувања - за да нè приведе на правиот пат; да нè поткрепи; во нашите слабости - за да нè зајакне; во нашите падови - за да нè подигне; во нашата малодушност - за да нè охрабри; во нашите скрупули - за да нè ос-лободи од нив; во нашите крстови, маки и противностите во нашиот живот - за да нè утеши. Со еден збор, во сите наши телесни и духовни неволји душата редовно прибег-нува при Марија, без каков било страв дека ќе $ досадува на оваа добра Мајка и дека поради тоа ќе му биде жал на Исуса.

 

3. Света побожност

 

108. Трето. Вистинската побожност кон Пресветата Девица, е света, т.е. ја наведува душата да бега од гревот и да ги следи Неј-зините добродетели, особено нејзината дла-бока смиреност, нејзината жива вера, нејзи-ната слепа послушност, нејзината постоја-на молитва, нејзиното севкупно умртвува-ње, нејзината божествена чистота, нејзина-та пламена љубов, нејзината јуначка трпеливост, нејзината ангелска благост и нејзината возвишена мудрост. Тоа се десет-те главни добродетели на Пресветата Деви-ца.

 

4. Постојана побожност

 

109. Четврто. Вистинската побожност кон Пресветата Девица е постојана. Таа ја утвр-дува душата во доброто, ја наведува да не ги изостава лесно своите духовни вежби, $ дава храброст да се противи на навиките и начелата на светот, на досадувањата и те-лесните страсти и на ѓаволските искушени-ја.

            Затоа личноста која е вистински по-божна кон Мајката Божја не е ни најмалку превртлива, смуртена, скрупулозна или плашлива. Не ќе речам дека понекогаш не ќе падне и не ќе изгуби од чувствената по-божност. Но, ако падне, таа се подигнува пружајќи ја својата рака кон својата добра Мајка. Ако не наоѓа чувствена пријатност во побожноста, за тоа не се вознемирува, зашто праведникот и верниот почитувач на Марија живее од верата на Исуса и Марија, а не од телесните чувства.

 

5. Несебична побожност

 

110. Петто. Најпосле, вистинската побож-ност кон Пресветата Девица е несебична, т.е., таа ја инспирира побожната душа ни малку да не се бара самата себе туку само Бога во неговата Пресвета Мајка. Вистин-скиот почитувач на Марија не $ служи на оваа возвишена Царица од лакомост за до-бивка и корист, ниту поради свое привре-мено или вечно добро, ниту телесно ниту духовно, туку само затоа што Таа заслужу-ва да $ се служи нејзе и само на Бога во неа. Не ја љуби Марија затоа што му дели милости или се надева на добро од неа, ту-ку затоа што е достојна за љубов. Затоа ја љуби и $ служи исто верно и во својата до-сада и суша, како и во својата чувствена сласт и пламеност. Еднакво ја љуби на Гол-гота како и на свадбата во Кана.

            О, колку ли е пријатен и мил во Бож-јите очи и во очите на неговата Пресвета Мајка таквиот почитувач на Марија, којшто ни најмалку не гледа на себе си во нејзина-та служба. Но, дали е редок таквиот денес? Токму затоа за да не биде редок, го зедов перото в раце за да  го ставам на хартија тоа што со успех го поучував јавно и приватно во своите мисии во текот на многу годи-ни.

111. Веќе доволно кажав за Пресветата Де-вица развивајќи ја својата основна мисла, а таа е; да оформиме вистински почитувач на Марија и вистински Исусов ученик. Секако дека за ова имам уште многу да кажам, а знам дека неизмерно повеќе е тоа што ќе го пропуштам од незнаење, неспособност и недостиг на време.

112. О, кога овој мој труд би бил добро упо-требен, кога оваа мала книга би паднала во рацете на некоја добродетелна душа, која е родена од Бога и од Марија, а не од крв ни-ту од волја машка (спор. Јн. 1,13) и на таа душа да $ ја откријам и вдахнам, преку ми-лоста на Светиот Дух, одличноста и цената на вистинската и сериозна побожност кон Пресветата Девица, која еве сакам да ја из-ложам!

            Кога би знаел дека мојата грешна крв би можела да послужи да се опфатат срцата со оваа вистина која ја пишувам во чест на својата драга Мајка и врховна Господарка, чиј последен син сум јас, тогаш со својата крв би се послужил место со мастило да ги напишам овие букви, со надеж дека ќе нај-дам добри души кои со верно извршување на побожностите, што ги поучувам, ќе $ на-дополнат за загубите кои јас $ ги нанесов со својата неблагодарност и неверност.

Пророчко предвидување за судбината на овој спис

 

113. Чувствувам, повеќе од кога било пора-но, дека нешто ме храбри да верувам и да се надевам на сè што длабоко сум го втис-нал во срцето и што веќе со години го мо-лам од Бога, имено: дека Пресветата Деви-ца порано или подоцна ќе има повеќе од ко-га било синови, слуги и љубезни робови, и дека со тоа средство Исус, мојот драг Го-сподар, ќе завладее во срцата како никогаш до сега.

114. Гледам однапред полно разгневени ѕверови како бесно напаѓаат за да го растрг-нат, со своите ѓаволски заби, овој мал спис и онега којшто се послужи со Светиот Дух да го напише, или барем овој спис да биде обвиен со темнина и со молк во некој ков-чег, за да не биде обелоденет. Тие ѕверови, секако, ќе ги напаѓаат и прогонуваат и сите оние кои ќе го читаат и ќе го спроведуваат во дело. Но, ништо поради тоа! Дотолку по-добро! Овој поглед ми влева одлучност и надеж за среќен успех, а тој е: доаѓањето на голема чета  храбри и верни војници на Исуса и Марија, од двата пола, кои ќе удрат на светот, на ѓаволот и на расипаната при-рода во погибелните времиња кои се при-ближуваат повеќе од кога било: Кој чита, нека разбере! Кој може да сфати, нека сфати! (Мт. 24,15; 19,12).


стр. 100 празна

Глава IV

 

ПОГЛАВНИТЕ ВЕЖБИ НА ПОБОЖНОСТА КОН МАРИЈА

 

Општи вежби на побожност кон Марија

 

115. Постојат повеќе внатрешни вежби на вистинската побожност кон Пресветата Де-вица. Еве ги накратко главните:

1. Да ја почитуваме како достојна Мајка Божја и тоа да ја цениме и почитуваме по-веќе од сите други светци, бидејќи Пресве-тата Девица е ремек-дело на милоста и прва по Исуса, вистинскиот Бог и вистинскиот чо-век. 2. Да размислуваме за нејзините до-бродетели, нејзините привилегии и дела. 3. За ги разгледуваме нејзините величини. 4. Да $ искажуваме дела на љубовта, пофалби и благодарности. 5. Срдечно молитвено да ја повикуваме. 6. Да $ се прикажуваме и со неа да се соединуваме. 7. Да ги вршиме своите дела со намера нејзе да $ угодиме. 8. Да ги започнуваме, да ги вршиме и да ги за-вршуваме сите свои дела преку неа, во неа, со неа и за Неа, така да ги вршиме преку Исуса, во Исуса, со Исуса и за Исуса, кој-што е нашата последна цел. Оваа последна вежба поблиску ќе ја протолкуваме.

116. Вистинската побожност кон Пресвета-та Девица има, исто така, и повеќе надворешни вежби, од кои главни се: 1. Да се запишеме и да влеземе во нејзините братства и конгрегации. 2. Да влеземе во монашките установи кои како цел го имаат почитувањето на Марија. 3. Да ја шириме нејзината слава. 4. Да делиме милостина во нејзина чест, да ги постиме постовите и да вршиме духовни и телесни умртвувања. 5. Да ги носиме нејзините знаци, како света бројаница, шкапулар или синџирче. 6. Да го молиме внимателно, побожно и скромно или ружаријот, кој што се состои од петнае-сет десетици здравомарија, во чест на пет-наесетте главни Исусови тајни, или броја-ницата од пет десетици, т.е. третиот ден на ружаријот, или во чест на петте радосни тајни, кои се: Навестувањето, Посетата, Исусовото раѓање, Очистувањето на Мари-ја и Наоѓањето на Исуса во храмот; или во чест на петте жалосни тајни, кои се: Исусо-вата смртна борба во Гетсиманската гради-на, Бичувањето, Крунисувањето со трње, Патот кон Голгота со крстот на плеќите и Распнувањето; или во чест на петте славни тајни, кои се: Исусовото Воскресение, Воз-несението, Слегувањето на Светиот Дух или Педесетница, Вознесението на Марија на Небо со душата и телото и нејзиното крунисување од трите личности на Пресве-тото Тројство.

            Може да се моли и бројаницата од шест или седум десеттини, во чест на годините кои, како што се смета, Марија ги поживеала овде на земјава; или малата бро-јаница на Пресветата Девица, која се состои од три Оченаши и дванаесет здравомаријо, во чест на нејзината круна со дванаесет ѕвезди или привилегии: или часословот на Богородица, толку општо примен и молен во Црквата; или малиот псалтир на Богоро-дица, кого го составил св. Бонавентура во нејзина чест, а кој што нè исполнува со слатки и побожни чувства што е невозмож-но да го молиме а да не бидеме трогнати; или 14 Оченаши и здравомарија  во чест на 14 радости на Богородица; или некои други молитви, химни и црковни песни, како Здраво Царице, Славна Мајко на Спасите-лот, Рајска круно, рајска славо или Царице на небото радувај се спрема различностите на годишните времиња; или Здраво Ѕвездо на морето, О славна Госпоѓо, итн., или Ве-личај или други побожни молитви со кои се полни книгите.

7. Да пееме духовни песни во нејзина чест и да го шириме тоа пеење. 8. Одреден број пати да клекнеме во нејзина чест или да се поклониме, говорејќи, на пример, секое ут-ро 60 или 100 пати: Здраво Маријо, Девице верна, за преку нејзино заземање да остане-ме тој ден верни на Божјите инспирации; и навечер: Здраво Маријо, Мајко на милоср-дието, за преку неа од Бога да добиеме про-стување на гревовите кои сме ги направиле тој ден. 9. Да се грижиме за нејзините брат-ства, да ги китиме нејзините олтари, да ги крунисуваме и украсуваме нејзините слики. 10. Да ги носиме нејзините слики во лити-ите и да го шириме таквото носење, а и со себе да носиме една како оружје против ло-шиот дух. 11. Да нарачаме да се насликаат нејзини слики или да го врежеме нејзиното име, и да ги ставаме во црквите или во ку-ќите, или на вратите и на влезовите во гра-довите, црквите и куќите. 12. Да $ се посве-тиме нејзе на посебен и свечен начин.

117. Постојат и други побожни вежби на вистинската побожност кон Пресветата Де-вица, кои Светиот Дух ги вдахнал во по-божните души, а коишто многу помагаат да се посветиме; обилно можат да се најдат во книгата Рај отворен на љубителот на све-тоста, која ја напишал чесниот Отец Пол Бари, исусовец. Тука тој собрал голем број побожности, кои што светците ги вршеле во чест на Пресветата Девица, кои прекрас-но им помагаат на душите да се посветат, само ако ги вршат како што треба.

            А треба да ги вршиме: 1. Со добра и вистинска цел да му угодиме само на Бога, да се соединиме со Исуса како наша после-дна цел и да му користиме на ближниот; 2. Внимателно, без намерни растресености; 3. Побожно без брзање и немарност; 4. Скро-мно и со сериозен и примерен став.

 

Совршена вежба на побожност кон Марија

 

118. И покрај сето тоа, сепак, еве, свечено изјавувам: нека сум ги прочитал скоро сите книги кои расправаат за побожноста кон Пресветата Девица, и нека имам разговара-но со најсветите и најмудрите личности на овие последни времиња, и покрај сето тоа не можев да запознам ниту да научам по-божна вежба кон Мајката Божја слична на оваа за која ќе зборувам, а која од душата би барала повеќе жртва за Бога, која повеќе би ја испразнила од самата себе и од нејзи-ното себељубие, која поверно би ја сочува-ла во милоста и милоста во неа, која посо-вршено и полесно би се соединила со Ису-са и која, најпосле, би била пославна за Бога, попосветена за душата и покорисна за ближниот.

119. Бидејќи суштината на оваа побожност е да се изградува внатрешноста, нема секој исто да ја разбере. Некои ќе се задржат на нејзината надворешност и нема да одат по-натаму; таквите ќе ги има најмногу. Некои, и тоа малкумина, ќе влезат во нејзината внатрешност, но ќе се искачат само на неј-зината прва скаличка. А кој ќе се искачи на втората скаличка? Кој ќе стигне до третата? Најпосле, кој на таа трета скаличка ќе стои постојано? Само оној на кого Исусовиот Дух ќе му ја открие таа тајна. На таа висо-чина сам Светиот Дух ќе ја води силно вер-ната душа, да напредува од добродетел во добродетел, од милост во милост, од свет-лина во светлина, за еднаш да достигне до своето преображение во Исуса и до полно-тата на неговата возраст на земјава и до не-говата слава на небото. 

 

Трет дел

 

Совршена посвета на Исуса Христа

 

108 празна

Глава  I

 

БИТНА СОДРЖИНА НА ПОСВЕТАТА

 

120. Сета наша совршеност се состои во ова: да се уподобиме на Исуса Христа, со него да се соединиме и нему да му се по-светиме. Затоа, без сомнение, најсовршена од сите побожности е онаа која најсоврше-но нè уподобува, со него нè соединува и на него нè посветува. А бидејќи Марија од си-те созданија е најуподобена на Исуса, до-следно на тоа и побожноста кон блажената Девица, светата Мајка на нашиот Господ, повеќе од која било друга побожност ја по-светува и ја уподобува душата на Исуса, така што колку повеќе некоја душа е посве-тена на Марија, толку повеќе ќе биде посве-тена и на Исуса Христа.

               

Целосно предавање на Исуса преку Марија

 

121. Значи, оваа побожност се состои во тоа целосно да се предадеме на Пресветата Де-вица, и така да бидеме преку неа целосно Исусови. Треба нејзе да $ ги подариме: 1. Своето тело со сите негови чувства и орга-ни; 2. Својата душа со сите нејзини сили; 3. Сите надворешни богатства, таканаречени-те богатства на имотот, сегашни и идни; 4. Своите внатрешни и духовни богатства, а тоа се нашите заслуги, добродетели и на-шите добри дела, минати, сегашни и идни; со еден збор, сè што имаме од природата и од милоста, милостите и славата, и тоа без никакво ограничување, без исклучување ни на една пара, ни влакно, ни најмало добро дело, и тоа за сета вечност. Дури, не смееме да бараме никаква друга награда за тој наш дар и служба, ниту да се надеваме, освен единствената чест што му припаѓаме на Исуса преку Марија и во Марија, сè дури кога оваа љубезна Господарка не би била, како што е секогаш, највеликодушната и најблагодарната од сите створенија.

122. Овде треба да напомнеме дека во до-брите дела кои ги правиме има две работи: надомест и заслуга, т.е. надомест или проз-бена вредност и заслужна вредност. Надо-местокот или прозбената вредност на некое добро дело е самиот добар чин, доколку со него ја задоволуваме казната за гревовите или постигнуваме некоја нова милост; а за-служната вредност или заслуга, е добар чин доколку заслужува милост и вечна слава.

            Ние, ете, со оваа посвета $ го подару-ваме на Пресветата Девица сиот надомест или прозбената и заслужната вредност на своите добри дела; со други зборови: $ ги даваме надоместокот и заслугите на сите свои добри дела. º ги даваме своите заслу-ги, своите милости и своите добродетели, не за таа да ги додели на другите (зашто нашите заслуги, милости и добродетели, право зборувајќи се неотуѓиви; единствени-от Исус Христос, со тоа што постана наша гаранција при Отецот, можеше да ни ги до-дели нам своите заслуги), туку таа да ни ги сочува, умножи и разубави, како што тоа подоцна ќе го објасниме; но своите надоме-сти $ ги даваме да ги додели на кого сака и за поголема слава Божја.

123. Од тоа следи: 1. Со оваа побожност му даваме на Исуса на најсовршен начин, име-но преку рацете на Марија, сè што можеме да му дадеме, и тоа многу повеќе отколку преку другите побожности, во кои му дава-ме или дел на своето време, или дел од сво-ите добри дела, или дел од своите надоме-стоци или умртвувања. Со оваа побожност сме му дале и посветиле сè, дури и правото да располагаме со своите внатрешни богат-ства и надоместоци коишто од ден на ден ги стекнуваме со добрите дела; такви кои не се прават во ниеден ред. Монасите му ги даваат на Бога богатствата од имотот со за-ветот на сиромаштвото, телесните богатст-ва со заветот на чистотата, својата волја со заветот на послушноста, а понекогаш и те-лесната слобода со заветот на затвореноста; но не му ја даваат на Бога слободата или своето природно право да располагаат со вредноста на своите добри дела, ниту се ли-шуваат, доколку е тоа можно, од она што христијанинот го има и што е најскапо и најдрагоцено, т.е. од сопствените заслуги и сопствените надоместоци.

124. 2. Личноста која на тој начин добро-волно му се посветила и му се жртвувала на Исуса преку Марија не може повеќе да рас-полага со вредноста на ниедно свое добро дело. Сè што добро трпи, мисли, говори и прави $ припаѓа на Марија, за со тоа да рас-полага според волјата на својот Син и на негова поголема слава.

            Се разбира дека таа зависност ништо не им смета на сталешките обврски, кои не-кој ги има сега или ќе ги има во иднина: на пример, обврските на некој свештеник кој-што, преку службата или поинаку, мора да ја намени за одредена личност надоместна-та или прозбената вредност  на светата ми-са; зашто својот дар $ го прикажуваме на Марија само според Божјите одредби и спо-ред своите сталешки должности.

125.  Посветувајќи $ се на Пресветата Де-вица, ние воедно му се посветуваме и на Исуса Христа: на Пресветата Девица како на совршено средство кое Исус го одбрал за да се соедини со нас и нас да нè соедини со себе; а на нашиот Господ како на своја конечна цел, на кого му должиме сè што сме, зашто тој е наш Искупител и наш Бог.

 

Совршена обнова на заветите од крштението

 

126. И веќе реков дека оваа побожност мо-жеме добро да ја наречеме обнова на крш-телните завети или ветувања. Навистина, секој христијанин пред крштението беше роб на Сотоната, на кого му припаѓаше, но на своето крштение, со своја уста или преку кумот или кумата, свечено се одрекна од Сотоната, неговата раскош и неговите дела, и го зеде Исуса за свој Господар и врховен Господ, да биде зависен од него како роб на љубовта. А токму тоа го правиме во оваа наша побожност: се одрекнуваме од ѓаво-лот, светот, гревот и од самите себе (како што е тоа речено во формулата на посвету-вањето) и целосно се предаваме преку раце-те на Марија.

            Всушност правиме и нешто повеќе, зашто на крштевањето зборуваме редовно преку туѓа уста, имено на кумот и кумата, и се предаваме на Исуса преку застапник; до-дека во оваа побожност се предаваме сами-те себе, од своја волја и со целосно разби-рање за тоа што го правиме. На светото кр-штевање не се даруваме на Исуса само пре-ку рацете на Марија, барем не директно, ниту му ја даваме вредноста на своите до-бри дела; затоа по крштевањето остануваме целосно слободни да ја намениме таа вред-ност на кого сакаме, или да ја задржиме за себе. Во оваа побожност, спротивно на тоа, директно се предаваме на Исуса преку ра-цете на Марија, и му ја посветуваме вред-носта на своите дела.

127. Луѓето се заветуваат на светото крште-ние – вели св. Тома – дека се одрекнуваат од ѓаволот и неговата раскош. Тој завет е највозвишен и најнеопходен, за што св. Ав-густин вели: Крштението е нашиот најго-лем завет, со кој се заветуваме дека ќе ос-танеме во Христа. Тоа истото го тврдат и црковните правници: Главно  завет е оној со којшто се заветуваме на крштението. Меѓутоа, кој го извршува тој велик завет? Кој верно ги одржува ветувањата од свето-то крштение? Не го изневеруваат ли сите христијани ветувањето кое му го дале на Исуса на своето крштение?

            А, од каде може да дојде ова општо безредие ако не од тоа што живееме забора-вајќи ги ветувањата и обврските на светото крштение и од тоа што скоро никој не си го потврдува на самиот себе заветниот дого-вор којшто некогаш го склучивме со Бога преку кумот и кумата?

128. Дека ова е жива вистина, изјави Собо-рот во Сенс, што го свика Људевит Побож-ниот за да ги отстрани големите нереди кои се појавиле меѓу христијаните. Тој Собор заклучи дека главната причина на толку го-лемата расипаност во животот  доаѓа од тоа што луѓето живеат заборавајќи ги или не познавајќи ги обврските на светото крште-ние, и сметаше дека најзгодно средство со кое може да се побие толку големото зло, е да се наведуваат христијаните на обнова на крстните завети и ветувања.

129. Катехизисот на Тридентскиот Собор, верните толкувачи на тој свет Собор, ги  поттикнува свештениците да го прават ис-тото и да ги привикнуваат своите верници да си спомнуваат и да веруваат дека се за-висни од Исуса и дека му се посветени како робови на својот Искупител и Господар. Еве што вели Катихизисот: Парохискиот свештеник нека ги поучи верниците дека е сосема праведно вечно да се предадеме и посветиме на својот Искупител и Госпо-дар, не поинаку туку како робови.

130. Значи ако, Соборите, Отците и искуст-вото ни кажуваат дека најдоброто средство, со кое ќе се поправат нередите кај христија-ните, е да им се довикуваат во паметта кр-стните обврски и да се наведуваат на обно-ва на заветите направени на крштението, не е ли тогаш паметно без колебање тоа да го направиме на совршен начин во оваа по-божжност и посвета на нашиот Господ пре-ку неговата света Мајка? Нагласувам: на совршен начин, зашто да се посветиме на Исуса, се служиме со најсовршеното сред-ство, а тоа е Пресветата Девица.

 

Одговор на некои приговори

 

131. Не може да се приговори дека оваа по-божност е нова или неважна. Не е нова, би-дејќи Соборите, светите Отци, многу писа-тели, стари и нови, зборуваат за оваа посве-та на нашиот Господ или за обновата на за-ветите од светото крштение како за нешто што одамна се правело, и таа посвета им ја советуваат на сите христијани. Не е оваа побожност неважна, зашто главниот извор на сите безредија, а со тоа и на вечното осу-дување на христијаните, е заборавањето на оваа света вежба и немарноста кон неа.

132. Некој би можел да рече дека оваа по-божност ни ги врзува рацете, и не можеме да им помогнеме на душите на своите роди-тели, пријатели и добротвори. Бидејќи со неа му ја дарувавме на Господа, преку ра-цете на Пресветата Девица, вредноста на сите свои добри дела, молитви, умртвувања и милостини. На тоа одговарам.

            Прво. Неверојатно е дека нашите при-јатели, родители или добротвори ќе трпат штета затоа што ние неограничено сме се предале и посветиле во служба на својот Господ и неговата света Мајка. Да се прет-постави нешто такво значи да се навредува моќта и добрината на Исуса и Марија, кои убаво ќе знаат да им помогнат на нашите родители, пријатели и добротвори од наша-та мала добивка или на други начини.

            Второ. Оваа вежба не ни пречи да се молиме за другите, било за покојните, било за живите, иако намената на нашите добри дела зависи од волјата на Пресветата Деви-ца; напротив, тоа ќе ни биде поттик да се молиме со поголема доверба, како што не-која богата личност, која би ги дарувала своите богатства на можниот владетел за подобро да го почести, би го молела потоа тој владетел со поголема доверба да му до-дели милост на пријателот кој би му се пре-порачал за тоа. Всушност на тој владетел би му било мило што му се дава прилика да може да го искаже своето признание на таа личност која се оголила за  да го облече не-го, и која се осиромашила за него да го по-чести. Тоа истото треба да се каже и за на-шиот Господ и Пресветата Девица: тие не-ма да дозволат некој некогаш да ги победи во великодушноста.

133. Некој можеби ќе рече: ако $ ја дадам на Пресветата Девица сета вредност на сво-ите добри дела, да ги наменува на кого са-ка, тогаш можеби јас ќе мора долго да тр-пам во чистилиштето. Овој приговор, кој доаѓа од себељубието и непознавањето на великодушноста на Бога и неговата Пресве-та Мајка, паѓа сам од себе. Горливата и благородна душа, која се зазема за Божјите интереси повеќе отколку за своите, која му дава на Бога сè што има, без никаков исклу-чок, така што не може повеќе, non plus ul-tra, која гори од желбата за царството на Исуса Христа и неговата Пресвета Мајка, и која се жртвува тоа да го постигне; зарем, велам, таа благородна и великодушна душа ќе биде повеќе казнета во другиот свет за-тоа што била повеликодушна и понесебич-на од другите? Токму спротивното! Нашиот Господ и неговата Пресвета Мајка ќе се по-кажат спрема таа душа највеликодушни и на овој и на оној свет, во редот на природа-та, милоста и славата, како што тоа подоц-на ќе го видиме.

 

Глава  II 

 

ПОТТИЦИ КОИ НИ JA ПРЕПОРАЧУВААТ ОВАА ПОБОЖНОСТ

 

134. Сега ќе ги видиме, што е можно по-кратко, поттикнувањата кои ни ја препора-чуваат оваа побожност, прекрасните резул-тати кои таа ги произведува во верните ду-ши, и нејзините вежби.

 

1. Оваа побожност целосно нè посветува на божјата служба

 

135. ПРВ ПОТТИК - : одличноста на оваа наша посвета на Исуса Христа преку рацете на Марија. Ако не постои повозвишена служба на земјата од службата на Бога; ако најмалиот Божји слуга е побогат, помоќен и поблагороден од сите земни цареви и кра-леви кои не му служат на Бога, колку  то-гаш е подобро богатството, моќта и досто-инството на верниот и совршен Божји слуга кој се посветил на неговата служба целос-но, без ограничувања! Ете, таков е верниот и љубезен Исусов роб во Марија, којшто целиот се предал на службата на овој Цар над царевите, преку рацете на неговата све-та Мајка и којшто ништо не задржал за се-бе: сето земно богатство ниту сите небесни убавини не можат да го платат.

 136. Други конгрегации, задруги, братства, основани во чест на нашиот Господ и него-вата света Мајка, кои прават многу добрини  во христијанството, не наложуваат да се по-дари сè неограничено; тие им пропишуваат на своите членови само некои вежби и деј-ствија, да ги задоволат преземените обвр-ски, а надвор од тоа им ги оставаат слобо-дни сите други дела и сето останато време од нивниот живот.

            А, со оваа побожност ние им ги дава-ме на Исуса и Марија сите свои мисли, збо-рови, дела и страданија и сето време од сво-јот живот без никаков исклучок. Затоа, би-ло да бдееме или спиеме било да пиеме или јадеме било да правиме дела најважни или најневажни, секогаш можеме вистински да речеме дека сè што работиме е од Исуса и Марија, доколку со исказ тоа не сме го от-повикале. Каква ли утеха!

137. Освен тоа, како што веќе спомнав, не-ма позгодна вежба од оваа за полесно да се ослободиме од оној дух на себељубие кој незабележливо се вовлекува во нашите нај-добри дела; и нашиот добар Исус ни ја дава таа голема милост на духовното сиромаш-тво како награда за нашето јуначко и несе-бично дело, со кое ние му ја отстапивме се-та вредност на своите добри дела преку ра-цете на неговата света Мајка. Ако тој дава стократно, дури и на овој свет, на оние кои-што од љубов спрема него ги оставаат надворешните, времени и пропадливи богатства, тогаш колкава стократност ќе му даде на оној којшто ги жртвува и самите свои внатрешни и духовни богатства.

138. Нашиот голем пријател Исус ни се предаде неограничено со тело и душа, со добродетелите, милостите и заслугите. Целиот ме здоби давајќи се целиот за мене - вели св. Бернард; не нè обврзува ли тогаш, должноста на правдата и благодарноста и ние да му дадеме нему сè што можеме да му дадеме? Тој прв беше великодушен кон нас, да бидеме и ние кон него, и ќе видиме дека тој со нас ќе биде уште повеликодушен во времето на нашиот живот, смртта и во сета вечност. „Со великодушниот ќе биде великодушен“.

 

2. Во оваа побожност го наследуваме примерот на Исуса и се вежбаме во понизноста

 

139. ВТОРИОТ ПОТТИК -  ни покажува дека е праведно во себе и корисно за христијанинот со оваа вежба целиот да се посвети на Пресветата Девица, за така да биде посовршено посветен на Исуса Христа. На овој добар Учител не му беше непријатно да се затвори во крилото на Пресветата Девица како некој затвореник и роб на љубовта, и да $ биде покорен и подложен во текот на триесет години. Овде на човекот, пак велам, му застанува паметта кога сериозно ќе се замисли во тоа однесување на отелотворената Мудрост, која можеше директно да се предаде на луѓето, но не сакаше, освен преку Пресветата Девица; која не сакаше да дојде во светот на возраст од оформен човек независна од друг, туку како сиромашно и мало дете, зависно од грижата и негата на својата Пресвета Мајка.

            Оваа бескрајна Мудрост, горејќи од неизмерна желба за славата на Бога, својот Отец, и за спасението на луѓето, не најде за тоа посовршено и попригодно средство отколку во сè да се подложи на Пресветата Девица, и тоа не само првите осум, десет или петнаесет години од својот живот, како другите деца, туку триесет години; и му даде поголема слава на Бога, својот Отец, отколку што би му дала кога тие триесет години би ги провела правејќи чуда, проповедајќи по сета земја, преобратувајќи ги сите луѓе; инаку Таа тоа би го сторила. О! О! Убаво би го славеле Бога кога според Исусовиот пример ќе се подложиме на Марија! Кога имаме пред очи толку јасен и на секого познат пример, зарем ќе бидеме толку луди и ќе веруваме дека може да се најде посовршено и позгодно средство за славата Божја од тоа да се подложиме на Марија наследувајќи го во тоа нејзиниот Син?

140. Како доказ за нашата зависност од Пресветата Девица, веќе претходно ги изнесов примерите коишто во тој поглед ги даваат Отецот, Синот и Светиот Дух. Да се потсетиме што реков тогаш. Отецот не го даде, ниту го дава својот Син освен преку Марија, ниту добива деца освен преку неа, ниту ги дели своите милости освен преку неа. Бог-Синот не е обликуван за сите луѓе воопшто туку преку неа, ниту се обликува ниту се раѓа во срцата на верниците туку преку неа во заедница со Светиот Дух, ниту ни ги дели своите милости и добродетели освен преку неа.

            Светиот Дух не го обликува Исуса Христа освен преку неа, ниту ги обликува деловите на неговото таинствено тело освен преку неа, и не ги дава своите дарови и своите милости освен преку неа. После толку и така големи примери на самото Пресвето Тројство зарем ќе можеме, без крајна заслепеност, да бидеме без Марија и не ќе $ се посветиме нејзе одејќи кон Бога и жртвувајќи му се нему?          

141. Еве неколку изреки на светите Отци, кои овде ги донесувам како потврда на своите зборови:

            Марија има двајца синови, Бог-Човекот и обичниот човек; на првиот Марија му е телесна мајка, на другиот духовна (св. Бонавентура и Ориген). Бог сакаше сè да имаме преку Марија; значи, ако имаме некоја надеж, некоја милост, како спасоносен дар, знаеме дека тоа ни доаѓа од нејзините раце (св. Бернард). Сите дарови, добродетели и милости на Светиот Дух ги дели Марија со своите раце на кого сака, кога сака, како сака и колку сака (св. Бернардин). Бидејќи си недостоен тебе да ти се даде, дадено $ е на Марија, за преку неа да го примиш тоа што го имаш (св. Бернард).

142. Бог, гледајќи – како што вели св. Бернард, дека сме недостојни да ги примиме неговите милости директно од неговите раце, Тој  $ ги дава на Марија, за преку неа да имаме сè што Тој сака да ни даде. Освен тоа Тој смета дека е негова слава да ја прими преку рацете на Марија благодарноста, честа и љубовта кои му ги должиме поради неговите добрини. Бидејќи е сосема праведно да го следиме тоа Божјо однесување, за милоста да се врати – како што вели истиот св. Бернард и на својот творец по истата патека по која дошла.

            А, токму тоа и го правиме со нашата побожност: ние $ го даруваме и $ го посветуваме на Пресветата Девица сето свое битие и сè што имаме, за преку неа нашиот Господ да ја прими славата и благодарноста кои му ги должиме. Признаваме дека сме недостојни и неспособни сами да се приближиме на неговото неизмерно Величество: затоа се служиме со заземањето на Пресветата Девица.

143. Покрај тоа, оваа побожност нè вежба кон голема смиреност, која Бог ја љуби повеќе од сите други добродетели. Душата која се возвишува го понижува Бога; онаа пак што се понизува го слави Бога. Бог се противи на гордите, а им дава милост на понизните. Ако се понизиш, сметајќи се како недостоен да излезеш пред него и да се приближиш кон него, Тој самиот слегува и се снижува за да дојде кај тебе, да се насладува во тебе и да те воздигне, дури и ако ти не го бараш тоа. Но, спротивно на тоа, ако на Бога му се приближуваш дрско, без посредник, Бог бега и не можеш да го стигнеш. О, колку Тој ја љуби понизноста на срцето.

            А, токму на таква понизност нè обврзува нашата побожна вежба, зашто нè учи на својот Господ никогаш да не му се приближуваме самите по себе, колку и да е Тој благ и милосрден, туку секогаш да се служиме со посредувањето на Пресветата Девица, било тоа да сакаме да стапиме пред него, или со него да разговараме, било да му се приближуваме или било што да му прикажеме, со него да се соединиме и нему да му се посветиме.

 

3. Марија се дарува на своите робови на љубовта, ги чисти, ги разубавува и му ги прикажува нашите дела на Исуса

 

144. ТРЕТИОТ ПОТТИК – Пресветата Девица, таа блага и милосрдна Мајка, никогаш не дозволува да ја надвишиме во љубовта и благородноста. Затоа, кога ќе види дека некој сосема $ се предава, дека и укажува чест и $ служи лишувајќи се од сè најмило, за нејзе да $ укаже чест, тогаш и Таа нему му се дарува целосно и на неискажлив начин. Таа го нурнува во бездната на своите милости; го украсува со своите заслуги; го одржува со својата моќ; го расветлува со својата светлина; го разгорува со својата љубов, му ги дарува своите добродетели; својата понизност, својата вера, својата чистота итн.; постанува негова гаранција, негово надополнување и сета негова милина  при Исуса.

            Најпосле, како што таа посветена личност целосно $ припаѓа на Марија, и Марија е сосема нејзина; така што може да се повтори за таквиот слуга и дете на Марија тоа што свети Јован Евангелиста го рече за себе, имено дека ја зеде Пресветата Девица како свое богатство; Ученикот ја зеде кај себе! (спор. Јн. 19,27).

145. Тоа, на слугата на љубовта од Марија му произведува во душата, ако е верен, голема недоверба во себе си и омраза кон себе си, а неизмерна доверба во Пресветата Девица, неговата добра Господарка, и совршена преданост кон неа. Тогаш повеќе не се потпира, како порано, на своите расположенија, намери, заслуги, добродетели и добри дела. Бидејќи сето тоа совршено му го жртвува на Исуса преку оваа добра Мајка, тој од сега има само едно богатство, а тоа богатство, во кое се сите негови богатства и кое не го чува повеќе кај себе, е Марија.

            Тогаш може да му се приближи на својот Господ беа каков било ропски страв и скрупули и тогаш може да му се моли со голема доверба; тогаш го опфаќаат чувства какви што имаше побожниот и учен опат Руперт, кој, алудирајќи на Јакововата победа над ангелот (спор. 32,24), $ ги упатува на Пресветата Девица овие убави зборови: О Маријо, царице моја неизвалкана Мајко на Бог-Човекот, Исуса Христа, сакам да се борам со тој Човек, т.е. со божествената Реч, вооружен не со моите туку со твоите заслуги. О, колку сме моќни и јаки кај Исуса кога сме вооружени со заслугите и заземањата на достојната Мајка Божја, која, како што вели свети Августин, со љубов го победи Семоќниот!

           

 

146. Бидејќи во оваа побожна вежба му ги даруваме на својот Господ преку рацете на неговата Пресвета Мајка сите свои добри дела, оваа добра Господарка ги чисти, ги разубавува и ги прави пријатни за својот Син. Таа ги чисти нашите добри дела од се-која дамка на себељубието и секое незабе-лежливо прилепување за созданијата, кое неосетно се вовлекува и во најдобрите дела. Кога тие ќе дојдат во нејзините пречисти и плодни раце, веднаш тие исти раце, кои ни-когаш не биле извалкани или безработни и кои чистат сè  што ќе допрат, веднаш ја от-странуваат од нашиот дар, кој $ го донесу-ваме, секоја грешка и несовршеност.

147.Таа  ги разубавува нашите добри дела украсувајќи ги со своите заслуги и доброде-тели. Тоа е како кога некој селанец, сакајќи да го придобие пријателството и наклоно-ста на царот, оди кај царицата и $ поклону-ва јаболко, кое претставува сиот негов при-ход, за таа да го прикаже на царот. Царица-та, тогаш, примајќи го сиромашниот дар на селанецот, би го ставила тоа јаболко на го-лем и убав златен послужавник и би го при-кажала на царот во име на селанецот. На тој начин јаболкото, иако само по себе недо-стојно да се дарува на царот, сепак станува дар достоен на неговото Величество со ог-лед на златниот послужавник на кој стои и на личноста која го принесува.

148. Марија му ги прикажува нашите добри дела на Исуса Христа, бидејќи не задржува за себе ништо од она што $ го даруваме, зашто себеси не се смета како главна цел на дарот, туку сè верно му предава на Исуса. Затоа, ако нешто нејзе $ даруваме, тоа нужно му го даруваме на Исуса; ако Неа ја фалиме и славиме, Таа веднаш го фали и слави Исуса; уште и сега, кога ја фалиме и благословуваме, веднаш пее, како некогаш кога Елисавета ја благословуваше: Мојата душа го велича Господа (Лк. 1,46).

149. Марија ги прави пријатни за Исуса овие добри дела, без разлика колку мал и беден да е тој дар за Светецот над светците и Царот над царевите. Кога нешто му принесуваме на Исуса самите од себе и потпрени на својата способност и подготвеност, тој го погледнува дарот и често го враќа поради себељубивите дамки со кои е извалкан, како што некогаш ги отфрли еврејските жртви, преполни со нивното самоволие (спор. Из. 1,11 -17; Мт. 15,8).

            Но, кога нешто ќе му се принесе преку чистите и девствени раце на неговата Миленичка, тогаш ја пронаоѓаме неговата слаба страна, ако ми е дозволено така да се изразам. Тогаш Тој не гледа толку на дарот, што му го принесуваме, колку на својата добра Мајка која го принесува; ниту гледа толку на тоа од каде е дарот, колку на Онаа преку која доаѓа.

            Така, ете, Марија која нејзиниот Син никогаш не ја одбива туку секогаш убаво ја прима, го прави пријатно за неговото Величество, сè што таа му принесува, било тоа да е мало или големо; доволно е Таа да му го принесе и Исус веќе го прима со задоволство. Затоа свети Бернард им даде голем совет на сите оние кои ги водеше на патот кон совршенството: „Кога мислиш нешто да му принесеш на Бога, настојувај тоа да го принесеш преку пречистите и предостојни раце на Марија, ако не сакаш да бидеш одбиен“ (свети Бернард, Книга за Водоводот).

150. Нели малите, ги наведува самата природа да бараат посредник кај големите, како што веќе видовме? А, зошто милоста не би нè наведувала, исто така, да се однесуваме спрема Бога, којшто е неизмерно поголем од нас и пред кого сме помали и од атомите, кога, од друга страна, имаме бранителка толку моќна што никаде не е одбиена, така инвентивна што ги познава сите тајни со кои ќе го придобие Срцето Божјо, толку добра и љубезна што не одбива никого, не знам колку да е тој беден и лош. Јасна слика на вистината која ја реков ќе донесам понатаму, во историјата за Јаков и Ребека.

 

4. Со оваа побожност му оддаваме  најголема слава на Бога

 

151. ЧЕТВРТИОТ ПОТТИК – Оваа побожност, ако верно ја извршуваме, е одлично средство вредноста на своите дела да ја вложиме во најголема слава Божја. Скоро никој од нас не работи со таа намера, иако сме обврзани на тоа, или бидејќи не знаеме во што се состои оваа најголема слава Божја, или бидејќи не ни е грижа за тоа. Но, Пресветата Девица, на која $ ја отстапуваме вредноста и заслугите на нашите добри дела, сосема совршено знае во што се состои најголемата Божја слава, и го прави тоа со таа цел. Затоа совршениот слуга на оваа добра Господарка, којшто нејзе целиот $ се посветил со спомнатата посвета, може слободно да каже дека вредноста на сите негови дела, мисли и зборови се вложени во најголемата слава Божја, освен само ако директно не го отповикал својот подарок. Може ли тогаш да се замисли поголема утеха од таа, за душата која го љуби Бога со чиста и несебична љубов и која ја цени Божјата слава и неговите интереси повеќе од своите?

 

5. Оваа побожност доведува до соединување со нашиот Господ

 

152.  ПЕТТИОТ ПОТТИК – Оваа побожност е лесен, краток, совршен и сигурен пат да дојдеме до соединување со нашиот Господ, во што се состои суштината на христијанската совршеност.

 

5.1 Лесен пат

 

            Ова е лесен пат; ни го проби Исус доаѓајќи при нас и на него никаква пречка не ни пречи за да дојдеме при него. Секако, можеме и по други патишта да дојдеме до божественото соединување, но тоа ќе биде со многу поголеми крстови и чудни умирања, со многу повеќе тешкотии, кои потешко ќе ги совладаме. Ќе треба да поминеме низ темни ноќи, чудни борби и смртни маки; ќе треба да одиме низ високи гори, преостри трње и страшни пустини.

            А, по патот на Марија одиме попријатно. Навистина, и на тој пат треба да се впуштиме во жестоки борби и да совладуваме големи тешкотии, но оваа добра Мајка и Господарка им се приближува на своите верни почитувачи и стои покрај нив да ги расветли во нивните темнини, да им ги реши нивните сомнежи, да ги охрабри во нивниот страв, да ги поткрепи во нивните борби и тешкотии, така што овој девствен пат, на кого го наоѓаме Исуса, спрема секој друг пат е сиот розов и меден. Имаше неколку светци, само мал број, како св. Ефрем, св. Јован Дамаскин, св. Бернард, св. Бернардин, св. Бонавентура, св. Фрањо Салешки итн., кои по овај пригоден пат дошле при Исуса, бидејќи Светиот Дух, верниот Свршеник на Пресветата Девица, им го покажа со посебна милост. А другите светци, кои се многу побројни, не одеа по овој пат, или одеа сосема малку, иако сите беа побожни кон Пресветата Девица. Затоа поминаа низ пожешки и попогибелни искушенија.

153. Зошто тогаш, ќе ми рече понекој верен слуга на Марија, верните слуги на оваа добра Мајка имаат толку прилики да трпат, дури повеќе отколку оние кои се исто побожни? Секој им се противи, ги прогонуваат, ги клеветат, не ги поднесуваат; или самите се во внатрешни темници и во пустини кај што не паѓа ни најситна капка на небеската роса. Ако оваа побожност кон Пресветата Девица го олеснува патот по кој ќе го најдеме Исуса, зошто тие се најмногу презрени?

154. На тоа одговарам. Да, сосема е вистина дека најверните слуги на Пресветата Девица, бидејќи се нејзини најголеми миленици, добиваат од неа најмногу милости и небесни дарови, а тоа се крстовите; но го тврдам и тоа, дека токму слугите на Марија ги носат тие крстови со поголема леснотија, заслуга и слава. Тоа што некој друг би го запрело илјадапати или би го соборило на Земја, тоа нив не ги запира ниту еднаш, туку им помага да одат напред, зашто оваа добра Мајка, преполна со милост и помазание со Светиот Дух, сама ги исече нивните крстови и ги заблажува во слаткото на својата мајчинска сласт и во помазанието на чистата љубов. Затоа тие весело ги голтаат тие крстови како заблажени ореви, колку и да се тие прегорки самите по себе.

            Го тврдам и ова: личноста која сака да биде побожна и попобожно да живее во Исуса Христа, и доследно го трпи своето прогонство и го носи својот крст секој ден, никогаш не ќе може да носи големи крстови, или не ќе може да ги носи весело и до крај, ако не е нежно побожна кон Пресветата Девица, која го засладува секој крст; како што никој не може да јаде зелени ореви, освен со присилување, што пак нема долго да трае, ако тие ореви не се засладат.

 

5.2 Краток пат

 

155. Оваа побожност кон Пресветата Девица е краток пат за да го најдеме Исуса, било затоа што на него не можеме да залутаме, било затоа што, како што спомнав, по него одиме со поголемо веселие и леснотија, па доследно на тоа и со поголема подготвеност.

            По него повеќе напредуваме за кратко време поради нашата подложност на Пресветата Девица и зависноста од неа, отколку низ години и години на својата волја и потпирање на себе си; зашто човекот кој е послушен и подложен на божествената Марија ќе слави  сјајни победи (Изр. 21,28) над сите свои непријатели. Тие навистина ќе гледаат да му го попречат патот, или да го вратат назад, или да го срушат, но со поткрепа и помош на Марија и со нејзиното водство не само што нема да паднат, да се повлечат, ни да се запрат, туку со џиновски чекори ќе одат напред кон Исуса по оној ист пат за којшто е запишано дека Исус по него дојде кај нас со џиновски чекори и за кратко време (спор. Пс. 19,6).

156. Што мислиш поради која причина Исус Христос толку малку живееше на земјата и зошто скоро целиот свој живот го поживеа во подложност и послушност на својата Мајка? Ох! За малку време долго живееше (спор. Муд. 4,13), подолго од Адама чијашто штета дојде да ја поправи, иако Адам живееше повеќе од деветстотини години.

            Исус живееше долго бидејќи овде живееше сосема подложен на својата Пресвета Мајка и со неа сосема соединет, од послушност на својот небески Отец; зашто 1. Кој $ укажува чест на својата мајка, собира богатство, како што вели Светиот Дух (спор. Сир. 3,4), т.е.: кој $ укажува чест на Марија, својата Мајка така што $ е послушен и подложен во сè, брзо и одлично ќе се збогати, зашто со таа своја тајна, како со некој вид камен на мудреците, секој ден си натрупува богатства за себе; 2. Зашто, според духовното толкување на овие зборови на Светото писмо: Мојата старост е во милосрдието на мајчиното крило, кое го опкружило совршениот Маж (спор. Јер. 31,22) и кое го опфатило оној кого сета вселена не може да го опфати – токму во тоа крило на Марија, реков, младичите стануваат старци со знаење, светост, искуство и мудрост, и тука за малку години се достигнува целосната возраст на Исуса Христа (спор. 4,13).

 

5.3 Совршен пат

 

157. Оваа вежба на побожност кон Пресветата Девица е совршен пат по кој доаѓаме при Исуса Христа и се соединуваме со него, зашто божествената Марија е најсовршено и најсвето од сите созданија; па и Исус, којшто дојде при нас на совршен начин, не дојде по ниеден друг пат на тоа големо и прекрасно патување. Превисокиот, Неопфатливиот, Недостапниот, Оној којшто Е, сакаше да дојде кај нас, ситните земни црвчиња кои сме ништо. Како се случи тоа?

            Превозвишениот се спушти до нас совршено и божествено преку понизната Марија, а притоа ништо не изгуби од своето божество и светост; па така треба, преку Марија, и најнезнатните да се искачуваат совршено и на божествен начин кон Превозвишениот без каков било страв. Неопфатливиот дозволи да го опфати и да го прегрне малата Марија, а со тоа ништо не изгуби од својата неизмерност; исто и ние треба да дозволиме да нè опфати малата Марија и да нè води совршено и неограничено. Непристапниот пристапи кон нашата човечка природа преку Марија и со таа природа тесно се соедини, на совршен начин како личност, а со тоа ништо не изгуби од своето божествено Величество; така и ние треба да пристапиме при Бога преку Марија и совршено и тесно да се соединиме со неговото Величество, без страв дека ќе нè одбие.

            Најпосле, Оној којшто Е сакаше да дојде кај оној којшто не е и да го направи оној кој што не е да постане Бог или Оној Којшто Е; и тоа го направи предавајќи се на совршен начин и подложувајќи се целосно на понизната Девица Марија, а со тоа не престана да биде во времето Оној којшто Е во сите вечности; на тој начин и ние, коишто сме само ништожност, можеме преку Марија да постанеме слични на Бога, преку милоста и славата, без страв од каква било измама, само што треба да $ се предадеме така совршено и целосно да не бидеме ништо сами по себе, туку сè во неа, без страв дека ќе згрешиме.

158. Кога некој ќе ми нацрта нов пат по кој може да се дојде до Исуса, дури ако тој пат е поплочен со сите заслуги на блажените, осветлен и разубавен со сиот сјај и убавина на ангелите, дури ако и сите ангели и светци се на него, да ги водат, бранат и да им помагаат на оние кои би сакале да стапат на тој пат, навистина отворено и според вистината велам дека од таквиот пат, колку било да е тој совршен, помил ми е неизвалканиот пат на Марија: Избирам  за себе си пат беспрекорен (спор. Пс. 18,33), патека или пат без никаква нечистотија или дамка, без источен и личен грев, без темнини и сенки; и ако мојот љубезен Исус дојде во својата слава по втор пат на земјава (како и што ќе биде), да царува на неа, Тој на тоа патување нема да избере други патеки туку ќе ја избере божествената Марија преку која дојде толку сигурно и совршено првиот пат. Разликата помеѓу првото и второто доаѓање ќе биде во тоа што првото беше тајно и скриено, а второто ќе биде сјајно и славно, но сепак и двете ќе бидат совршени, зашто и двете се од Марија. О! Еве ја тајната која луѓето не ја разбираат. Овде нека замолкне секој јазик.

 

5.4 Сигурен пат

           

159. Ова побожност кон Пресветата Девица е сигурен пат преку кој доаѓаме при Исуса и постигнуваме совршеност соединувајќи се со него:

            1. Зашто оваа побожност која ја поучувам не е нова; таа е толку стара, што не може да се одреди нејзиниот почеток, како што тврди госп. Боудон којшто неодамна умре, во книгата која ја напишал за оваа побожност. Сепак, трагите постојано $ се наоѓаат во Црквата повеќе од седумстотини години. Свети Одилон, пак од Клини којшто живееше околу 1040 година, беше еден од првите коишто јавно ја извршуваат оваа побожност во Франција, како што се споменува во неговиот живот.

            Кардиналот Петар Дамјани изнесува дека во 1076 година неговиот брат Марин постанал роб на Пресветата Девица, во присуство на својот управител, на многу поттикнувачки начин; ставил јаже околу својот врат, се камшикувал и ставил на олтарот сума пари во знак на своето целосно предавање и посвета на Пресветата Девица. Тоа го правел и понатаму, сè додека живеел, така верно, што заслужил на часот на смртта да го посети и да го утеши неговата добра Господарка и таа самата со својата уста да му го вети рајот како награда за неговата служба. Цезариј Боланд спомнува некој славен витез, Ваутир од Бирбак, прв роднина на луванските војводи, кој околу 1300 година се посветил на Пресветата Девица во својство на роб. Оваа побожност посебно ја извршувале повеќе поединци сè до седумнаесеттиот век, а тогаш постанала јавна.

160. Отецот Симон де Руа од редот на Пресветото Тројство или Откуп на робовите, проповедник на дворот на Филип III ја прошири оваа побожност низ цела Шпанија и Германија. Тој доби од Гргур XV на поттик на Филип III, големи привилегии за оние кои  ја извршуваат.

                Отецот Де Лос Риос, од редот на св. Августин, ја ширеше оваа побожност и со збор и со перо по спомнатите земји заедно со Отецот Де Ројас - својот близок пријател. Напиша голема книга со наслов: Хиерархијата на Марија, во која еднакво и побожно и учено расправа за староста, одличноста и сериозноста на оваа побожност. Отците Театинци во минатиот век ја воведоа во Италија, Сицилија и Савоја.

161. Отецот СтаниславФалациус, од Редот Исусов, прекрасно ја прошири оваа побожност во Полска.  Отецот Де Лос Риос во спомнатата книга изнесува имиња на кнезови и кнегињи, војводи и кардинали од разни царства, кои ја прифатиле оваа побожност. На отецот Корнелиј а Лапид, којшто уживаше голем углед и поради својата побожност и поради длабокото знаење, повеќе бискупи и богослови му доверија да ја испита оваа побожност, а тој по зрелото испитување ја опсипа со пофалби достојни на неговата богољубивост. Подоцна, огледувајќи се на него, тоа го направиле и повеќе други славни личности.

                Отците Исусовци, секогаш ревни во службата на Пресветата Девица, во име на Келнските конгрегацисти, му прикажаа на војводата Фердинанд Баварски, којшто тогаш беше надбискуп во Келн, кратка расправа за светото ропство, а тој ја одобри таа книшка и го дозволи нејзино печатење, поттикнувајќи ги сите свештеници и монаси во својата бискупија колку што можат повеќе да ја шират оваа толку сериозна побожност.

162. Кардинал Де Берул, којшто ужива благ спомен во цела Франција беше еден од најревните промотори на оваа побожност.

                Но, овој велик и свет човек трпеливо прејде преку нивните клевети, а нивните приговори, што ги донесоа во својата книшка, успешно ги поби во посебен мал спис, каде што им покажува дека оваа побожност се темели на примерот на Исуса Христа, на нашите обврски спрема него и на заветите што сме ги дале на светото крштение. Особено со овој последниов доказ ги затвори устите на своите противници, покажувајќи им дека оваа посвета на Пресветата Девица и на Исуса преку нејзините раце, не е ништо друго туку совршена обнова на крштелните завети и ветувања. И уште многу други убави нешта напиша за оваа побожна вежба, како што се чита во неговите дела.

163. Во Боудоновата книга може да се прочитаат имињата на разни папи кои ја одобриле оваа побожност; тука се спомнуваат богословите кои ја оцениле; прогонствата кои ги доживеала и победила, и илјада личности кои ја прегрнале. Ниеден папа не ја осудил; тоа всушност и не може да се направи, а да не се разнишаат темелите на христијанството. Значи, непобитно е дека оваа побожност не е нова. А, ако не е општа, тоа е бидејќи е многу возвишена, па не знае секој да ја цени ниту да ја извршува.

164. 2. Оваа побожност е сигурно средство кое нè доведува при Исуса, зашто својство на Пресветата Девица е постојано да нè во-ди при Исуса, како што е Исусово својство постојано да нè води при Вечниот Отец. Духовните личности не смеат погрешно да

 

 

мислат дека Марија може да им биде пречка да дојдат до соединување со Бога. Зарем е можно, токму Марија да биде пречка  душата да ја најде големата милост на соединувањето со Бога, Марија којашто најде милост пред Бога за сиот свет воопшто и за секого посебно? Може ли да се замисли дека на душата ќе $ попречи во совршеното соединување со Бога онаа која беше полна и преполна со милост и така со Бога соединета и во неа преобразена, што во неа се отелотвори?

            Навистина, погледот на другите ство-ренија, колку било да се свети, би можел можеби да го забави нашето соединување со Бога, но Марија никако, како што веќе реков и неуморно секогаш ќе повторувам. А причината за тоа, што толку малку души ја достигнуваат полнотата на Христовата возраст, е во тоа што не сме ја обликувале Марија доволно во своето срце, Таа која е еднакво и сега и секогаш Мајка Божја и плодна Свршеница на Светиот Дух. Кој са-ка да има плод целосно зрел и целосно готов, треба да има и стебло кое го донесу-ва тој плод. Така, ако сака да го има плодот на животот, Исуса Христа, треба да го има и стеблото на животот, Марија. Кој сака во себе да го има дејствувањето на Светиот Дух, треба да ја има неговата верна и нераз-двојна Свршеница, божествената Марија, која го прави плоден и роден, како што веќе спомнав на друго место.

165. Затоа, што повеќе ја гледаш Марија во своите молитви, разгледувања, дела и стра-данија, иако не со јасен и буден поглед, ту-ку барем со поглед општ и незабележлив, толку посовршено, верувај ми, ќе го најдеш Исуса којшто секогаш со Марија е велик, силен, делотворен и несфатлив, и тоа пове-ќе отколку што е во небото или во кое било друго створение во вселената. Навистина, божествената Марија, која целосно се изгу-била во Бога, не е ни најмала пречка за со-вршените да го постигнат соединувањето со Бога. Напротив, ниту некогаш имало ни-ту ќе има некое создание кое во таа голема работа би ни помогнало поуспешно од неа, било со тоа што за таа цел ќе ни ги даде своите милости, и така единствено преку неа целосно ќе нè освои мислата за Бога, како што вели некој светец: Никој не се ис-полнува со мислата за Бога освен преку Те-бе, било со тоа што ќе нè сочува со своја-та грижа од измами, прелаги и опакиот дух.

166. Таму кај што е Марија, таму нема опак дух. Најјасен знак дека нас нè води добриот дух, е ако сме многу побожни кон Марија, ако на неа често мислиме и често за неа говориме. Тоа е мислата на еден светец кој додава дека честото сеќавање и повику-вање на Марија е сигурен знак дека душата не ни умрела поради гревот, како што ди-шењето е секогаш знак дека телото не е мртво.

167. Единствено Марија ги сотре сите по-грешни верувања, како што тоа го вели Црквата и со неа Светиот Дух којшто ја во-ди: Самата ги сотре сите погрешни верува-ња на целиот свет. Затоа никогаш нема да се случи верниот почитувач на Марија да падне во ерес или заблуда, барем не очигле-дна, колку било против тоа да се сомневаат критичарите. Да, ќе може и тој, иако по-тешко отколку другите, да згреши несвес-но, да ја замени вистината со лагата, ќе го смета опакиот дух за добар, но порано или подоцна ќе ја дознае својата грешка или својата несвесна заблуда, и кога ќе ја запоз-нае, нема тврдокорно да го брани тоа што несвесно го сметал како вистинско.

168. Значи,оној, што сака да напредува на патот на совршенството без каков било страв и измама, на што лесно се подложни личностите посветени на молитвата, и да го најде Исуса сигурно и совршено, нека се прифати доброволно, „великодушно и со подготвен дух“ на оваа побожност на Марија, која што можеби досега не ја поз-навал, и нека појде по овој одличен пат (спор. 1 Кор. 12,31) . Тој пат го означи Исус Христос, отелотворената Мудрост, единст-вениот наш Поглавар па и ние Неговите членови, одејќи по неговите чекори нема да залутаме.

            Тој пат е лесен, бидејќи го исполнува полнотата на милоста и помазанието на Светиот Дух; на него нема замор ниту бега-ње од него. Тој пат е краток, и нас веднаш нè доведува при Исуса Христа. Тој пат е со-вршен: на него нема ни најмалку кал, ни најмалку прашина, ни најмалку талог на гревот. Најпосле, тоа е сигурен пат. Тој си-гурно и директно нè води при Исуса и во вечниот живот, без свртувања вдесно или влево. Значи, да појдеме по таа патека и да одиме по неа ден и ноќ, сè до полнотата на возраста на Исуса Христа.

 

6. Оваа побожност ни дава голема внатрешна слобода

 

169. ШЕСТИОТ ПОТТИК . Оваа побожност им дава на оние коишто верно ја извршува-ат, голема внатрешна слобода, слободата на Божјите синови (спор. Рим. 8,21). Нависти-на, бидејќи преку оваа побожност постану-ваме Исусови робови, целосно посветувајќи му се во тоа својство, овој наш добар Го-сподар сака да нè награди за ова наше доброволно љубезно ропство, и најпрвин ни ги одзема од душата скрупулите и роп-скиот страв, кои душата можат да ја дове-дат во тегоба, да ја заплеткаат и збунат; по-тоа ни го проширува срцето со светата до-верба во Бога, зашто ни дава во него да го видиме Таткото; и најпосле ни внесува во срцето нежна и синовска љубов.

170. Нема да застанам да ја докажувам оваа вистина со причини. Ќе се ограничам само на тоа да изнесам една историска цртичка која сум ја прочитал во животот на чесната мајка Јагне од Исуса, монахиња, домини-канка, која живееше во манастирот Ланге-ац, во областа Оверње, и која ја сметаа за света уште додека беше жива, а умре во 1634 година. Кога таа еднаш, уште во сед-мата година на својот живот трпела страш-ни душевни маки, слушнала глас кој $ ре-кол: ако сакаш да се ослободиш од сите ов-ие маки и да се заштитиш против своите непријатели, што побргу стани робинка на Исуса и на неговата Пресвета Мајка. Отка-ко се вратила дома, целосно во својство на робинка се предала на Исуса и на неговата Пресвета Мајка, иако никогаш пред тоа не знаела каква е таа побожност; и кога нашла железен синџир, го опашала околу полови-ната и го носела до смртта.

            Кога го направила тоа, престанале си-те маки и скрупули, и почувствувала голем мир и радост во срцето. Тоа ја навело да поучи во таа побожност и други побожни личности, кои во неа многу напредувале. Меѓу другите беше и Оливер, основопо-ложникот на Богословијата на Св. Сулпи-циј, и многу други свештеници и црковни луѓе на таа Богословија... Еден ден $ се јави Пресветата Девица и $ стави златен синџир околу вратот за да $ ја покаже својата ра-дост што постанала робинка на нејзиниот Син и нејзина; а света Цецилија, која ја придружувала Пресветата Девица, ги дода-ла овие зборови: „Блажени се верните робо-ви на небеската царица, зашто ќе уживаат вистинска слобода. Да се живее во тоа роп-ство, тоа е слобода!“

 

7. Оваа побожност му носи голема корист на нашиот ближен

 

171. СЕДМИОТ ПОТТИК-Уште еден пот-тик нè тера да ја прегрнеме оваа побожност. Тоа е затоа што таа му донесува многу до-бра на нашиот ближен. Навистина, со оваа вежба ние му искажуваме љубов на нашиот ближен на возвишен начин: ние му дарува-ме, преку рацете на Марија, сè најмило што имаме, т.е. надоместната и прозбената вредност на сите свои добри дела, не исклу-чувајќи ги ни најмалите добри мисли, ниту најмалите страданија, и се сложуваме сите  покајнички надоместоци кои што сме ги стекнале или кои ќе ги стекнеме до смртта, Пресветата Девица, да ги употреби според својата волја или за обратување на грешни-ците или за ослободување на душите од чи-стилиштето. Не значи ли тоа совршено да се љуби ближниот? Не значи ли тоа да се биде вистински Исусов ученик којшто се познава по љубовта (спор. Јн. 13,35)? Не е ли тоа средството со кое ги преобратуваме грешниците, без страв од празнотија, и со кое ги ослободуваме душите од чистили-штето, не правејќи ништо повеќе од она што сме должни според својот сталеж?

172. Зада ја сфатиме возвишеноста на овој поттик, би требало да сфатиме колку е до-бро да го обратиме грешникот или да ги ос-лободиме душите од чистилиштето: тоа е неизмерна добрина, поголема отколку да се створи небото и земјата, зашто на тој начин ја доведуваме душата во своина на Бога. Кога со оваа вежба би ослободиле, низ сиот живот, само една душа од чистилиштето или да обратиме дури и само еден грешник, зарем тоа не би бил доволен поттик за секо-го, којшто искрено го сака ближниот, да ја прегрне? Но, треба уште да напомнеме дека на сите наши дела кога ќе поминат низ ра-цете на Марија, им се зголемува чистотата, а следствено и заслугата и надоместокот и прозбената вредност; затоа тие стануваат многу поуспешни да им помогнат на души-те во чистилиштето и да обратуваат греш-ници, отколку што би биле кога не би поминале преку девствените и дарежливи раце на Марија. Она малку што го даруваме преку Пресветата девица, без сопствена волја и од најнесебична љубов, тоа нави-стина има голема сила да го ублажи Божји-от гнев и да го постигне Божјото милоср-дие. И оној којшто е ревен во оваа служба, можеби  на часот на смртта ќе види дека со тоа средство избавил повеќе души од чи-стилиштето и обратил повеќе грешници, иако ги вршел само обичните работи на својот сталеж. Колкаво ли веселие за него на судот! Колкава ли слава во вечноста!

 

8. Оваа побожност е прекрасно средство на истрајноста

 

173. ОСМИОТ ПОТТИК – Најпосле има уште еден поттик на оваа побожност спре-ма Пресветата Девица: таа ни е прекрасно средство да истраеме во добродетелта и да останеме верни. Зашто, навистина, зошто повеќето обратувања на грешниците не се трајни? Зошто толку лесно повторно се па-ѓа во гревот?

            Зошто повеќето праведници, наместо да напредуваат од добродетел во доброде-тел и да стекнуваат нови милости, често ја губат и онаа мала добродетел и милост, што ја имале? Го реков тоа порано, дека таа несреќа е поради тоа што човекот, иако е толку многу расипан, толку слаб и толку непостојан, сепак се потпира на себеси, се потпира на своите сили и се смета способен дека може да го сочува богатството на сво-ите милости, своите добродетели и заслуги. А, во оваа побожност $ доверуваме на Пре-светата Девица, верната Девица, сè што имаме и ја поставуваме за општа благајни-ца на сите наши богатства, и природни и милосни. Се доверуваме на нејзината ми-лост, на нејзината моќ се потпираме, на неј-зиното милосрдие и љубов се потпираме, таа да ги сочува и зголеми нашите добро-детели и заслуги, и покрај ѓаволот, светот и телото, кои се напрегаат да ни ги однесат.

            Да $ кажеме како добро дете на своја-та мајка и верен слуга на својата Господар-ка: Чувај го довереното богатство! (1 Тим. 6,20).

            „Моја добра Мајко и Господарко, признавам дека досега со твоето заземање примив од Бога повеќе милости отколку што заслужив, и моето кобно искуство ме учи дека јас го носам тоа богатство во мно-гу кревок сад и дека сум многу слаб и мно-гу беден, и нема да го сочувам во себе, за-што сум слаб и презрен (Пс. 119,141); затоа прими, те молам, на чување сè што поседу-вам, и сето тоа сочувај ми го со својата вер-ност и со својата моќ. Од тоа што ти го чу-ваш, ништо нема да изгубам; ако ти ме др-жиш, нема да паднам; ако ти ме браниш, ќе бидам засолнат од своите непријатели“.

174. Истото го вели св. Бернард со јасни из-рази, кога ни ја препорачува оваа побож-ност: „Ако Таа те држи, не паѓаш; ако те за-штитува, немаш страв; ако те води, не чув-ствуваш замор; ако ти е  наклонета, среќно стигнуваш на целта“. Св. Бонавентура, из-гледа, ја кажува истата работа, но уште по-одредено: „Пресветата Девица, вели тој не само што се задржува во целиот собир на светите, туку Таа исто така ги поддржува и чува светите во нивната полнота, таа пол-нота да не се намали; Таа спречува нивните добродетели да се растурат, заслугите да им пропаднат, милостите да им се изгубат: ѓаволите да не им наштетат; најпосле, таа го задржува нашиот Господ да не ги казни грешниците“.

            175. Пресветата Девица е верна  Деви-ца, која, со својата верност на Бога, ги по-права штетите кои ги предизвика неверната Ева со својата неверност. Таа ја постигнува верноста кон Бога и истрајноста во доброто за сите кои се држат до неа. Затоа некој све-тец ја споредува Богородица со јака котва, која своите почитувачи ги држи и попречу-ва да доживеат бродолом на разбранетото море на овој свет, каде што толку многу луѓе пропаѓаат токму затоа што не се при-врзани за оваа цврста котва: „Ние ги привр-зуваме“ – вели тој светец – „нашите души со надеж во Тебе, како, за цврста котва“.

            Сите светци коишто се спасиле, се др-желе до Марија што повеќе можеле, за да можат да истраат во добродетелта, а на тоа ги поттикнувале и другите. Значи, блазе на христијаните, илјадапати, блазе им на оние кои сега за неа верно и целосно се придр-жуваат  како за јака котва. Сета врева на ов-ој свет нема да ги потони ниту ќе им го уп-ропасти нивното небесно богатство. Блазе на сите кои ќе влезат во тој вистински Ноев кораб! Нема да им наштетат потопните во-ди на гревот, кои потопуваат толку многу луѓе, зашто: „Којшто работи со мене, тој не греши“, (Сир. 24,22) вели Марија со Бо-жествената Мудрост. Блазе на неверните деца на несреќната Ева, ако се држат за Мајката и Девицата верна, која останува верна зашто не може себе си да се негира“ (спор. 2 Тим. 2,13) и која секогаш ги љуби оние коишто ја љубат Неа. Ги љуби не само со чувствата туку и со вистинска и успешна љубов, и со големо количество милост по-пречува да назадуваат во добродетелта или да паднат на патот губејќи ја милоста на нејзиниот Син.

176. Оваа добра Мајка прима секогаш, од чиста љубов, сè што $ предаваме на чува-ње; и кога веќе еднаш ќе го прими како благајница, Таа според правдата е должна да ни го чува, според договорот за доверу-вање, сосема онака како јас кога на некого би му доверил на чување илјада талири, то-гаш тој би бил должен да ми ги чува, и ако поради негова негрижа би ги изгубил тие мои илјада талири, тој со целосно право би бил одговорен за тоа. Но не, никогаш вер-ната Марија нема да дозволи поради нејзи-на негрижа да биде изгубено тоа што ќе $ биде доверено; побрзо небото и земјата ќе пројдат отколку што таа ќе биде немарна и неверна кон оние кои ќе $ се доверат.

177. Бедни деца на Марија! Вашата слабост е крајна, вашата непостојаност голема, ва-шето дно е сосема расипано. Треба да при-знаете дека и вие произлегувате од истата расипана толпа на Адамовите и Евините си-нови. Но поради тоа не паѓајте со духот, ту-ку утешете се и радувајте се: Еве ве учам на тајната, тајна која не ја познава скоро ние-ден христијанин, дури ни оние најпобож-ните.

            Не оставајте го своето злато ни своето сребро во ковчезите, кои лошиот дух веќе ги разотворил и ве искрал, зашто веќе се премногу мали и премногу стари, и не мо-же во нив да се чува толку големо и драго-цено богатство. Не туривајте чиста и бист-ра вода од изворот во своите садови целос-но расипани и заразени од гревот. Ако во нив нема повеќе грев сепак сè уште тука е неговата смрдеа. Не туривајте од своето до-бро вино во стари бочви, кои веќе ги наду-вало слабото вино; тоа ќе ви го расипа но-вото вино, а може и лесно да ви истече.

178. Иако ме разбирате, о предодредени ду-ши, ќе ви зборувам уште поотворено: Не-мојте златото на својата љубов, среброто на својата чистота, водата на небесните мило-сти, виното на своите заслуги и добродете-ли да ги доверувате на скината вреќа, на стар и искршен ковчег, на оштетен и раси-пан сад, какви и што сте; инаку ќе ве пот-крадат крадците, т.е. ѓаволите кои ден и ноќ бараат и демнат згоден час тоа да го сторат: инаку со лошиот здив на своето се-бељубие, самодоволност и својата волја ќе расипете сè најчисто што Бог ќе ви го доде-ли.

            Подобро ставете го и сокријте го во Марииното крило и Марииното срце сето свое богатство, сите свои милости и добро-детели. Таа е „сад духовен, сад почитуван, сад на примерна побожност“. Откако Бог се затвори во овој сад со сите свои совршено-сти, Таа постана сосема духовна и духовен стан на најдуховните души; постана почи-туван сад и чесен престол на највозвишени-те вечни поглавари, примерен сад на по-божноста и најславно престојалиште на утехата, милоста и добродетелта; постана богата како златна куќа, јака како кулата Давидова и чиста како белокоскена кула.

179. О, среќен ли е оној којшто сè $ предал на Марија, и којшто на Марија во сè и цело-сно $ се доверил и во неа се изгубил! Тој е целиот од Марија, а Марија е целата негова. Тој може слободно со Давида да рече: Оваа постанала за мене (спор. Пс. 119,56), т.е. Марија е створена за мене. Или со љубени-от ученик: Ја зедов кај себе (Јн. 19,27, т.е. ја примив за свое добро. Или со Исуса: Сè мое ти припаѓа тебе, сè твое ми припаѓа ме-не (спор. Јн. 17,10).

180. Ако некој критичар, којшто ова ќе го прочита помисли дека овде јас прегорувам од претерана побожност, тој – оф!- не ме разбира, или бидејќи е телесен човек и не му се допаѓаат духовните работи, или би-дејќи е световен човек којшто не може да го прими Светиот Дух, или бидејќи е горд осудувач којшто осудува и презира сè што не разбира. Но, мене ме разбираат душите коишто не се родиле ниту од крв, ниту од телесна волја, ниту од волја на маж, туку од Бога (спор. Јн. 1,13) и Марија, и ова им се допаѓа; а јас за нив и го пишувам сето ова.

181. Меѓутоа, продолжувајќи го својот пре-кинат говор, им велам и на едните и на другите дека божествената Марија е најбла-городната и најдарежливата од сите створе-нија и не дозволува никој да ја надмине во љубовта и дарежливоста. Таа за јајце, вели некој светец, дава вол; т.е. за онаа ситница која $ ја даруваме ни дава многу од она што Таа го примила од Бога. Затоа, ако не-која душа $ се дарува на неа без ограничу-вање, тогаш и Марија на неа $ се дарува не-ограничено. Но, нашата доверба во Марија не смее да биде преамбициозна, туку и ние треба од своја страна да настојуваме да стекнеме добродетели и да ги скротиме своите страсти.

182. Затоа, верните слуги на Пресветата Де-вица, нека речат слободно со свети Јован Дамаскин: „Надевајќи се на тебе, Богороди-це, ќе се спасам; поради твојата одбрана не-ма да се плашам; со твојата помош ќе ги победам своите непријатели и ќе ги нате-рам во бегство: зашто побожноста кон тебе е спасоносно оружје кое Бог им го дава на оние кои сака да ги спаси“ (Јован Дамас-кин, Говор за Благовештение).

 158 празна

 Глава III

 

БИБЛИСКА СЛИКА НА ОВАА ПОБОЖНОСТ: РЕВЕКА И ЈАКОВ

 

183. Светиот Дух во Светото писмо ни до-несува прекрасна слика на сите вистини кои ги изнесов во поглед на Пресветата Де-вица и нејзините деца и слуги, во историја-та за Јаков, којшто го доби благословот од својот татко Исак со умешното настојување на својата мајка Ревека. Најпрвин да ја ра-скажам таа историја, а потоа ќе го додадам и нејзиното толкување.

 

1. Библискиот приказ за Ревека и Јаков

 

184. Кога Исав му го продаде своето право на првороденост на Јаков, Ревека, мајката на тие двајца браќа, му ја осигури таа при-вилегија на Јаков и тоа повеќе години после тој настан, зашто нежно го љубеше Јакова. Таа го изведе тоа со своето лукавство, пре-полно со таинственост (спор. Пост. 27). Исак веќе се чувствуваше престар. Сакајќи, пред да умре, да ги благослови своите си-нови, го повика својот син Исав, кого многу го сакаше, и му нареди да оди да улови нешто за јадење па тогаш да го благослови. Ревека брзо го извести Јакова за што се ра-боти и му заповеда да донесе од стадото две јариња. Кога тој $ ги донесе на мајка си, таа од нив го подготви јадењето кое Ис-ак најмногу го сакаше. Потоа го облече Исака во облеката на Исава, која таа ја чу-ваше, а рацете и вратот му ги обви со ја-решката кожа, за слепиот татко да поверува дека тоа е Исав, барем поради влакната на рацете, иако го слуша гласот на Јакова. На-вистина Исак се зачуди кога го слушна гла-сот којшто му изгледаше дека е од Јаков, и му нареди да дојде поблиску. Но, кога ги допре влакната од јарешката кожа со која беа обвиени рацете на Јаков, рече дека на-вистина гласот е од Јаков, но рацете се од Исава. А, кога го изеде јадењето, и љубејќи го Јакова, го осети мирисот на неговата на-мирисана облека, го благослови, му посака роса од небото и плодност на земјата, и го постави за господар над своите браќа, и го заврши благословот со зборовите: „Проклет да е оној којшто тебе ќе те колне, а секој благослов да биде над оној којшто тебе ќе те благословува!“

            Штом Исак ги заврши тие зборови, влезе Исав и го изнесе пред него уловеното за да го јаде, а потоа да го благослови. Све-тиот патријарх се зачуди кога откри што се случило. Но, не го отповика тоа што го на-прави, туку тоа и го потврди, бидејќи сосе-ма јасно гледаше Божји прст во тој настан. Кога Исав почна да лелека, како што за тоа е забележано во Светото писмо, гласно го обвини својот брат за измама и го праша својот татко дали и за него не остана барем еден благослов. Исав во тој поглед, како што тоа го забележуваат светите Отци, е слика на оние луѓе, кои сосема лесно знаат да се согласат со Бога и светот и сакаат во исто време да ги уживаат и небесните и земните сласти. Исак беше трогнат од леле-кот на Исава, и на крајот го благослови, но со земен благослов и го подложи на својот брат. Затоа Исак толку силно го замрази својот брат што едвај чекаше да умре татко му па да го убие. И Јаков не ќе можеше да ја избегне смртта, ако неговата мајка не го спаси со својата умешност и советите кои му ги даваше, а тој ги примаше.

 

2. Исав – слика на отфрлените

 

185. Пред да ја протолкувам оваа прекрасна историја, треба, да се напомни, дека Јаков, според сите свети Отци и толкувачи на Светото писмо, е слика на Исуса Христа и предодредените, а Исав на осудените.

            Доволно е да ги набљудуваме делата и однесувањето и на едниот и на другиот, за да створиме таква оценка за нив. 1. Исав, постариот брат, беше телесно јак и силен, голем мајстор во гаѓање со лак и способен да улови многу дивеч. 2. Никогаш не беше дома, туку, потпирајќи се на својата сила и вештина, работеше само надвор. 3. Не се трудеше многу да $ угоди на својата мајка Ревека, ниту настојуваше околу тоа. 4. Тол-ку беше стомакоугодлив и толку лаком за јадење, што го предаде своето првенство за чинија со леќа. 5. Беше, како Каин, полн со завист спрема својот брат Јаков и го гонеше до истребување.

186. Ете, така се однесуваат и отфрлените. 1. Тие се надеваат на својата сила и својата умешност во времените работи. Многу се јаки и способни и многу просветени во зем-ните работи, додека за небесните се слаби и неуки. „Во земните се јунаци, а во небесни-те се кукавици“.

187. 2. Затоа ни најмалку не остануваат или остануваат сосема малку во својата куќа, т.е. во својата внатрешност, зашто Бог со својот пример му го одреди на секој човек тој внатрешен и вистински стан: Бог, име-но, стварно секогаш станува во самиот себе си. На отфрлените ни најмалку не им е ми-ла самотијата, ниту духовноста, ниту вна-трешната побожност; дури ги сметаат за мали глави, болешливи побожници и дивја-ци оние кои се внатрешни и повлечени од светот и кои работаат повеќе внатре откол-ку надвор.

188. 3.Отфрлените ни најмалку не ги инте-ресира побожноста кон Пресветата Девица, Мајката на предодредените. Навистина, не ја мразат директно; понекогаш и пофално се изразуваат за неа, велат дека ја љубат, дури извршуваат и по некоја побожност во нејзина чест; но, сепак, не можат да подне-сат некој да ја љуби нежно, бидејќи ја нема-ат кон неа  нежноста од Јакова.

Затоа секогаш имаат нешто да приговорат на побожните вежби што верно ги извршу-ваат добрите деца и робови на Марија, би-дејќи тие таквата побожност не ја сметаат неопходна за своето спасение. Сметаат дека е доволно ако директно не ја мразат Пре-светата Девица или отворено не ги презира-ат побожностите кон неа. Си вообразуваат дека веќе ја здобиле наклоноста на Пресве-тата Девица и дека се нејзини слуги ако из-говорат или промрморат по некоја молитва во нејзина чест, беа каква било нежност кон неа и без настојување за својата поправка.

189. 4. Отфрлените го продаваат своето пр-венство, т.е. небеските милини, за чинија леќа – за земните милини. Се смеат, пијат, јадат, се забавуваат, играат, танцуваат итн., а ни најмалку не се грижат, како и Исав, да постанат достојни на благословот на небес-киот Отец. Накратко, не мислат за ништо освен за земјата, зборуваат и работаат само за земјата и нејзините наслади и тоа им е сета работа. Значи, за момент на наслада, за суетниот чад на честа, за парче тврда жолта или бела земја ја продаваат крштелната милост, својата облека на невиноста и сво-јот небески дел.

190. Најпосле, отфрлените ги мразат и по-стојано ги прогонуваат, отворено или при-криено, предодредените; не можат да ги тр-пат, ги презираат, ги судат и исмејуваат, ги осиромашуваат и ги сотруваат во прашина; додека ним сè им оди од рака, имаат сè што ќе посакаат, убаво си поминуваат, се бога-тат и живеат по мила волја.

 

3. Јаков – слика на посветените

 

191. 1. Јаков, помладиот брат, беше слаби-чок, благ и мирен, редовно остануваше до-ма, за да ја здобие наклонетоста на своја мајка Ревека која нежно ја љубеше. Ако од-еше надвор, не го правеше тоа по своја вол-ја, ниту се потпираше на својата способно-ст, туку само за да ја послуша својата мајка.

192. 2. Својата мајка ја љубеше и $ укажу-ваше чест: затоа и толку често беше дома покрај неа; никогаш не беше позадоволен отколку кога ќе ја видеше. Се вардеше од сè што би можело да $ биде непријатно, а би правел сè што сметаше дека $ е драго. Затоа Ревека го љубеше сè повеќе.

193. 3. Во сè $ беше подложен на својата драга мајка. Целосно и во сè $ се покорува-ше, подготвено, без одолжување, љубезно без да се жали. На најмал знак на нејзината волја малиот Јаков ќе полеташе и ќе ја из-вршеше работата. Без приговор  веруваше во сè што таа ќе му кажеше. На пример, ко-га му рече да донесе две јариња за да му подготви јадење за неговиот татко Исак, тој не одговори дека е доволно едно јаре да се подготви ручек за еден човек, туку без да размислува го направи тоа што му го рече.

194. 4. Имаше голема доверба во својата драга мајка. Бидејќи не се потпираше на својата способност, туку единствено на неј-зината грижа и заштита, бараше од неа по-мош во секоја потреба и со неа се советува-ше во секое сомневање. На пример, кога ја праша, да не добие можеби од својот татко проклетство место благослов; и кога таа му одговори дека Таа го зема врз себе таквото проклетство, тој веднаш $ поверува.

195. 5. Најпосле, ги последуваше, спрема своите сили, добродетелите кои ги гледаше кај својата мајка. Најглавната причина што толку беше дома, изгледа беше, да ја после-дува својата добра мајка, која беше многу добродетелна, и да го избегнува лошото друштво кое што го расипува моралот. Така стана достоен да добие двократен благо-слов од својот драг татко.

 

4. Однесувањето на посветените спрема Марија

 

196. Такво е секогаш однесувањето и на предодредените. 1. Тие се постојано дома со својата Мајка, т.е. тие ја љубат самотија-та, спроведуваат внатрешен живот, се тру-дат околу молитвата, и тоа сè по примерот на својата Мајка, Пресветата Девица, и во нејзиното друштво, чиј цел сјај е во внатре-шноста и која во текот на својот живот тол-ку ја љубеше самотијата и молитвата. Нави-стина, тие понекогаш се покажуваат и над-вор во светот, но само од послушност на волјата Божја и својата драга Мајка и да ги извршат своите сталешки должности. И не-ка сјае со не знам колкав сјај тоа што тие го прават надвор, сепак многу повеќе го ценат тоа што го прават во самите себе, во својата внатрешност, во друштво со Пресветата Де-вица, зашто таквите се занимаваат со голе-мата работа на својата совршеност, спрема која сите други работи се само детска игра.

            И додека понекогаш нивните браќа и сестри извршуваат надворешни дела со го-лема ревност, со умешност и успех и доби-ваат пофалби и одобрувања од светот, се-пак тие знаат, просветлени од Светиот Дух, дека многу поголема слава, среќа и сласт е да се живее скромен живот во осаменост со Исуса Христа, својот пример, во целосна и совршена  подложност   на   својата   Мајка,

отколку што е слава, среќа и чест да се пра-ват дури и морални и милосни чуда во све-тот, како некои Исавови отфрлени. „Слава-та и богатството е во нејзината куќа“ (Пс. 111,3); славата за Бога, а богатството за лу-ѓето се наоѓаат во куќата на Марија.

            Господи Исусе, пријатни се твоите ста-нови! Врапчето си најде тука куќа да се смести, а грлицата гнездо тука да ги стави своите пилиња (спор. Пс. 84,4). О, среќен ли е оној човек којшто престојува во домот на Марија, во кого ти прв си се населил! Во таа куќа предодредените ја добиваат своја-та помош од тебе, и тука тие ги започнуваат угорнините и степените на сите добродете-ли во оваа долина на солзите. „Колку се ми-ли становите твои“ (Пс. 84,2).

197. 2. Предодредените нежно ја љубат и вистински $ укажуваат чест на Пресветата Девица како на своја добра Мајка и Госпо-дарка. Ја љубат не само со јазикот, туку ви-стински, $ укажуваат чест не само на над-ворешен начин, туку во длабочината на своето срце; како Јакова избегнуваат сè што може да $ биде одвратно, а извршуваат пламено сè што сметаат дека со тоа можат да ја здобијат нејзината добродушност.

            º донесуваат и $ даруваат не две јари-ња, како Јаков на Ревека, туку тоа што тие две јариња означуваа, имено своето тело и својата душа со сè што им припаѓа, од овие причини: 1. Да ги прими како своја сопст-веност; 2. Да ги убие, т.е. да направи да ум-рат за гревот и за самите себе си и да ги од-ере и лиши од нивната кожа, нивното себе-љубие, така што да можат да му се допад-нат на Исуса, нејзиниот Син, којшто ги ба-ра за пријатели и слуги само оние коишто умреле за самите себеси; 3. Да ги подготви според вкусот на небескиот Отец, т.е. за не-гова поголема слава која тој ја познава по-добро од кое било створение; 4. Најпосле, тоа тело и таа душа, со нејзината грижа и заземање добро измиени од секоја нечисто-тија, целосно мртви, сосема очистени и уба-во приготвени, да станат пријатно јадење, достојно за устата и благословот на небес-киот Отец. Зарем нема така да направат предодредените, кои со задоволство ќе ја прифатат и извршуваат совршената посвета на Исуса преку рацете на Марија, која по-света еве ја поучувам, за така да му ја по-сведочат на Исуса и Марија својата дело-творна и јуначка љубов?

            Навистина, отфрлените говорат дека го љубат Исуса, дека ја љубат и ја почиту-ваат Марија, но не толку што за нив би го прегореле сето свое битие и би го жртвува-ле за нив своето тело со неговите сетила и својата душа со нејзините страсти, како што тоа го прават предодредените.

198. 3. Предодредените се подложни и по-корни на Пресветата Девица како на своја добра Мајка, по примерот на Исуса Христа, којшто од триесет и три години кои ги по-живеа на земјата, триесет убаво ги употре-би да го слави Бога, својот Отец, во совр-шена и целосна подложност на својата све-та Мајка.

            Оние кои $ се покоруваат следејќи ги точно нејзините совети, како некогаш ма-лиот Јаков советите на Ревека, кога му ре-че: „Сине мој, послушај ги моите совети“; или како што слугите на свадбата во Кана послушаа кога Пресветата Девица им напо-мена: „Што ќе ви каже, направете“. Јаков се покори на мајката, и затоа го доби благо-словот како преку некое чудо. Слугите во Кана, следејќи го советот на Пресветата Де-вица, беа почестени со првото Исусово чу-до, кога Тој на молба на својата Пресвета мајка ја претвори водата во вино. На ист начин сите коишто до крајот на светот ќе го примат благословот на небескиот Отец и ќе бидат почестени со Божјите чудеса, ќе ги примат овие милости единствено после својата совршена послушност кон Марија; додека, спротивно на нив Исавите, не сакај-ќи да живеат подложни на неа, го губат својот благослов.

199. 4. Предодредените имаат голема до-верба во добрината и моќта на Пресветата Девица, својата добра Мајка, постојано ја бараат нејзината помош; гледаат на Неа ка-ко на ѕвезда северница за да пристигнат во своето пристаниште; $ ги откриваат своите маки и потреби сосема отворено; прибегну-ваат во нејзиното неизмерно милосрдие и благост, за со нејзиното заземање да доби-јат опростување на гревовите или да ги уживаат нејзините мајчински милини во си-те свои маки и јадови. Дури, се фрлаат и со-криваат во нејзиното мајчинско и девствено крило, и во него се губат на прекрасен на-чин, за тука да се распалат со чиста љубов, да се очистат од секоја и најмала нечисто-тија и сосема да го најдат Исуса, којшто ту-ка станува како на свој најславен престол. О, колкава среќа! „Немој да мислиш“ – ве-ли опат Гуерик – „дека е поголема слава да се престојува во крилото Аврамово отколку во крилото на Марија, зашто овде самиот Господ си поставил престол за себе“.

            Отфрлените, спротивно на тоа, ја  по-ставуваат сета своја доверба во себе; со блудниот син јадат свинска храна; како жа-бите се хранат само со земја, и како светски луѓе ги сакаат само видливите и надвореш-ните луѓе, и затоа не знаат колку е благо Марииното мајчино крило ниту го имаат она пријатно чувство кое го имаат предод-редените потпирајќи се на Пресветата Де-вица како на своја добра Мајка и надевајќи се на Неа. Тие бедно ја љубат својата глад за надворешните работи, како што вели свети Гргур, зашто не сакаат да ја вкусат сласта која убаво е подготвена во нив сами-те и во Исуса и Марија.

200. 5. Најпосле, предодредените одат по патот на Пресветата девица, својата добра Мајка, т.е. тие ја наследуваат. И токму по-ради тоа тие се вистински среќни во својата побожност и имаат сигурен знак за своето предодредување, како што во тоа ги уверу-ва оваа љубезна и света Мајка: Блазе на он-ие кои ги чуваат моите патишта (Изр. 8,32), т.е. блазе на оние кои со помош на Божјата милост, се вежбаат во моите добродетели и одат по стапките на мојот живот. Среќни се на овој свет, во текот на својот живот, пора-ди обилието на милост и сласт кои им ги доделувам од мојата полнота, и тоа многу пообилно отколку на оние кои не се пове-дуваат по мене толку верно. Среќни се на својата смрт, која им е блага и мирна, и на која и јас редовно присуствувам, за самата да ги поведам во вечното веселие. Среќни се, најпосле, во својата вечност, зашто ни-когаш не се загубил ниеден од моите верни слуги, ако ги последувал моите добродете-ли во својот живот.

            Спротивно на тоа, отфрлените се не-среќни во текот на својот живот, на својата смрт и во вечноста, затоа што ни малку не се огледуваат на Марија и нејзините добро-детели, туку им е доволно ако понекогаш се запишат во нејзините братства, ако измолат некоја молитва во нејзина чест или ако из-вршат некоја друга надворешна побожна вежба.

            О, Пресвета Девицо, моја добра Мај-ко, среќни се, и пак велам со најголем занес на срцето, среќни се оние кои не дозволува-ат да бидат измамени од лажната побож-ност спрема тебе, туку верно одат по твоите стапки, ги следат твоите совети и се поко-руваат на твоите одредби? А, несреќни се и проклети, оние кои злоупотребувајќи ја твојата побожност, не ги извршуваат запо-ведите на твојот Син: Проклети се оние коишто отстапуваат од твоите заповеди (Пс. 119,21).

 

5. Мајчинската грижа на Марија кон робовите на љубовта

 

201. Еве сега ги изнесувам љубезните услу-ги кои Пресветата Девица, најдобрата од сите мајки, им ги прави на своите верни слуги кои нејзе $ се предале на спомнатиот начин и по примерот на Јакова.

 

5.1. Таа ги љуби

 

Таа ги љуби. Јас ги љубам оние кои ме љубат мене (Изр. 8,17): 1. Бидејќи е нивна вистинска Мајка, а мајката секогаш го љу-би своето дете, плодот на својата утроба; 2. Ги љуби, потоа, од благодарност, бидејќи и тие ја љубат Неа вистински, како своја до-бра Мајка; 3. Ги љуби бидејќи и Бог ги љу-би како предодредени: Јакова го љубев, а Исава не го љубев (Рим. 9,13); 4. Ги љуби, најпосле, бидејќи нејзе $ се посветија и би-дејќи се нејзин дел и нејзино наследство: Насели се во Јакова и влези во наследство-то на Израелот! (Сир. 24,8).

202. Ги љуби нежно и понежно отколку си-те мајки заедно. Да е можно сета природна љубов на сите мајки од светот спрема нив-ните деца да се стави во срцето на една мај-ка спрема нејзиниот единец, навистина таа мајка силно би го љубела тоа дете. Меѓу-тоа, жива вистина е дека Марија уште по-нежно ги љуби своите деца, отколку што таа мајка би го љубела својот син.

Таа ги љуби своите деца не само со чувствата, туку и делотворно. Нејзината љубов кон нив е активна и делотворна како љубовта на Ревека кон Јакова, и уште пове-ќе. Оваа добра Мајка, на која Ревека $ беше само слика, еве што прави за да им набави благослов од небескиот Отец.

203. 1. Таа, како Ревека, чека згодна прили-ка да им направи добро, да ги направи ве-лики и богати. Бидејќи таа ги гледа во Бога сите добра и зла, сите среќи и несреќи, бла-гослови и проклетства Божји, таа веќе од многу порано ги подесува сите работи така за да ги избави своите слуги од секој вид зло, а ги опсипува со добра од секоја рака.

Затоа, ако некој треба да добие некоја добра среќа од Бога, верно извршувајќи ја доверената и возвишена задача, сигурно Марија ќе ја прибави таа среќа на некое од своите предани деца и слуги и ќе им ја при-бави милоста за верно да $ одговорат. „Таа се грижи за нашите работи“ – вели еден светец.

204. 2. Марија убаво ги советува, како Реве-ка Јакова: Сине мој, послушај ги моите со-вети (Пост. 27,8). Покрај  другите совети, таа ги инспирира да $ ги донесат своето те-ло и својата душа, и да $ ги посветат како би можела од нив да му подготви храна угодна на Бога, и да извршуваат сè што по-учуваше Исус, со зборови и со примери. Ако таа самата не ги дава тие совети, таа тоа го прави преку ангелите, кои тоа го сметаат како најголема чест и пријатност да ја послушаат кога ќе им даде наредба да слезат на земјата и да им помогнат на неј-зините верни слуги.

205. 3. Кога нејзините љубители ќе $ го до-несат и посветат своето тело и душа со сите телесни и духовни добра, без каков било исклучок, што прави тогаш оваа добра Мај-ка? Исто така како што некогаш Ревека на-прави со двете јариња, кои што Јаков ги до-несе; 3.1. Таа ги убива, т.е. им го одзема животот на стариот Адам; 3.2. Потоа ги од-ерува и им ја оголува кожата, т.е. нивната природа, природните склоности, нивното себељубие, своеволност и секое прилепува-ње до створенијата; 3.3. Потоа ги очистува од нивните нечистотии, дамки и гревови; 3.4. Најпосле ги подготвува според Божјиот вкус т.е. за поголема негова слава. А, бидеј-ќи само таа совршено го познава тој Божји вкус – таа поголема Божја слава, значи ед-инствено таа може без грешка да го уреди и подготви нашето тело и нашата душа спо-ред тој неизмерно совршен вкус – за таа не-измерно таинствена слава.

206. 4. Оваа добра Мајка, кога го примила овој совршен дар, со кој $ се подаривме са-мите себе си, своите сопствени заслуги и надоместоци во посветата, за која што веќе зборував, ја соблекува од нас нашата стара облека и прекрасно нè облекува и така нè прави достојни да се покажеме на својот небески Отец. 4.1. Најпрвин, значи, нè об-лекува во чистата, нова, драгоцена и нами-рисана облека на постариот брат Исав, која ги означува заслугите на Исуса Христа, неј-зиниот Син, кои таа ги чува кај себе, т.е. во нејзина власт, и со нив располага како опш-та и вечна благајница и делителка на заслу-гите и добродетелите на својот син Исус. Навистина, таа ги дава и ги дели на кого сака, кога сака и колку сака, како што тоа го видовме порано.

Потоа ги покрива вратот и рацете на своите слуги со кожата на убиените и одрани јари-ња; тоа значи, таа ги краси со заслугите и вредноста на нивните сопствени дела. На-вистина, таа убива и усмртува сè што е во нив нечисто и несовршено; но не го униш-тува и не го допира доброто кое што во нив го произвела милоста, дури таа го чува и го зголемува тоа добро, за да им биде како ук-рас и сила на вратот и рацете, а тоа значи: таа им дава сила да можат да го носат јаре-мот Господов, кој се носи на вратот, и изве-дува големи дела за слава Божја и за спасе-ние на своите бедни браќа. 4.3. Најпосле, таа во таа нивна облека и накити  додава нов миомирис, нова милост давајќи им ја својата сопствена облека: своите заслуги и своите добродетели кои им ги оставила во тестамент, како што тоа го вели некоја мо-нахиња од минатиот век, која ја сметале за света уште додека била жива, а тоа го до-знала преку објавување.

            Затоа сите домашни на Марија, нејзи-ните верни слуги и робови се облечени во две облеки: во облеката на нејзиниот Син и во нејзината, сопствената – сите нејзини че-да имаат по две облеки (Изр. 31,21). Затоа не треба да се плашат од студ од страна на Исуса Христа, ако Тој белее како снег, до-дека тој студ не ќе можат да го поднесат от-фрлените, бидејќи се без облека, т.е. лише-ни се од заслугите Христови и од Пресвета-та Девица.

207. 5. Најпосле, таа со своите заслуги им го прибавува благословот од небескиот От-ец на своите слуги, иако немаат природно право на тоа, бидејќи се помали браќа и по-синети деца. Во оваа сосема нова, предра-гоцена и убаво намирисана облека тие без страв се приближуваат до постелата на која се одмора нивниот небески Отец и му го принесуваат своето тело и душа, кои се убаво подготвени и уредени.

            А нивниот Отец го слуша и го разбира нивниот глас, гласот на бедните грешници; им ги допира нивните раце обвиени со ко-жата; го чувствува миомирисот на нивните облеки; го зема весело тоа што му го под-готвила Марија, нивната мајка и препозна-вајќи ги во нив заслугите и миомирисот на својот Син и на неговата Пресвета мајка, им дава три богатства: 5.1. Им го дава сво-јот двократен благослов: благословот на небеската роса (Пост. 27,28), т.е. божестве-ната милост, која е семе на вечната слава – Оној којшто нè благослови со секој небески благослов во Христа (Еф. 1,3) и со благо-словот на родната земја, т.е. овој добар От-ец им го дава лебот секојдневен и доволно обилие на богатство од овој свет; 5.3. Ги прави господари на нивните возрасни бра-ќа, т.е. отфрлените. Навистина, тоа нивно првенство не се гледа секогаш на овој свет, кој минува за миг, и често во него отфрле-ните се господари според зборовите на Све-тото писмо: Безбожниците ќе се фалат; дрско ќе зборуваат. Видов дрзок злотвор што се шири како разгранет кедар (Пс. 93,3; 36,35). Но секако, првенството на слу-гите на Марија е реално, и тоа ќе се покаже јасно на другиот свет во сета вечност, кога праведниците, според зборовите на Светиот Дух, ќе им судат на племињата и на наро-дите (Мудр. 3,8); 5.3. Најпосле, на Божјото Величество не му е доволно што ги благо-словува слугите на Марија и нивните доб-ра, туку ги благословува и сите оние кои нив ќе ги благословуваат, а ќе ги проколну-ва сите кои нив ќе ги проколнуваат и прого-нуваат.

 

5.2. Таа ги одржува и телесно и духовно

 

208. И друга љубезна услуга Марија им ис-кажува на своите верни слуги, а таа е: ги одржува и телесно и духовно. Им дава две облеки, како што видовме, го изнесува пред нив најодбраното јадење од Божјата маса, ги храни со лебот на животот кој што сама-та  го  подготвила; мили  мои деца – вели во

името на Мудроста наситете се со моите плодови (Сир. 24,19, те. ), т.е. со Исуса, кој-што е плод на животот кој јас го родив за вас. Дојдете, јадете од мојот леб и пијте од виното кое го измешав (Изр. 9,5). Јаде-те, пријатели, пијте и опијте се, мили мои! (Песн. 5,1). т.е. дојдете и јадете од мојот леб, а тој е Исус Христос, и пијте од виното на неговата љубов, кое ви го разблажив со млекото на својата мајчинска нежност.

            А, бидејќи е благајница и делителка на даровите и милостите на Вишниот, им одредува добар, дури најдобар дел со кој ги храни и одржува своите деца и слуги. Затоа тие се поткрепени со Лебот на животот, на-поени со виното кое раѓа девици. Затоа Таа ги носи на своите гради. Затоа им е толку лесно да го носат Исусовиот јарем, што скоро и не ја чувствуваат неговата тежина, покрај маслото на побожноста со кое таа го омекнува (Из. 10,27).

 

5.3. Таа ги води и ги управува

 

209. Третото доброчинство кое Пресветата Девица им го дели на своите верни слуги е ова: Таа ги води и управува со нив според волјата на својот Син. Ревека го водеше својот мал Јаков и понекогаш му даваше убави совети, или за да добие благослов од неговиот татко или пак за да го сочува од омразата и прогонувањето на неговиот брат Исав.

            Исто, Марија, таа ѕвезда на морето, ги води сите свои слуги во сигурно пристани-ште. Таа им ги покажува патиштата на веч-ниот живот; ги оддалечува од погибелните чекори; за рака ги води по патеките на правдата; ги придржува кога се готови да паднат; ги прекорува како љубезна мајка, кога нешто ќе погрешат; дури понекогаш и љубезно ги казнува. Зарем може ли тогаш да залута од патот на вечноста детето на Марија, кое $ е покорно како на своја љу-безна Мајка хранителка и просветлена уп-равничка! Одејќи по неа – вели св. Бернард – нема да залуташ од патот. Немојте да се плашите дека лошиот дух ќе го излаже де-тето на Марија, и дека тоа ќе падне во очи-гледна ерес. Таму кај што води Марија, не-ма да најдеш ни опак дух со неговите изма-ми, ни еретик со неговите сплетки. Ако Таа те држи, нема да паднеш.

 

5.4. Таа ги брани и ги заштитува

 

210. Четвртата љубов којашто Пресветата Девица ја покажува кон своите деца и вер-ни слуги се состои во тоа да ги заштитува од нивните непријатели. Ревека со својата трудољубивост и умешност го спаси Јакова од сите опасности во коишто се најде, а особено од смртта, која веројатно би му ја нанесол брат му Исав, бидејќи го мразеше и му завидуваше како Каин спрема својот брат Авел. Така Марија, добрата Мајка на предодредените, ги сокрива под крилјата на својата заштита како квачката своите пили-ња; зборува со нив, се снижува до нив; ги сожалува поради нивните слабости; ги оп-кружува за да ги одбрани од соколот и од јастребот, и ги следи како војска подготве-на за борба (Песн. 6,4). Кога човекот е оп-кружен со стоилјадна добро подготвена вој-ска, зарем тој може да се плаши од своите непријатели? А, уште помалку треба да се плаши верниот слуга на Марија опкружен со нејзината заштита и нејзината владетел-ска моќ. Оваа добра Мајка и моќна Владе-телка побрзо би ги испратила безбројните чети ангели во помош на својот слуга, за да не може да се рече дека нејзиниот верен слуга, којшто $ се доверил, сепак го совла-дала злобата, бројот и силата на неговите непријатели.

 

5.5 Таа се зазема

 

211. Најпосле, петтото и најголемо добро-чинство кое љубезната Мајка го прибавува на своите верни почитувачи: таа се зазема за нив кај својот Син, го ублажува со свои-те молитви, ги соединува со него во најтес-на врска и ги чува во тоа единство. Ревека го приведе Јакова до постелата на неговиот татко, а добриот старец го допре, го пре-грна, дури и го бакна весело, бидејќи беше задоволен и сит од убаво подготвеното ја-дење, кое му го донесе пред него; потоа ко-га го почувствува пријатниот миомирис на неговата облека, воскликна: Ете го мири-сот на мојот син како полињата полни со мирис кои Бог ги благословил! (Пост. 27,27).

            Тоа полно поле, чијшто мирис толку му угоди на татковото срце, го означува мирисот на добродетелите и заслугите на Марија. Таа е поле полно со милост, каде што Бог го засеал пченичното зрно на из-браниците – својот единороден Син. О како секое  дете на Марија, кога мириса со нејзи-ниот миомирис, убаво го прима Исус Хри-стос, Отецот на идниот век! О како тоа брзо и совршено се соединува со Исуса! За тоа малку поопширно зборувавме пред малку.

212. Освен тоа, кога Марија ги опсипала со милостини своите синови и верни робови, кога им прибавила благослов од небескиот Отец и соединување со Исуса Христа, то-гаш ги задржува во Исуса, а Исуса во нив; ги чува и постојано бдее над нив, за да не ја изгубат Божјата милост и да не паднат во заседите на своите непријатели: Таа ги за-држува светите во нивната полнота, и им дава истрајност до крај, како што видовме. Ете, тоа е толкувањето на оваа голема и стара слика на предодредувањето и отфрла-њето, која е толку непозната, а толку полна со тајни.

 

Глава IV

 

ПРЕКРАСНИТЕ ЕФЕКТИ ОД ОВАА ПОБОЖНОСТ ВО ДУШАТА КОЈАШТО Е ВЕРНА

 

1. Мудро спознавање и презир на самиот себе

 

213. Драги мој брате, ако бидеш верен на внатрешните и надворешните вежби на ов-аа побожност, кои малку подоцна ќе ти ги покажам, биди уверен дека најпрвин, со светлината која ќе ти ја даде Светиот Дух преку Марија, предрагата негова Свршени-ца, ќе го запознаеш своето опако дно, своја-та расипаност и својата неспособност за ка-кво било добро, и под влијание на тоа соз-нание сам ќе се презираш и со гадење ќе помислуваш на себе си. Ќе се сметаш за полжав којшто се валка во својата лига, или крастава жаба која сè труе со својот отров, или опака змија која работи само за измама. Најпосле, понизната Мајка ќе те направи соучесник на својата длабока понизност, и ќе се презираш себе си, нема да презираш никого и ќе ти биде мило што си презрен.

 

2. Удел во верата на Марија

214. Потоа Девицата ќе те направи соучес-ник на својата вера која на земјата беше по-голема од верата на сите патријарси, проро-ци, апостоли и сите светци. Таа сега, кога царува на Небото, ја нема повеќе оваа вера, зашто јасно ги гледа сите работи во Бога, со светлото на славата; но сепак со согласност на Превозвишениот, Таа, таа вера не ја из-губила влегувајќи во славата, туку ја сочу-вала, да ја додели во воинствената Црква на своите најверни слуги и службеници.

            Значи, што повеќе ќе ја здобиеш на-клонетоста на оваа возвишена Владарка и верна Девица, толку повеќе ќе имаш чиста вера во сето твое однесување; чиста вера, која ќе те направи незаинтересиран за сè чувствено и надворешно; жива вера и прот-каена со љубов, со која сите дела ќе ги из-вршуваш единствено од поттикнувањата на најчистата љубов; верна, постојана и непо-колеблива како рид, која ќе ти даде сила да останеш постојан среде бурите и маките; вера делотворна и проникнувачка, која како некој таинствен отворач ќе ти го отвори влезот во сите Исусови тајни, во последни-те работи на човекот и во самото срце Бож-јо; храбра вера, од која без двоумење ќе преземеш и ќе извршиш големи дела за Бо-га и за спасение на душите; најпосле вера која ќе ти биде запален факел, твој божест-вен живот, твое сокриено богатство на бо-жествената Мудрост, и твое семоќно оруж-је со кое ќе можеш да се послужиш за да ги просветлиш оние коишто се во темница и смртна сенка; да ги распалиш млаките и на оние на кои им треба вжештеното злато на љубовта; да им дадеш живот на оние кои-што умреле во гревот; да ги допреш и про-будиш со своите благи и силни зборови мермерните срца и либанските кедри; и нај-после да му одолееш на ѓаволот и на сите непријатели на спасението.

 

3. Милоста на чистата љубов

 

215. Тогаш Мајката на убавата љубов ќе ти ја одземе од срцето секоја скрупула и секој ропски страв. Таа ќе ти го отвори и проши-ри срцето, да можеш да трчаш по патот на заповедите на нејзиниот Син со светата слобода на Божјите деца, и да ти се распали со онаа чиста љубов чие богатство го чува таа; така што твоето однесување нема пове-ќе да биде проткаено со страв пред Бога, којшто е љубов како досега туку со чиста љубов.

            Ти ќе го гледаш како добар Отец, на кого ќе настојуваш постојано да му угодиш и  со доверба ќе комуницираш со него како дете со својот добар Татко. Ако, за несреќа, и го навредиш, веднаш поради тоа ќе се по-низиш и понизно ќе замолиш за простува-ње, едноставно ќе му пружиш рака и ќе се подигнеш без вознемирување и немир, и ќе го продолжиш својот пат кон него без ма-лодушност.

 

4. Голема доверба во Бога и Марија

 

216. Пресветата Девицауште и ќе те испол-ни со голема доверба во Бога и во неа.

            1. Бидејќи повеќе не ќе пристапуваш при Исуса сам од себе, туку секогаш преку оваа добра Мајка;

2. Бидејќи, кога си $ ги дал сите свои заслуги, милости и покајни дела, со нив да располага според својата волја, таа ќе ти ги додели своите добродетели и ќе те украси со своите заслуги, и ќе можеш со доверба да му речеш на Бога: Еве ја слугинката Го-сподова, нека ми биде според твоите збо-рови (Лк. 1,39); 3. Бидејќи си $ се предал целосно, со душа и тело, Таа, која е велико-душна со великодушните, дури повелико-душна од нив, за возврат тебе ќе ти се дару-ва на чудесен но вистинит начин, и ќе мо-жеш слободно да речеш: Твој сум, Пресвета Девице, спаси ме! (спор. Пс. 119,94). Или ќе речеш како што веќе спомнав, со милиот ученик: Те примив кај себе – те зедов, света Мајко, да бидеш сето мое богатство.

            Ќе можеш да кажеш и со свети Бона-вентура: „Моја драга Господарко и Спаси-телко, ќе работам со доверба и нема да се плашам бидејќи си моја сила и пофалба во Господа“... Или пак со истиот: „Целиот сум твој и сè мое е твое, о славна и над сите створенија благословена Девице; еве ќе те поставам како печат на своето срце, зашто твојата љубов е јака како смрт“. И на Бога ќе можеш да му речеш со пророкот: Не се гордее срцето мое, ниту очите се вознесу-ваат. Не одам по големи работи, ниту по чудата коишто се над мене. Ако не мислев понизно, туку се воздигнав, нека ми се од-врати како на дете добиена од мајката не-гова (спор. Пс. 130,1-2).

Како да вели: Господи, ниту моето срце, ниту очите немаат каква било причина да се вознесуваат и гордеат, ниту да бараат ствари велики и чудесни; покрај сето тоа не сум сè уште доволно понизен, но ја подиг-нав и охрабрив својата душа со верата. Јас сум како дете одбиено од земните наслади и потпрено на градите на својата мајка; и токму на тие гради сум опфатен со добри-на. 4. Уште и поради оваа причина ќе ја зго-лемам твојата доверба во Марија: бидејќи кај неа си положил сè што имаш добро, да го раздели или да ти го сочува, толку по-малку ќе имаш доверба во себе, а многу по-веќе во Неа, таа твоја ризница. О, голема надеж и утеха има душата која може да ре-че дека Божјата ризница, во која Бог ги ста-вил сите свои драгоцености, е, исто така, и нејзина ризница. „Таа е – вели еден светец – Божја ризница“.

 

5. Доделување на душата и духот на Марија

 

217. Ќе ти се додели душата на Пресветата Девица да го славиш Бога; нејзиниот дух ќе влезе на местото од твојот, да се радува во Бога, своето спасение. Само треба да бидеш верен на вежбите на оваа побожност. Нека биде во секого душата на Марија, тука да го слави Бога; Духот на Марија нека биде во секого, тука да се радува во Бога (Св. Амброзиј). О, кога ќе дојде среќното време, вели еден современ светец, којшто целиот беше занесен по Марија, ах, кога ќе при-стигне тоа среќно време, во кое божестве-ната Марија ќе биде прогласена Господарка и Владетелка на срцата, за целосно да ги подложи под власта на својот и единствен Исус? Кога душите ќе ја вдишуваат Марија, како што телата го вдишуваат воздухот?

            Тогаш ќе се случуваат чудесни работи во овие краишта долу, каде што Светиот Дух ќе ја најде својата драга Свршеница на некој начин повторно жива во душите, и врз тие души ќе слезе во обилие и ќе ги исполни со своите дарови, а особено со да-рот на својата Мудрост, да изведува чуда на милоста. О мој драг брате, кога ќе дојде тоа среќно време и тој век на Марија, кога мно-гу одбрани души, кои Марија ќе ги прибави од Севишниот, ќе нурнат доброволно во бездната на нејзината внатрешност и ќе по-станат нејзини живи слики и прилики, да го љубат и да го слават Исуса Христа?.Тоа време ќе дојде дури тогаш кога ќе биде поз-ната и ќе се обавува побожноста која ја по-учувам. Нека дојде твоето царство, Госпо-ди, нека дојде царството на Марија!

 

6. Преобразување на душите во Марија, а преку неа во Исуса

 

218. Ако Марија, тоа стебло на животот, добро ја одгледуваме во својата душа, вер-но извршувајќи ги вежбите на оваа побож-ност, Таа ќе го донесе својот плод во свое време, а тој плод е самиот Исус Христос. Гледам дека многу побожни личности го бараат Исуса, едни по еден пат и со една вежба, други по друг; а честопати, бидејќи цела ноќ се труделе, можат да речат: Цела ноќ се трудевме, а ништо не уловивме (Лк. 5,5). И слободно може да им се одговори: Многу работевте, а малку постигнавте (сп-ор. Хаг. 1,6). Исус Христос е сè уште пре-слаб во вас. Но, оној којшто оди по неиз-валканиот Мариин пат и ја извршува оваа прекрасна вежба, која ја поучувам, тој ра-боти само преку ден, работи на свето место и работи малку. Во Марија нема ноќ, зашто во неа никогаш немало грев, дури ни најма-ла сенка на гревот. Марија е свето место, дури светилиште над светиите, каде што се обликуваат и облекуваат светите.

219. Внимавајте убаво, ве молам. Јас велам дека светите се обликуваат според Марија. Голема е разликата: да се направи лик во релјеф со удари на чекан и длето, или да се изработи тој лик со леење во форма. Ваја-рите и скулпторите со голем труд изработу-ваат ликови на првиот начин, и им треба многу време; додека работејќи на вториот начин малку се трудат и трошат сосема малку време. Св. Августин ја нарекува Пре-светата Девица Божја форма: „Достојна си да те наречам Божја форма“, форма за ли-ење, способна да произведува и да израбо-тува боголики луѓе. Оној којшто е фрлен во таа божествена форма, тој брзо ќе биде об-ликуван и изработен во Исуса Христа, а Христос во него. Со мал трошок и за кратко време тој постанува сличен на Бога, зашто е фрлен во истата форма, во која го доби чо-вечкиот лик и Син Божји.

220. Ми се чини дека со право, оние духов-ни водачи и побожни личности, кои сакаат во себе или пак во другите да го обликуваат Исуса Христа со други побожности, а не со оваа, може да се споредат со скулптори кои потпирајќи се на својата способност, веш-тина и умеење, удираат безброј пати со че-канот или длетото во тврд камен или необ-работено дрво за да го изработат ликот на Исуса Христа. Тој лик понекогаш не им из-легува природен, било поради тоа што не ја познаваат личноста на Исуса Христа, ниту можат да го познаваат, било поради тоа што ќе им се открадне некој невнимателен удар којшто им го расипува делото.

            Додека, наспроти нив, оние коишто ќе ја прегрнуваат оваа тајна на милоста, која им ја покажувам, со право можат да се спо-редат со топилничари и леари, кои, откако ќе ја најдат убавата пример-форма, Марија, во која Христос беше обликуван природно и на божествен начин, се фрлаат во Марија и во неа се губат, за да излезат од таму како верен отпечаток на Исуса Христа.

221. О, како е убава и вистинита оваа спо-редба! Но, кој ќе ја разбере? Сакам, драг мој брате тоа да си ти. Но, сети се дека во пример-формата се фрла само тоа што е ом-екнато и течно: т.е. треба да го скршиш и омекнеш во себе стариот Адам, да поста-неш нов во Марија.

 

7. Најголемата слава Божја

 

222. Ако оваа вежба ја извршуваш сосема верно, со неа ќе му оддадеш на Исуса Хри-ста поголема слава за месец дена отколку со која било друга, дури и ако е потешка, за повеќе години. Еве ги причините за тоа: 1. Правејќи добра преку Марија, како што учи оваа вежба, ги напушташ своите намери и своите дејствувања, не знам колку да се добри и познати за тебе, за така да се рече, да се изгубиш во оние на Пресветата Деви-ца, дури и ако не ти се познати; и на тој на-чин да земаш удел во нејзините возвишени намери. Тие биле толку чисти, што таа му оддаде поголема слава на Бога со најмалото свое дело, на пример предејќи фурка, или со еден убод на иглата, отколку свети Лов-ро со своето сурово мачење на својата ре-шетка, дури повеќе отколку сите светци со своите најјуначки дела.

            Затоа Марија, во текот на својот мин-лив живот стекна толкаво обилие на милост и заслуги што полесно е да се избројат ѕвез-дите на небото, капките вода во морето, и зрнцата песок на морскиот брег отколку нејзините заслуги и милости, а на Бога му оддаде поголема слава, отколку што му од-дадоа или кога било ќе му оддадат сите ан-гели и светци. О Маријо, чудо велико! Ти не можеш а да не произведуваш чудеса на милоста во душите кои сакаат, навистина, да се изгубат во Тебе!

223. 2. Бидејќи душата која верно ја извр-шува оваа побожност, не ги смета за ништо своите сопствени основи и дела, туку побр-зо се потпира на она што Марија ќе го рас-пореди, да се приближи кон Исуса дури со него и да разговара. На тој начин го врши делото на понизноста многу подобро од он-ие души кои работат според себеси и се потпираат на своите способности и во нив, без да забележат, се насладуваат; следстве-но, таа душа му оддава поголема слава на Бога, кого совршено го слават само малите и со понизно срце.

224. 3. Бидејќи, на Пресветата Девица $ е мило, поради нејзината голема љубов, да го прима дарот на нашите дела во нејзините девствени раце, Таа им дава неизмерна уба-вина и сјај и сама му ги прикажува на Ису-са Христа. А, јасно е дека на тој начин ние него го славиме повеќе, отколку ако му ги прикажеме со своите грешни раце.

225. 4. Најпосле, секогаш кога ти мислиш на Марија, Таа место тебе мисли на Бога; и секогаш кога ти ја фалиш и $ укажуваш чест, Марија заедно со тебе го фали и му укажува чест на Бога.

Кај Марија сè се однесува на Бога и јас со целосно право ќе ја наречам „Божји однос“ зашто во сè се однесува на Бога, таа е Божјо ехо, кое кажува и одекнува само: Бог. Ако ти речеш Марија, Таа одговара Бог. Света Елисавета ја пофали Марија и ја нарече блажена, бидејќи поверувала; а Марија, верниот Божји одек, запеа: Мојата душа го велича Господа (Лк. 1,45). Тоа што го на-прави во таа прилика, тоа го прави секој ден: кога ја фалиме, ја љубиме, $ укажува-ме чест или ја даруваме; Бога го фалиме, му укажуваме чест, Бога го љубиме, на Бога дар му носиме преку Марија и во Марија.

 

Глава V

 

ПОСЕБНИ ВЕЖБИ НА ОВАА ПОБОЖНОСТ

 

А. НАДВОРЕШНИ ВЕЖБИ

 

226. Иако оваа побожност по својата суш-тина е во внатрешноста на душата, сепак таа има и повеќе надворешни побожни веж-би, кои не е добро да се пропуштаат, држеј-ќи се до Светото писмо: Ова би требало да се прави, а другото да не се пропушта (Мт. 23,23). Ова е поради тоа што добро изведе-ните надворешни вежби им помагаат на внатрешните; со тоа што на човекот, кој-што секогаш се владее според сетилата, му довикуваат во паметта што направил и што треба да направи; и се пригодни да дејству-ваат во корист на ближниот, којшто не ги гледа, а за тоа не се згодни оние што се са-мо внатрешни.

            Значи, ниеден световен човек ниту критичар нека не се вплеткува овде говореј-ќи дека вистинската побожност е во срцето; дека треба да се избегнува тоа што е надво-решно, зашто во тоа може да има суета; де-ка треба да се крие својата побожност итн. Јас им одговорам со својот Учител: Луѓето нека ги видат вашите добри дела, да го сла-ват вашиот Отец којшто е на небесата (Мт. 5,16). Се разбира, не смееме, како што вели св. Гргур, да ги извршуваме своите дела и надворешни побожности за да им угодиме на луѓето и да нè пофалат, зашто тоа би би-ла празна работа; туку да ги вршиме поне-когаш пред луѓето со намера да му угодиме на Бога и со тој свој пример да ги наведеме и другите да го слават Бога, без каква било грижа дали поради тоа некој ќе нè презира или ќе нè фали. Ќе изнесам накратко само неколку надворешни вежби. Така ги наре-кувам не затоа што тие би се извршувале без внатрешна побожност, туку затоа што навистина тие делумно се надворешни, и затоа ги издвојуваме од оние коишто се чи-сто внатрешни.

 

1. Подготовка за извршување на посветата

 

227. ПРВА ВЕЖБА – Оние коишто сакаат да ја прегрнат оваа посебна побожност, која сè уште не е подигната во братството иако тоа би било пожелно, ќе употребат барем дванаесет денови за да се испразнат од све-товниот дух, којшто е толку спротивен на духот Христов, како што веќе реков во пр-виот дел на оваа Подготовка за Царството на Исуса Христа. Потоа ќе употребат три седмици, да се наполнат со Исуса Христа преку Пресветата Девица. А еве можат да се придржуваат на овој ред.

228. Во првата седмица во сите свои молит-ви и побожни дела ќе се молат за спознава-ње на самите себеси и за совршено покаја-ние за своите гревови; и сето тоа да се пра-ви во дух на понизност. За таа цел ќе мо-жат, ако сакаат, да размислуваат за она што го реков за нашето опако дно, и во текот на првите шест дена од оваа седмица нема се-беси поинаку да се гледаат, туку како пол-жави, гасеници, крастави жаби, свињи, зм-ии и јарци, или ќе ги имаат на ум овие три изреки на св. Бернард: „Промисли што бе-ше - гнил зачеток; што си сега - сад од бла-то; што ќе бидеш - храна на црвите“. Ќе се молат на Господа Исуса Христа и на него-виот Свет Дух: Господи, да прогледам, или: О, да би се запознал себе си; или: Дојди Пресвет Духу. И ќе молат секој ден лита-нии на Светиот Дух со молитвата што сле-дува, како што се назначени во првиот дел на овој спис. Ќе влијаат на Пресветата Де-вица и ќе ја молат оваа голема милост на спознавање на самите себе, која треба да е темел на сите други. За таа цел ќе се молат секој ден: Здраво Ѕвездо на морето и нејзи-ните литании.

229. Во втората седмица, во сите свои мо-литви и дневни дела ќе настојуваат да ја за-познаат Пресветата Девица, а за тоа позна-вање ќе се молат на Светиот Дух. Ќе можат да читаат и да размислуваат што рековме за тоа и ќе ги молат како и првата седмица ли-таниите на Светиот Дух и Здраво Ѕвездо на морето, а покрај тоа и едена бројаница се-кој ден.

230. Третата седмица ќе се употреби за за-познавање на Исуса Христа. Ќе може да чи-таат и да размислуваат за тоа што го реков-ме на таа тема и ќе ја молат молитвата на св. Августин, која е поставена на почетокот на овој друг дел. Со истиот светец ќе можат да кажат и да повторат стотици и стотици пати дневно: Господи, да те запознам тебе; или: Господи, да прогледам, да видам кој си ти. И ќе ги измолат како и претходните седмици литаниите на Светиот Дух и Здра-во Ѕвездо на морето, додавајќи ги секој ден литаниите на Името Исусово.

231. На крајот на тие три седмици ќе се ис-поведаат и ќе се причестат со намера да се предадат на Исуса Христа преку рацете на Марија во својство на роб на љубовта. А по причесната, која ќе настојуваат да ја при-мат по упатството што го донесувам подоц-на, ќе го измолат образецот на својата по-света, која, исто така, ќе се најде овде мал-ку понапред. Ако тој образец не е отпеча-тен, нека го препишат или некој друг нека им го препише, и во денот кога ќе ја извр-шат посветата, тој истиот ден нека го пот-пишат со своето име.

232. Ќе биде добро ако тој ден платат нека-ков данок на Исуса и на неговата Пресвета Мајка, било за покајание поради поранеш-ната неверност на заветите од крштението, било со тоа да ја посведочат својата завис-ност под власта на Исуса и Марија. А, тој данок ќе биде според побожноста и можно-стите на секој поединец, како на пример по-ст, некое умртвување, некоја милостина или свеќа. И кога не би донеле ништо за по-дарок туку само игла, но само да е со драго срце, тоа е доволно за Исуса, којшто ја гле-да само добрата волја.

233. Барем секоја година, во истиот ден, ќе ја обноват истата посвета, извршувајќи ги истите побожни вежби во текот на три сед-мици. Дури, ќе можат секој месец и секој ден да обноват сè што направиле, со овие малку зборови: Твој сум сиот, и сè мое ти припаѓа тебе, мој љубен Исусе, преку Ма-рија твојата Пресвета Мајка.

 

2. Молење на малата бројаница на Богородица

 

234. ВТОРА ВЕЖБА – Секој ден во текот на целиот свој живот ќе ја молат Малата бро-јаница на Богородица, но не сметајќи ја за задолжителна. Таа е составена од три Оченаши и дванаесет Здравомарии во чест на дванаесетте Богородични привилегии и величини. Оваа вежба е многу стара, а те-мелот $ е во Светото писмо. Свети Јован видел жена со круна од дванаесет ѕвезди, облечена во сонце и со месечината под но-зете (спор. Отк. 12,1). Таа жена според тол-кувачите е Пресветата Девица.

235. Оваа Мала бројаница може убаво да се измоли на повеќе начини, и би било пре-многу долго сите овде да ги изнесеме; са-миот Свет Дух ќе ги поучи во нив оние кои ќе $ бидат најверни на оваа побожна вежба. Сепак, еве го наједноставниот начин. Нај-првин речи: Дозволи да те фалам, Пресвета Девице; дај ми сила против твоите неприја-тели, потоа измоли го Вјерују, па три пати по еден Оченаш, четири Здравомарии и ед-ен Славаотцу. На крајот се вели: Под твоја-та одбрана...

 

3. Носење на синџирчиња

 

236. ТРЕТА ВЕЖБА – Оние коишто на тој начин ќе постанат робови на Исуса и Мари-ја, ќе направат многу пофална работа, мно-гу чесна и многу корисна, ако носат, како знак на своето љубезно ропство, железно синџирче благословено токму за таа намена со посебен благослов, којшто се наоѓа овде, малку понапред.

            Навистина, овие надворешни знаци не се битни, и човек може да биде сосема до-бро и без нив, иако ја прегрнал оваа побож-ност. Сепак не може да не се пофалат оние коишто ги истресле срамните синџири на ѓаволското ропство, со кои ги беше оковал источниот грев, а можеби и личните грево-ви, па доброволно преминале во славното ропство на Исуса Христа и се гордеат со свети Павле дека се во синџири поради Исуса, синџири навистина железни и ни малку сјајни, но илјадапати пославни от-колку златните царски ѓердани.

237. Некогаш, ништо не беше посрамотно од крстот; денес, напротив, кај христијани-те нема ништо пославно од тоа дрво. Исто-то можеме да го кажеме за ропските синџи-ри: немаше ништо понечесно во старите времиња, а и денес нема кај паганите; но кај христијаните нема ништо почесно од овие Исусови синџири, зашто нас нè одре-дуваат и нè чуваат од срамните врски на гревот и од ѓаволот, и бидејќи ни донесува-ат слобода и нè врзуваат за Исуса и Марија, не дека мораме, или сме присилени како некои робијаши, туку од драгост и љубов како синови. Со јажиња за луѓе ги привле-кував, со синџирите на љубовта (Ос. 11,4) – вели Бог со устата на еден пророк – кои се, следствено, јаки како смрт (Песн. 8,6), и во една рака појаки од оние кои верно ќе ги носат овие славни знаци сè до смртта.

Зашто ако смртта им го уништи телото пре-творајќи го во гнилеж, сепак нема да ги уништи ропските синџири кои, бидејќи се од железо, нема лесно да изгнијат, а може-би на денот на воскресението, на големиот последен суд, овие синџири кои сè уште ќе им ги врзуваат коските, ќе допринесат за нивната прослава и ќе се претворат во син-џири на светлината и славата. Значи, блазе им, илјадапати блазе им на славните Исусо-ви робови во Марија, кои своите синџири ќе ги носат сè до гробот!

238. Овие синџири се носат поради следни-ве причини: Прво, да му ги напомнуваат на христијанинот заветите и обврските од не-говото крштение, нивната совршена обнова која ја направил во оваа побожност, и цвр-стата должност која го врзува да им остане верен. Бидејќи човекот честопати повеќе се владее според сетилата, отколку според жи-вата вера, лесно ги заборава своите обврски кон Бога, ако некој надворешен предмет не му ги довикне во паметта. Затоа овие син-џири сосема добро му служат на христија-нинот да му ги напомнуваат врските на гре-вот и ропството на ѓаволот, од кои го осло-боди неговото крштение, и неговата завис-ност од Исуса Христа, која ја ветил на све-тото крштение и која ја потврдил со обно-вата на крштелните завети. А, зошто толку малку христијани мислат на своите крштел-ни завети и си живеат распуштено како паганите, како ништо да не му ветиле на Бога, една од причините е таа што немаат на себе си никаков надворешен знак којшто би им ги повикувал во паметта.

239. Втора причина е да покажеме дека не се срамиме од ропството и службата на Исуса Христа и дека се одрекнуваме од кобното ропство на светот, гревот и ѓаво-лот. Трета причина е да се осигуриме и да се сочуваме од синџирите на гревот и ѓаво-лот. Зашто или ќе ги носиме синџирите на лошите работи, или синџирите на љубовта и спасението: Синџирите на гревот; синџи-рите на љубовта.

240. О драг мој брате, да ги раскинеме син-џирите на гревот и грешниците, светот и световните луѓе, ѓаволот и неговите калфи, и да го отфрлиме далеку од себе нивниот злокобен јарем: Да ги скршиме нивните пранги и нивниот јарем да го отфрлиме (Пс. 2,3). Стави ги своите нозе – да се изра-зам со Светиот Дух – во славните пранги на Исуса Христа, Отелотворената Мудрост, и својот врат во нејзиниот јарем. Да ги подна-веднеме своите плеќи под нејзиниот товар и нека не ни пречат нејзините узди (Сир. 6,24). Ќе забележиш дека Светиот Дух, пред да ги каже тие зборови, ја подготвува за нив нашата душа, да не  го отфрли него-виот важен совет. Еве ги неговите зборови: Послушај ме сине, прими ја мојата поука и не отфрлај го мојот совет (Сир. 6,23).

241. Затоа сигурно ќе ти биде драго, пре-драг мој пријателе, заедно со Светиот Дух да ти го дадам истиот совет: Нејзините пранги ќе бидат силна заштита. Како што Исус на крстот треба сите да ги привлече при себе или со љубов или со сила, така ќе ги привлече отфрлените со синџирите на нивните гревови, како затвореници и не-пријатели да ги врзе за својата вечна служ-ба и својата правда на одмазда, но предод-редените ќе ги привлече, особено во овие последни времиња, со синџирите на љубов-та: Сите ќе ги привлечам при себе (Јн 12,32); ќе ги привлечам со синџирите на љу-бовта (Ос. 11,4).

242. Овие робови на љубовта на Исуса Хри-ста, овие Исусови робови, робови на Хри-ста Исуса (Еф. 3,1), можат да ги носат сво-ите синџири или околу вратот, или отколку половината, или на нозете. Отецот Викен-тие Караффа, седмиот генерал на Дружбата Исусова, којшто умре во 1614 г., а го сме-таа за свет уште додека живееше, носеше како знак на своето ропство железна алка на нозете и велеше дека му е многу жал што не може јавно да ги влече своите син-џири. Претходно спомнатата Мајка Јања од Исуса носеше железен синџир околу поло-вината. Некои други го носеле околу вра-тот, за да вршат покора за бисерните син-џири што ги носеле во светот; други пак ги носеле на мускулите, за да си спомнуваат дека се Исусови робови додека ја работаат својата рачна работа.

 

4. Посебна побожност кон Тајната на Овоплотувањето

 

243. ЧЕТВРТА ВЕЖБА: Посебна побожност спрема тајната на Овоплотувањето. Тие Исусови и Мариини робови ќе имаат посеб-на побожност спрема големата тајна на Отелотворувањето на Речта, која се слави на 25 март, а која тајна е во посебна врска со оваа побожност. Навистина, Светиот Дух им ја инспирира на верниците оваа по-божност од следниве причини: 1. За да $ укажуваме чест и да ја последуваме неис-кажливата зависност, со која Синот Божји сакаше да зависи од Марија за слава на Бо-га, својот Отец и за нашето спасение. Таа зависност особено се покажува во спомна-тата тајна, во која Исус Христос е заробе-ник и роб во девственото крило на божест-вената Марија, каде што Тој зависи од неа во сè; 2. За да му заблагодариме на Бога за неспоредливите милостини, кои $ ги доде-ли на Марија, а посебно што ја избра за своја предостојна Мајка, а тој избор е на-правен во оваа тајна. Тоа се двете главни причини на нашето ропство на Исуса и Ма-рија.

244. Внимавајте, морам јас редовно да ве-лам: роб на Христа во Марија, ропство на Исуса Христа во Марија. Навистина би мо-жело да се рече, како што и повеќето до се-га ги нарекле: роб на Марија, ропство на пресветата Девица. Но, сепак сметам дека е подобро да се вика роб Исусов во Марија, како што тоа на еден црковен службеник му советувал Тронсон, врховниот управ-ник на Богословијата Св. Сулпициј, познат по својата ретка разборитост и голема по-божност, кога овој го прашал за совет за таа работа. Еве ги причините за тоа:

245, 1. Живееме во горд век, во кој има го-лем број надуени мудреци, кои секогаш имаат нешто да приговорат на најтемелните и најсолидните побожни вежби. Значи, за да не им дадам  шанса за непотребни кри-тики, мислам дека е подобро да се рече „роб на Исуса“ отколку „роб на Марија“. Во тој случај оваа побожност ја нарекуваме според нејзината последна цел, а тоа е Исус Христос, а не според патот и средството преку кои стигнуваме до таа цел, т.е. Ма-рија; иако можеме сосема добро и мирно да го употребуваме и едниот и другиот израз, како што и јас го правам тоа. Така на при-мер, оној којшто оди од Орлеанс во Тур преку градот Амбоас, може да рече сосема правилно дека оди во Тур, преку градот Амбоас, може сосема правилно да рече де-ка оди во Амбоас и дека оди во Тур; дека е патник за Амбоас и дека е патник за Тур, додека единствено Тур му е последната цел на неговото патување.

246. Бидејќи главната тајна која ја славиме во оваа побожност е тајната на Овоплотува-њето, во кое не можеме да го видиме Исуса, освен во Марија, овоплотен во нејзиното крило, според тоа позгоден назив е „ропст-во на Исуса во Марија“ – на Исуса, имено, којшто станува и владее во Марија, како што тоа убаво го изразува онаа прекрасна молитва на толку прочуени луѓе: „О Исусе, којшто живееш во Марија, дојди и живеј во нас со духот на твојата светост, итн.“

247. 3. Овој начин на говор многу подобро го покажува тесното единство помеѓу Ису-са и Марија. Тие се толку тесно соединети, што едниот е сосема во другиот: Исус сиот во Марија, а Марија сета во Исуса; или по-добро, Марија повеќе не постои, туку само Исус во неа, и полесно би можела да се раз-дели светлината од сонцето, отколку Мари-ја од Исуса. Затоа можеме да го наречеме нашиот Господ „Исус Мариин“, а Пресве-тата Девица „Марија Исусова“.

248. Времето не ми дозволува овде подолго да ги толкувам одликите и величините на тајната на Исусовото живеење и владеење во Марија, т.е. тајната на Овоплотувањето. Затоа ќе се задоволам да речам, со два-три збора, дека ова е прва, најскриена, највоз-вишена и најмалку позната Исусова тајна; дека Исус во оваа тајна го изврши изборот на сите одбрани, во договор со Марија – престојувајќи во нејзиното девствено кри-ло, кое светците поради тоа го нарекоа сала на Божјите тајни; дека Тој во оваа тајна ги изведе сите следни тајни на својот живот со тоа што прифати да ги изврши. Влегувајќи во светот Христос вели: Еве доаѓам да ја извршувам твојата волја (Евр. 10,7); дека оваа тајна, следствено на тоа, ги содржи во јадрото сите тајни и ја вклучува волјата и милоста на сите тајни, најпосле дека оваа тајна е престол на милосрдието за нас, би-дејќи кон Исуса можеме да се приближиме  единствено преку Марија, и без нејзиното посредување не можеме ни да го видиме ниту со него да зборуваме. Исус, којшто се-когаш ја услишува својата Мајка, од тој престол секогаш дели милости и го покажу-ва своето милосрдие кон бедните грешни-ци. Да пристапиме, значи, со доверба кон престолот на Милоста! (Евр. 4,16). 

            Тајната на Овоплотувањето е, исто та-ка, престол на Христовата дарежливост кон Марија, зашто овој нов Адам во текот на својот престој во овој вистински земен рај тука скриено направи толку чудеса, што не ги сфаќаат ни ангелите ни луѓето. Затоа светците ја нарекуваат Марија Божја вели-чественост, како Бог да е величествен ед-инствено во Марија. Само тука Господ е величествен (Ис. 33,21). Христовото ово-плотување е, исто така, престол на славата на Небескиот Отец. Имено, Исус Христос во Марија совршено го ублажи својот Отец кој беше разгневен на луѓето; во неа совр-шено му ја поврати славата, која гревот му ја одзеде; во неа, со жртвата на својата вол-ја и самиот себе, му оддаде на својот Отец повеќе слава отколку што кога било би му ја дале сите жртви на Стариот закон; во неа, најпосле, му даде на својот небески От-ец неизмерна слава, каква  што  никогаш не

не примил од луѓето.

 

5. Голема побожност кон Здравомарија и бројаницата

 

249. ПЕТТА ВЕЖБА – Здравомарија и Бро-јаницата. Мариините слуги многу побож-но ќе ја молат Здравомаријо или Ангелски-от поздрав, на кого малку христијани, дури и најпросветените, му ја знаат вредноста, одличноста и потребата. Требаше Пресве-тата Девица повеќепати да им се прикаже на големите и просветлени светци, за да им ја покаже вредноста на оваа молитва, како на пример, на св. Доминик, св. Јован Капи-стран и на блажениот Алан де ла Роч Тие составиле цели книги за чудесата и успеш-носта на оваа молитва во обратувањето на душите; свечено изјавуваа и јавно пропове-даа, како спасението на светот започна со Здравомаријо; дека токму оваа молитва му го донесе, на сувата и неплодна земја, пло-дот на животот, а тоа е Исус Христос; дека Здравомаријо е небеска роса која ја натопу-ва земјата, т.е. нашата душа, и му овозмо-жува да донесе свој род во свое време; а ду-шата која не ја натопува таа небеска роса, оваа молитва, не донесува плод туку само капини и трње и блиску е да постане про-клета.

250. Еве што му открила Пресветата Деви-ца на бл. Алан де ла Роч, како што е забеле-жано во неговата книга „За достоинството на бројаницата“ и како што тоа го донесува по него Картагена: „Знај, синко, и јави му на секого дека веројатен знак дека некој е близу до вечната осуда, е ако чувствува од-вратност, млакост и негрижа кон Ангелски-от поздрав, којшто ја поправи штетата на целиот свет“. Ете, сосема утешни, а воедно и сосема страшни зборови! Човекот едвај би им верувал, кога тоа не би ни го гаран-тирал овој свет човек, а уште пред него св. Доминик, а потоа повеќе големи личности и искуството низ повеќе векови. Зашто се-когаш се забележувало дека ја мразат и ја презираат Здравомарија и Бројаницата сите оние кои го носат знакот на отфрленоста, како што се сите еретици, безбожници, гор-деливци и световните луѓе. Еретиците ја учат и ја молат сè уште Оченаш, но не и Здравомаријо и Бројаницата. Тие се костре-шат на тие молитви; повеќе би сакале да носат со себеси змија, отколку бројаница. И горделивците, дури и ако се католици, би-дејќи ги имаат истите склоности како нив-ниот татко Луцифер, ја презираат Здраво-маријо или се рамнодушни кон неа, а броја-ницата ја сметаат за побожност на женички, која е добра единствено за неуки и непис-мени.

Напротив, се видело од искуството дека Здравомаријо ја љубат, ја сакаат и ја молат со уживање сите оние кои  ги имаат големите знаци на предодреденост, и колку повеќе се соединети со Бога, толку подрага им е оваа молитва. А токму тоа Пресветата Девица го надодала по спомнатите зборови.

251. Јас не знам како се случува тоа и зош-то, но, меѓутоа, ова е вистина: за да дознам дали е некој Божји, јас немам подобро сред-ство отколку да испитам дали му е драго да моли Здравомаријо и бројаница. Велам, „дали му е драго“, зашто може некој да се најде во неможност, природна или дури натприродна, да ја моли, но, сепак му е драга и со задоволство ја прераскажуваат на другите.

252. О предодредени души, робови Христо-ви, знајте дека Здравомарија е најубавата од сите молитви по Оченаш. Тоа е најсоврше-ниот поздрав со којшто можете да ја поз-дравите Пресветата Девица, зашто тоа е по-здравот којшто Севишниот $ го испрати преку Архангелот за да го придобие нејзи-ното Срце; а тој поздрав, полн со таинстве-на убавина, толку силно го допре срцето на Марија што ја даде својата согласност на Овоплотената Реч, при сета своја длабока понизност. Со тој поздрав и вие, ако го изговарате како што треба, сигурно ќе го придобиете Срцето на Марија.

253. Ако ја молиме Здравомарија добро, т.е. внимателно, побожно и скромно, таа е, како што велат светците, непријател на ѓаволот и го тера во бегство, таа е дрво кое го соборува; таа е посветување на душите, веселие на ангелите, мила песна на предодредените, песна на Новиот завет, уживање на Марија и слава на Пресветото Тројство. Здравомаријо е небеска роса која ја прави душата плодна; таа е чист и нежен бакнеж, што $ го даваме на Пресветата Девица; црвен трендафил кој $ го прикажуваме на Марија; драгоцен бисер што $ го подаруваме; чаша со амброзија и божествен нектар што $ ги нудиме. Сите овие се споредби на светците.

254. Затоа топло ве молам, поради љубовта кон вас во Исуса и Марија, да не ви биде доста Малата бројаница на Пресветата Девица, туку молете го и третиот дел на бројаницата, а исто така, ако имате време, и целата бројаница секој ден, па на часот на смртта ќе го благословувате денот и часот кога ми поверувавте; и по сеењето со благословот на Исуса и Марија ќе пожнеете вечни благослови на Небото: Оној којшто обилно сее, обилно и ќе жнее (2. Кор. 9,6).

6. Молење на пофалната песна на Богородица „Величај“

 

255. ШЕСТА ВЕЖБА: Мариината песна Ве-личај. Мариините слуги, за да му заблагода-рат на Бога за милостините кои $ ги доде-лил на Пресветата Девица, често ќе ја мо-лат „Величај“, огледувајќи се на бл. Марија д’Оигнис и на повеќе други светци. Тоа е единствена молитва и единствено дело кое го составила Пресветата Девица, или подо-бро кое Исус го направи во неа, зашто Тој зборуваше од нејзината уста. Тоа е најголе-ма пофална жртва која Бог ја прими во За-конот на милоста. Таа е, од една страна, најпонизната и најблагодарната, а од друга страна најпрекрасната и највозвишената од сите химни: во неа има тајни толку големи и таинствени, што сите не ги знаат ни анге-лите.

            Герсон, многу побожен и многу мудар ученик, откако потроши голем дел од сво-јот живот составувајќи многу учени и побо-жни расправи за најтешките теми, со страв се прифати на крајот на животот да ја про-толкува „Величај“ и така да ги круниса си-те свои дела. Тој ни изнесува многу прек-расни работи за таа чудесна и побожна химна во книгата која ја состави за неа. Ме-ѓу другото тој вели дека самата Пресвета Девица ја молела често, а особено после светата причесна како благодарност. И уче-ниот Бензониј ја протолкувал „Величај“ и донесол повеќе чудеса, коишто ги произве-ла моќта на оваа молитва, и вели дека ѓаво-лите се тресат и бегаат кога ќе ги слушнат овие зборови од „Величај“: ... распрсни ги оние кои се горди во мислите на своето ср-це (Лк. 1,51).

 

7. Презирање на светот

 

256. СЕДМА ВЕЖБА – Презирање на све-тот. Верните слуги на Марија треба силно да го презираат, мразат и избегнуваат раси-паниот свет и за таа цел да се служат со ве-жби за презирање на светот, кои ги наведо-вме во првиот дел.

 

Б: ВНАТРЕШНИ ВЕЖБИ НА ОВАА ПОБОЖНОСТ

 

257. Се разбира, опишаните надворешни вежби на побожноста не е добро да се про-пуштаат од немарност или презир, туку лу-ѓето да ги извршуваат колку што тоа им го дозволува нивниот сталеж и позиција. Но, освен нив има и други, внатрешни побожни вежби, кои имаат голема сила да ги посве-тат оние кои Светиот Дух ги повикува на висока совршеност. Тие вежби се состојат во тоа, да се изразам со четири зборови, сите свои дела да ги правиме ПРЕКУ МА-РИЈА, СО МАРИЈА, ВО МАРИЈА И ЗА МАРИЈА, и така посовршено да ги правиме ПРЕКУ ИСУСА, СО ИСУСА, ВО ИСУСА И ЗА ИСУСА.

 

1. Сè да се прави преку Марија

 

258. ПРВА ВЕЖБА. Своите дела  треба да ги правиме ПРЕКУ МАРИЈА, т.е. треба во сè да се покоруваме на Пресветата Девица и да се однесуваме, исто така, во сè,  според нејзиниот дух којшто е Светиот Дух Божји. Оние коишто ги води духот Божји се сино-ви Божји (Рим. 8,14); оние кои ги води ду-хот на Марија, тие се Мариини синови и, според тоа, синови Божји, како што тоа го докажавме. Затоа помеѓу толку многу почи-тувачи на Пресветата Девица вистински и верни се само оние кои ги води нејзиниот дух.

            Спомнав дека духот на Марија е Бож-јиот дух, зашто Неа никогаш не ја водеше нејзиниот дух, туку секогаш Божјиот дух, којшто така завладеа со неа што постана нејзин сопствен дух.

            Затоа свети Амброзиј вели: „Во секо-го нека биде душата на Марија, тука да го слави Бога; нека духот на Марија биде во секого за тука да се радува во Бога“. Среќна е душата кога сосема ќе ја завладее и со неа ќе започне да управува духот на Марија, според примерот на некој добар брат на Дружината Исусова, по име Родригез, кој-што го сметаа за свет уште додека живе-еше, зашто тој дух е благ и јак, ревносен и мудар, понизен и храбар, чист и плоден.

259. Ако душата сака да ја води овој дух на Марија, треба:

1. Да се одрече од својата сопствена светли-на и волја пред секое свое дело, на пример, пред да  се помолиме, проговориме или слушаме света Миса, пред да се причестиме итн.,...; зашто темнините на нашиот сопст-вен дух и злобата на нашата сопствена вол-ја и дејствување, кога би сме се поведувале по нив, би биле пречка на светиот дух на Марија, колку и да ни изгледаат добри.

2. Треба да се предадеме на духот на Мари-ја, да нè поттикнува и да нè води, како што нејзе $ се допаѓа. Треба да се ставиме и да се препуштиме во нејзините девствени ра-це, како што е алатот во рацете на работни-кот, или како што е инструментот во рацете на одличниот свирач. Треба да се изгубиме во Марија и нејзе да $ се препуштиме како каменот што го фрламе во морето. Тоа мо-жеме да го направиме едноставно и за миг, со едноставен духовен поглед, со краток чин на волјата, или со збор, на пример, го-ворејќи: Јас се одрекнувам од себе си и Ти се дарувам Тебе, мила моја Мајко! Дури и ако не чувствуваме никаква сласт во овој чин на соединување, тој сепак е вистинит, како што некој, исто така, вистински би му припаднал на сотоната, кога, чувај Боже, исто и искрено би рекол: „Јас се предавам на сотоната“, макар што тој и да не почув-ствувал од тие зборови никаква чувствена промена во себе си.

3. Треба одвреме-навреме, за нашите дела и после нив, да го обновиме истиот чин на дарување на самите себе и соединувањето. Колку почесто тоа ќе го правиме, толку по-брзо ќе се посветиме и побрзо ќе дојдеме до соединување со Исуса Христа, кое секо-гаш нужно доаѓа по нашето соединување со Марија, зашто духот на Марија е духот Исусов.

 

2. Сè да работиме со Марија

 

260. ВТОРА ВЕЖБА, СÈ ДА РАБОТИМЕ СО МАРИЈА, т.е. треба во сите наши дела да гледаме на Марија како на совршен при-мер за секоја добродетел и светост, што Светиот Дух намерно го произвел во недо-преното создание, за да се огледаме на него според своите слаби сили. Значи, ние тре-ба при секој чин да гледаме како тоа го из-вршувала Марија, или како би го направи-ла, ако е на наше место.

За таа цел треба да ги проучуваме и да ги промислуваме големите добродетели коишто таа ги извршуваше во текот на сво-јот живот, а особено: 1. Нејзината жива ве-ра, со која без колебање поверува на ангел-скиот збор; таа веруваше верно и постојано сè до под крстот на Голгота. 2. Нејзината длабока понизност зад која се сокриваше, молчеше, на сè се подложуваше и го одби-раше последното место. 3. Нејзината цело-сна божествена чистота, на која никогаш под небото немаше рамна ниту некогаш ќе има, и воопшто останатите нејзини добро-детели. Да си спомнеме, вторпат го велам ова, дека Марија е голема и единствена Божја пример-форма, вредна да произведе живи слики Божји, со мал трошок и за мал-ку време; и душата која ќе ја најде оваа форма и ќе се изгуби во неа, брзо ќе се про-мени во Исуса Христа, кого оваа форма природно го прикажува.

3. Сè да се работи во Марија

 

261. ТРЕТА ВЕЖБА. Треба сите свои дела да ги работиме ВО МАРИЈА. За добро да ја сфатиме оваа вежба треба да знаеме: 1. Де-ка Пресветата Девица е вистински земен рај на новиот Адам, и дека стариот земен рај $ беше само слика. Значи, во овој земен рај постојат богатства, убавини, реткости и не-искажливи наслади, коишто тука ги остави новиот Адам - Исус Христос. Во тој рај тој уживаше девет месеци, правеше чудеса и го растураше своето богатство со божествена-та дарежливост. Ова пресвето место се сос-тои единствено од девствената и неосквер-навена земја, од која без каква било дамка и нечистотија е создаден и отхранет новиот Адам, со дејствувањето на Светиот Дух кој-што тука престојува. Во овој земен рај на-вистина е стеблото на животот кое го доне-ло Исуса Христа, плодот на животот, и сте-блото на познанието на доброто и злото, кое му даде светлина на светот. На ова пре-красно место има стебла засадени со Божја-та рака и наводнувани со неговото божест-вено помазание, кои носеле и секогаш но-сат плодови според Божјиот вкус. Тука има леи искитени со разновидни прекрасни цве-тови на добродетелта, од кои се шири мио-мирис, и од нив мирисаат и самите ангели. На тоа место има зелени ливади на надеж-та, неосвоени тврдини на силата, волшебни згради на надежта, вербата, итн. Единстве-но Светиот Дух може да ни ја открие висти-ната која се крие во овие слики на матери-јалните предмети. На ова место има чист, незагаден воздух на чистотата; бел, без ноќ, ден на светото човештво; сјајни, без сенка, сонце на Божеството; постојано е запалена печката на љубовта, во која штом ќе се фр-ли железо тоа веднаш се вжештува и се претвора во злато; таму е и реката на по-низноста, која извира од земјата и делејќи се на четири притоки го наводнува сето тоа волшебно место. Тие четири притоки ги оз-начуваат четирите стожерни добродетели.

262. 2. Светиот Дух, на устата на светите Отци, сè уште ја нарекува Пресветата Деви-ца: 1. Источната врата, на која Великиот свештеник Исус Христос влегува во светот и излегува од него, зашто навистина тој преку неа влезе во светот првиот пат, а пре-ку неа  ќе влезе во него и вториот пат; 2. Светилиште на Божеството, одморалиште на Пресветото Тројство, Божји престол, Бо-жји град, Божји олтар, Божји храм, Божји свет. Сите тие разни наслови и пофалби со-сема се вистинити со оглед на разните чу-деса и милости, коишто Севишниот ги на-прави во Марија.

            Колкаво  богатство! Колкава  слава! Колкаво  уживање! Колкава  среќа е да мо-же да се влезе во таа градина - Марија и да се станува таму кај што Севишниот го постави престолот на својата најголема сла-ва!

263. Но, тешко е за нас грешниците да до-биеме дозвола и подобност и светлина за да можеме да влеземе во место толку возви-шено и свето, кое повеќе не го чува Херу-вим, како стариот земен рај, туку самиот Свет Дух, којшто се направи негов неогра-ничен господар и говореше за неа: Ти си градина затворена, сестро моја, невесто, градина затворена, извор запечатен (Песн. 4,12). Марија е градина затворена. Марија е извор запечатен! Бедните деца на Адама и Ева, прогонети од земниот рај, не можат да влезат ни во овој рај, освен само преку лич-ната милост на Светиот Дух која мора да ја заслужат.

264. Но, ако со својата верност сме ја по-стигнале оваа милост, треба со задоволство да престојуваме во убавата Мариина вна-трешност, тука мирно да почиваме, тука со доверба да бараме потпора, тука сигурно да се криеме и тука неограничено да се изгу-биме, за во девственото крило на Марија да може душата:

1. Да се храни со млекото на нејзината ми-лост и нејзиното мајчинско милосрдие; 2. Да се ослободи од сите свои пречки, стра-вови и скрупули; 3. Да биде сигурна од сво-ите непријатели: ѓаволот, светот и гревот, кои таму никогаш немале пристап, поради што Марија изјавува: Кој работи во мене, тој не греши (Сир. 24,22), т.е. кој останува со духот во Пресветата Девица, никогаш нема да направи некој поголем грев; 4. За така да се обликува во Исуса, а Исус во неа, зашто девственото крило на Марија, според зборовите на Отците, е сала на Божјите тај-ни кај што биле обликувани Христос и сите одбраници: Овој и оној во мене е роден (Пс. 86,5).

 

4. Сè да се прави за Марија

 

265. ЧЕТВРТА ВЕЖБА. Најпосле треба си-те свои дела да ги правиме ЗА МАРИЈА. Навистина е праведно, кога веќе целосно сме се предале во нејзина служба, да рабо-тиме сè за Неа како дворјани, слуги и робо-ви; не да ја сфаќаме Неа како последна цел на својата служба, зашто тоа е само Исус Христос. Но, секако Таа треба да ни биде наша поблиска цел, наша таинствена око-лина и наше лесно средство да дојдеме при Исуса Христа.

            Затоа, како добри слуги и робови, не смееме да се оддадеме на безработност, ту-ку треба, потпомогнати од нејзината зашти-та, да преземаме и да правиме големи рабо-ти за оваа возвишена Владетелка. Треба да застанеме во одбрана на нејзините привиле-гии кога некој ќе ги оспорува. Треба да ја браниме нејзината слава, кога некој ќе ја напаѓа. Треба да го приведеме целиот свет, ако е можно, во нејзина служба и на оваа прекрасна побожност. Треба да зборуваме и да викаме против оние кои ја злоупотребу-ваат побожноста кон неа, навредувајќи го нејзиниот Син, и воедно треба да настојува-ме да ја шириме оваа побожност. А, како награда за овие наши мали услуги не сме-еме да бараме од неа ништо, туку нека ни биде доволна честа што припаѓаме на толку љубезната Владетелка, и среќата што преку неа сме соединети со Исуса, нејзиниот Син, со нераскинлива врска во времето и во веч-носта.

СЛАВА НА ИСУСА ВО МАРИЈА!

СЛАВА НА МАРИЈА ВО ИСУСА!

СЛАВА НА САМИОТ БОГ!

 

Глава VI

 

НАЧИН НА КОЈ ЌЕ ЈА ОБАВУВАМЕ ОВАА ПОБОЖНОСТ ПРИ СВЕТАТА ПРИЧЕСНА

 

1. Пред причесната

 

266. – 1. Понизи се длабоко пред Бога. – 2. Одрекни се од своето сосема расипано дно и својата подготовка, колку и да му изгледа добра на твоето себељубие. – 3. Обнови ја својата посвета говорејќи: Сиот сум твој, драга моја Господарке, и сè мое е твое. За-моли ја оваа добра Мајка да ти го позајми своето Срце, за во него да го примиш неј-зиниот Син со нејзина подготовка.

            Прикажи $ дека би трпела славата на нејзиниот Син, кога Тој би бил примен во твоето толку гнасно и толку непостојано срце, кое би ја оштетило славата на Исуса или би го изгубило. Но, ако Таа сака да се настани кај тебе, за самата да го прими сво-јот Син, тоа $ е дозволено поради власта која ја има над срцата, а нејзиниот Син мо-жеби на тој начин ќе биде сосема убаво примен од неа, без нечистотија и без поги-белност дека ќе биде навреден или изгубен: Бог е посреде неа, нема да се разниша (Пс. 45,6).

            Речи $ со доверба дека сите оние до-бра коишто си $ ги дарувал се мал придо-нес во нејзина чест, но дека со светата Причесна сакаш да $ го даруваш оној ист дар којшто некогаш  $ го дарувал Вечниот Отец, и дека ќе биде повеќе почестена со тој дар, отколку да $ ги даруваш сите бо-гатства на светот. Речи $, најпосле, дека Исус, којшто ја љуби неизмерно, сака пак со угодност да отпочине во неа, иако тоа ќе се случи во твојата душа, погнасна и поси-ромашна од плевната во којашто не му бе-ше тешко да дојде, зашто во неа беше Таа – Марија. Замоли ја да ти го дарува своето срце со овие нежни зборови: Те земам како сето свое богатство, О Маријо, дај ми го своето Срце!

 

2. Во време на Причесната

 

267. Пристапувајќи да го примиш Исуса Христа, после Оченаш, речи му трипати: Господи, не сум достоен... Говорејќи први-от пат, помисли на вечниот Отец, и речи му дека не си достоен да го примиш неговиот единствен Син поради твоите опаки мисли и твоите неблагодарности спрема толку до-бриот Отец, но ете ја Марија, неговата слу-жбеничка: Еве ја службеничката Господова, која тоа го прави наместо тебе и ти инспи-рира најголема доверба и надеж кај негово-то божествено Величество: Зашто на посе-бен начин си ме утврдил во надежта.

268. Речи му потоа на Синот: Господи не сум достоен... дека не си достоен да Го примиш поради твоите некорисни и опаки зборови и твојата неверност во неговата служба, но сепак моли Го да ти биде мило-стив, зашто ќе Го воведеш во куќата на не-говата родена Мајка и твоја Мајка, и нема да му дозволиш да си оди додека не се на-стани кај неа. Го фатив и нема да го пуш-там, додека не го воведам во куќата на својата Мајка, во собата на својата роди-телка (Песн. 3,4). Потоа замоли Го да стане и да појде кон своето почивалиште и во својот свет шатор (спор. Пс. 131,8).

            Речи му дека ни најмалку не се потпи-раш на своите заслуги, во својата сила и во својата подготовка, како Исав, туку во за-слугите, силата и подготовката на Марија, својата драга Мајка, како малиот Јаков што се потпираше на грижата на Ревека, и дека сепак се осмелуваш да се приближиш до неговата светост, иако си грешник и ви-стински Исав, зашто твојата сила и украси-те на заслугите и добродетелите се од него-вата Пресвета Мајка.

269. Речи му и на Светиот Дух: Господи, не сум достоен... дека не си достоен да го при-миш ремек-делото на неговата љубов пора-ди млакоста и опакоста на твоите дела и твоето противење на неговите инспирации, но дека Марија неговата верна Свршеница, е сета твоја надеж, и речи со св. Бернард: Таа е мојата најголема сигурност, Таа е причината на мојата надеж.

            Можеш, исто така, да му се помолиш повторно да слезе врз Марија, својата не-разделна Свршеница, зашто нејзиното кри-ло е еднакво чисто и нејзиното срце затоп-лено како што било и некогаш; и дека без неговото доаѓање во твојата душа ниту Ис-ус ниту Марија нема да бидат обликувани ниту достојно населени во твојата душа.

 

3. По светата Причесна

 

270. По светата Причесна, прибирајќи се во себе си и затворајќи ги очите, воведи го Исуса во Срцето на Марија. Дај му Го на неговата Мајка, која ќе Го прими љубезно, ќе Го смести чесно, ќе Му се поклонува длабоко, ќе Го љуби совршено, ќе Го прегр-не нежно и ќе Му искаже во дух и вистина многу почести, кои нас ни се непознати по-ради нашата густа темница.

271. Или пак, стој со сосема понизно срце во присутноста на Исуса настанет во Мари-ја; или  однесувај се како роб на вратата на царскиот двор, каде што Царот разговара со Царицата; и додека тие разговараат и доде-ка ти не им требаш, појди со духот во небо-то и насекаде по земјата и замоли ги сите створенија да им благодарат и да им укажу-ваат чест и да го љубат Исуса и Марија ме-сто тебе: Дојдете да се поклониме... (Пс. 94,6).

272. Или, исто така, моли Го сам Исуса, во заедница со Марија, за доаѓањето на него-вото Царство на земјава преку неговата све-та Мајка, или моли Го за божествената муд-рост, или за љубовта Божја, или за просту-вање на гревовите, или за некоја друга ми-лост, но секогаш преку Марија и во Марија. Гледајќи на себеси со укор, речи: Не обрну-вај се, Господи, на моите гревови, туку тво-ите очи нека гледаат на правдата на Марија, т.е. твоите очи нека ги следат во мене само добродетелите и заслугите на Марија. А, спомнувајќи си ги своите гревови, додај: Човек непријател тоа го направи, а тој мој најлут непријател, којшто ги направи овие гревови, сум токму јас. Можеш, исто така, да речеш: Од човек опак и лукав избави ме (Пс. 43,1), или уште: Ти треба да растеш, а јас да се смалувам (спор. Јн. 3,30). Мој Ису-се, ти треба да растеш во мојата душа, а јас да се смалувам; Маријо, ти треба да растеш во мене, а јас да бидам помал отколку што бев. Или речи го ова: Растете и множете се (Пост. 1,28). Исусе и Маријо, растете во мене и множете се надвор во другите.

273. Има и безброј други мисли, кои Свети-от Дух ги донесува во паметта, а и тебе ќе ти ги донесе, ако бидеш добро прибран, умртвен и верен на оваа голема и возвише-на побожност, во која еве, те поучив. Но, спомни си дека Исус ќе биде повеќе про-славен ако повеќе $ дозволиш на Марија да работи за Исуса, а Исус да работи за Мари-ја, колку подлабоко ќе се понизиш и ќе ги слушаш во мир и молчење, без да се мачиш да гледаш, испробуваш и чувствуваш. Заш-то, праведникот живее од верата секаде, а особено во светата Причесна, која е чин на верата: Праведникот мој живее од верата (Евр. 10,38).

 

 

ЛИЧНО ПОСВЕТУВАЊЕ НА ИСУСА ХРИСТА ПРЕКУ РАЦЕТЕ НА МАРИЈА

 

            Вечна и Овоплотена Мудрост, пре-љубезен и достоен на поклонување Исусе, вистински Боже и вистински човеку, един-ствен Сине на вишниот Отец и на Марија секогаш Девица! Длабоко ти се поклонувам во крилото и сјајот на твојот Отец, во веч-носта и во девственото крило на Марија, твојата предостојна Мајка во времето на твоето овоплотување.

            Ти благодарам што се поништи земај-ќи лик на роб за мене да ме избавиш од су-ровото ѓаволско ропство. Те фалам и сла-вам зашто во сè сакаше да се подложиш на Марија, својата Пресвета Мајка, за преку неа да ме направиш свој верен роб. Но, Оф! Јас неблагодарен и неверен, не го одржав заветот ни свечените крштелни ветувања. Не ги исполнив своите обврски, и не заслу-жувам да се наречам твое дете ни твој роб. Бидејќи на мене нема ништо што не ја за-служува твојата одвратност и  твојот гнев кон мене, сам не се осмелувам да се при-ближам на твоето свето и возвишено Вели-чество.

            Затоа притекнувам на заземањето на твојата Пресвета Мајка, која си ми ја дал како посредничка пред Тебе. Преку неа се надевам да постигнам од Тебе покајание и опростување на своите гревови, па да ја примам и да ја сочувам Мудроста.

            Значи, здраво о Безгрешна Маријо, ти жив шатору на Божеството, кај што се со-крила Вечната Мудрост за тука да $ се по-клонуваат ангелите и луѓето! Здраво, Цари-це на небото и на земјата, под чија власт $ е подложено сè што е помало од Бога! Здра-во, о сигурно прибежиште на грешниците, чие милосрдие на никого никогаш не му било скратено! Услиши ги моите желби за божествената Мудрост, и за таа цел прими ги заветите и подароците кои ти ги прине-сувам во својата ништожност.

            Јас,....., неверниот грешник, денес ги обновувам и ги ставам во твоите раце заве-тите на своето крштение. Засекогаш се од-рекнувам од сотоната, неговиот сјај и него-вите дела, и целосно се предавам на Исуса Христа, Овоплотената Мудрост, за по него да го носам својот крст во сиот свој живот.

            А, за да бидам поверен отколку до се-га, јас, о Маријо, денес те избирам пред си-от небески двор за своја Мајка и Господар-ка. Ти ги предавам и ти ги посветувам како роб своето тело и својата душа, своите вна-трешни и надворешни добра, како и самата вредност на своите добри дела, минати, се-гашни и идни и ти давам целосно право да располагаш со мене и со сè што е мое, без каков било исклучок, како што сакаш само ти, за поголема слава на Бога во времето и во вечноста.

            Прими го, о блага Девице, овој мал подарок на моето ропство, за така да те по-честам и да постанам соучесник на онаа подложност која Ти како Мајка $ ја иска-жуваше на Вечната Мудрост; да ја поче-стам власта која вие двајцата ја имате над овој беден грешник и црв, и да му заблаго-дарам на Пресветото Тројство на привиле-гиите со кои те одликува. Свечено изјаву-вам дека отсега ќе ја барам само твојата че-ст, во сè ќе Ти се покорувам како твој ви-стински роб. О прекрасна Мајко, претстави ме на својот драг Син како свој вечен роб, за преку тебе да ме прими како што преку тебе ме откупи.

            О Мајко на милосрдието, додели ми милост да ја добијам вистинската Божја Мудрост, и за таа цел вброј ме меѓу оние кои ти ги љубиш, учиш, водиш, храниш и штитиш како свои деца и свои робови. О верна Девице, направи ме така совршен ученик, следбеник и роб на Овоплотената Мудрост, Исуса Христа, својот Син, и пре-ку твоето заземање и по твојот пример да дојдам до полнотата на неговата возраст на земјава и до неговата слава на небото. Ам-ин.

            Кој може да сфати, нека сфати! (Мт. 19, 12). Кој е мудар нека размислува за сето тоа! (Пс. 107(106), 43).